Автор Тема: Перални низ Скопје?  (Прочитано 1052888 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5861
Перални низ Скопје?
« Одговори #3045 на: 15 Декември 2018, 16:15:29 pm »
Богами и јас прв пат слушам. Што ќе ми перење од надвор ако внатре ми е кочина. Поготово зимно време. Подобро внатре ќе ја исчистам отколку надвор. Така и правам у ладни и врнежливи денови.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9231
  • Пичлеме
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3046 на: 15 Декември 2018, 16:25:18 pm »
Абе ќе си ја исчистите дома колата и ќе си ја однесите на перална, не бидете толку примитивни! :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3047 на: 15 Декември 2018, 16:25:31 pm »
Цениве се превисоки.

Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3048 на: 15 Декември 2018, 17:27:25 pm »
A gumeni patosnici moze da se isperat ?

Се надевам дека вакви примитивизми ќе нема кај Бушав.

За такви перења, ете ги рачните перални. Поентата е брзо и ефикасно перење на возило тука, а не некој да се тегне со патосниците, да му ги исперат, дур јас чекам да се исперам и да си одам.
Каков примитивизам е прење патисници? Во псс ново лисиче има "примитивна" машина на жетон од 10 денари што ги ставаш вертикално патосниците и ти ги мие и суши. Првпат слушам дека миење патосници било примитивна работа.

Кога ме знаете на раце да одите, ќе си ги валкате патосниците.

Моите се цело време чисти. Јас одам до колата на раце, влегувам во неа со салто и само воланот си го перам со вапче, малечко, специјално наменето за перење на ентериерот.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • French diamond
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3049 на: 15 Декември 2018, 18:18:47 pm »
До пред некое време се тепавте дека 1 000 денари не биле многу за незнам ти какво "премиум" перење, а сега 300 денари за најнова технологија, како што ја претставува сопственикот, ви биле превисоки. Лајк за Македоче style.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3050 на: 15 Декември 2018, 18:40:59 pm »
Внатрешното перење, усисавање нели, е 10 денара, усивачот влече лудило и трае поприлично. Мој став е дека еднаш месечно може да си ја дозволам пералната, и тоа баш програмата со Полиш Експрес..

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7201
  • Бенве сие бенве
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3051 на: 15 Декември 2018, 19:36:53 pm »
Еднаш месечно ако живееш у Германија. Во мк колата повеќе од 2 дена не ми останала чиста. Кога сме кај гумените патосници, и јас ги користам, немам услови за теписон, ќе треба цела прашина да ја дишам, вака бар се чистат лесно секој ден.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3052 на: 15 Декември 2018, 19:42:05 pm »
Едно е премиум перење кај што закажуваш перење и ти ја поминуваат колата со клеј бар и ја тинтраат 1 саат, друго е автоматска перална што за 2 минути си одиш и не ти е ни чиста внатре.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22381
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3053 на: 15 Декември 2018, 19:46:51 pm »
Прво едно големо благодарам на сите за честитките.Имавме два пробни денови,официјално од утре вртиме со полно работно време.
Програмите и цените еве ги во кратки црти за подетално може да се објасниме.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my Mi A1 using Tapatalk



Со среќа нека ви е.
Третиот флаер од 500 ден има печатна грешка.
И ако под " долно миење" мислите на миење на подвозје, убаво би било да го коригирате и тоа.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20896
Перални низ Скопје?
« Одговори #3054 на: 15 Декември 2018, 19:49:15 pm »
Ајде честито, за арно, за убаво, многу задоволни муштерии да си имате :)

П.С. Има печатна грешка на последниот флаер.

:)

Успут, само што исправ кола за 15 евра, без чистење внатре и плус си дочистував гомца од птици. Јеби га, живот.

Ако ви е скапо, не одете таму, и готово, решен проблем.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен salt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 286
  • Opel Astra fan
    • Blog Za Mkd muzika I iOS aplikacii
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3055 на: 15 Декември 2018, 22:47:50 pm »
Јас ја сефтосаф кај бушавиот онаа средната тарифа за 400 и можам да кажам прилично добро испадна , бандашите убаво светнаа мада кога излегував од пералната росеше :(
Отидов на усисивачите али пошто беше 18:20 веќе беше темница и многу не се глеаше шо чистам .
Као замерка би дал што усисивачите се плаќаат поединечно за секоја страна а со едно црево не можеш да стигнеш на спротивна страна позади значи мораш две парички да пуштиш. Јас завршив работа од едната страна 10 денари од другата пошто само за позади 5 денари.
Патосниците гумени само ги истресов , јебига 

Sent from my SM-N960F using Tapatalk

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3356
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3056 на: 15 Декември 2018, 23:55:40 pm »
@Bu$aV MeGaNe друже направи една програма за 100 денари со Биљана прашок и Арис за бандажи.

Нека пере народ за 100ка, битно е да е чиста колата за стотче.

Е, сега ќе ви се ољупат фаровите и бандажите малку ќе побелат, ама стотче е перењето бато.

Стотче е стотче. Не е 300.



За тие што незнаат, во Шутка карши пазарчето има перење за 80 денари. Џам ги прават колите. И патосниците ги рибаат со четка.

Поефтино не сум сретнал. И стварно незнам како давате 150 денари по други места.




Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3057 на: 16 Декември 2018, 00:19:01 am »
Кај даваат сендвичи да ги бранам и јас цениве?

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2592
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3058 на: 16 Декември 2018, 00:21:05 am »
Колку и да се правиме паметни, скапи се цените. И го разбирам тоа, човекот сака да се дистанцира од баграта со Ауди а3ки од 96та, што перат кола за 50 денари на самоуслужната и после дрифтаат.
Али за мк поднебје се скапи цените. Јас најверојатно нема да ја користам пералната.
За брзо перење автоматската у К4 за 120ч останува пристојна у однос платено добиено.

Како и да е, со среќа нека е, за секоја роба има купец.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3356
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3059 на: 16 Декември 2018, 00:26:45 am »
Кај даваат сендвичи да ги бранам и јас цениве?

Ја утна поентата скроз.

Ај ќе пробам да ги објаснам малку поинаку изгледа имаш џандарска жичка некоја па не конташ.



Сите осудуваат и критикуваат нешто за кое што реално не го пробале. Таков ни е генот. Клет.

Претпоставка бр.1
Можеби Бушавиот одлучил да иде со премиум средства и да понуди нешто што го нема во никоја перална.

Претпостсвка бр.2
Можеби Бушавиот има одлична локација и има најефтини средства и одлучил да нашиба цени зашто и така има богати буџовани што ќе танкаат гориво на макпетрол и ќе перат кола за 500. Има кеш ќе си пере. До газ му е, не му значат 500 денари.

Бизнис логиката не му ја знам.

Ќе перам кола деновиве па ќе видам дали е за пофалба или не.

Мојот коментар беше наменет за рефлексното критикување "скупо е брат, кај мене у мало е стоточе"

Не спомнав цена и не го оправдав перењето за 500.