При перење битен детал (ми) се бандажите бидејќи од плочките се прават црни. Што ќе му дојде да ја платам програмата од 400 денари, само за надвор. За внатре треба да му ја мислам, што за патосници, што за шофершајбна. Значи за 400ки работата би била завршена половично.
Јас сепак би избрал класична перална. Ако за мојата кола одговара цената од 500 денари кај дечките што цените им започнуваа од 500 денари (премиум гајс или како беа), попрво таму би ја однесол, барем ќе обрнат внимание на секој детал внатре и надвор.
Со среќа нека е Бушав, за секоја работа си има муштерии.