Автор Тема: Перални низ Скопје?  (Прочитано 1052756 пати)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9231
  • Пичлеме
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2850 на: 21 Септември 2018, 18:33:52 pm »
грешка :)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1489
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2851 на: 21 Септември 2018, 19:11:31 pm »
Земете си асални микрофибер со вас за пребришувње, кај нас одма се лепи прашина џабе што е третирана водата. Последниот пат, многу подобро поминав со пребришување со микрофибер крпи за пребришување, отколку да чекам водата да ја снема.


А си пробал воопшто да не пребришеш ?
Цитат
Пследниот пат, многу подобро поминав со пребришување со микрофибер крпи за пребришување, отколку да чекам водата да ја снема.

Ако ја бареме грешката кај мене, како објаснуваш што дома беспрекорно ја перам, со 6 пати послаб вап, со 3 пати послаби шампони и без специјално третирани води? Свака част ако сте задоволни, неам ништо против. За мене пералнава е нужно зло. Брка работа, ама ќејф не праи.

Не, ти поставив конкретно прашање. Дали си пробал или не. Зошто, ако си пробал верувам дека ке си дошол до мојот резултат. Ти не си пробал, „ама гарант е така“ :) па си викаш ај да си пребришам ја отколку „да чекам водата да ја снема“.
Еве предлог, пробај, одвози се со така неисушена до дома, и ако не си задоволен, ја частам 2 наредни перења во локација по избор плус пиво.
Другото, дека дома переш боље, знам. И јас веројатно. Натенане, пола ден можам да го е*ам.  И да боље ќе исперам. Секако е подобро од ова, со оглед дека имаш ( ако имаш ) време на претек .На крај дома, да, мора да пребришеш бидејки водата ти е каква што е, и секоја капка ке остави флека ( или помалку ако водата ти е од бунар ).
Значи пералнава е токму за намената за која е предвидена. Да биде брза, ефектна, успатна, со можност и за перење покасно. Најс. Бара фат. Бара брзина. Бара почекување меѓу програми. Не е автоматска и не е рачна. Далеку од идеална, ама веројатно најпрактична за практична.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45192
  • Il Moderatore
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2852 на: 21 Септември 2018, 19:23:55 pm »
Де бе @yarre  зошто пак цитирав дека последниот пат многу подобро поминав со пребришување отколку претходните пати (патови)... :) Не мора да частиш перење, ама ете, за мене подобро функционира пребришување. Да е брза, брза е, да е успатна - донекаде е (го носам 3 пати неделно син ми на базен, па се наоѓа време), да е ефектна... е па за мене не е, заперуње под мишка е. Не е бањање.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5514
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2853 на: 23 Септември 2018, 19:17:34 pm »
Конечно и јас ја пробав пералнава. Заклучокот е дека е мн. добра накај одлична. За разлика после пералната на Бушав од тие други неколку перални што ги пробав, ова е подобра варијанта и колата ми беше подобро испрана и тоа за помалку време и со малце труд. За 150 денари исправ комплет(без усисавање): ладна вода, топла вода со шампон, ладна вода, восок и на крај третирана вода. Не бришев бидејќи немав крпи со мене. Задоволен сум од добиеното, едино можеби би требало плус крпа да си носам и некое средство за бандажите(не е неопходно).

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1489
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2854 на: 23 Септември 2018, 20:49:38 pm »
Како тераш, прво со ладна ? топла вода е мислам кец програмче е
Се мислам и јас да земам на пример 12 жетона и да ги поделам на 2 пати по 6. Би одел на 2 отперувања со топла, 2 со полир и 2 со ладна
Инаку, кретенски момент е од страна на бришачи, се набиваат пред пералните, наместо да одат на паркингот.
Има и такви кои си седат со саати, муабет да си направат. Може некој пиво да продава :) бизнис ќе направи/ 

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5514
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2855 на: 23 Септември 2018, 21:20:29 pm »
Ставам жетонче и притискам ладна односно 2ка, намерно го напраив ова за да симнам првично нечистотија. Ставам втор жетон и идам на топла со шампон(мислев дека со сунѓер ќе може да измачкам малце од пената ама видов дека не е таква пена, односно пробав и не е тоа тоа). И така терам со жетоните еден по еден намерно за да имам осет до каде сум временски. За 90 секунди успевам да завртам околу цела кола и да стигнам пак до возачка страна и тука да се задржам 10тина секунди. Станува збор за 407 караван кои и те како не е мал, а времето е доволно.
Безвезе е и што наоколу испозатвориле паркинзи спуштиле рампи, стаиле рампи и пред базенот и се праи глупа гужва.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3237
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2856 на: 23 Септември 2018, 22:26:06 pm »
Ставам жетонче и притискам ладна односно 2ка, намерно го напраив ова за да симнам првично нечистотија. Ставам втор жетон и идам на топла со шампон(мислев дека со сунѓер ќе може да измачкам малце од пената ама видов дека не е таква пена, односно пробав и не е тоа тоа). И така терам со жетоните еден по еден намерно за да имам осет до каде сум временски. За 90 секунди успевам да завртам околу цела кола и да стигнам пак до возачка страна и тука да се задржам 10тина секунди. Станува збор за 407 караван кои и те како не е мал, а времето е доволно.
Безвезе е и што наоколу испозатвориле паркинзи спуштиле рампи, стаиле рампи и пред базенот и се праи глупа гужва.
lesno ti e tebe so ispolirana i zastitena sofersajbna hahahahha

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5514
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2857 на: 23 Септември 2018, 23:12:00 pm »
Таа најлесно се очисти, одма бега од неа се :D

Отсутен Premium Motors Skopje

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
  • Car detailing and wrapping company
    • Premium Motors Dooel Skopje
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2858 на: 27 Септември 2018, 12:09:10 pm »
Изгледа некоj ме читал одамна на темава кога викав дека на Скопје му треба перална со нормална цена која што ќе нуди добар квалитет. 500 денари е горе доле основата за добро надворешно и внатрешно перење. За 200 денари колку сакаш користи најдобри шампони, вапови, ќе имаш проблем со персонал зошто реално со 200 денари перење и да переш стотици коли на ден, математиката е многу проста. Ем ќе бидеш приморан да им даваш минималец на вработените а со тоа и чести откази и проблем со персонал а од друга страна нема да можеш ни трошоците да ги покриеш, а камо ли да тргнеш некоја пара на страна. Или па ќе користиш евтини шампони и квалитетот ќе биде просечен. На долг рок со 200 денари перење многу тешко се успева, конкуренцијата е огромна.

Се надевам дека пералната што се спомна (Премиум моторс) ќе биде репер за тоа како се води бизнис на правилен начин.

Пред се здраво на сите! :) @vlatko.klp ти благодариме за тоа што не спомна на темава и за позитивниот став кој го имаш кон нашиот начин на работење и политика на фирмата! :) Би сакале на кратко да напишеме објаснување за нашето Премиум перење, односно начин на работа, препарати кои ги користиме и оправдување за она што на сите им е важно, а тоа е цената. Ние сме официјални застапници за Американскиот бренд Chemical Guys, така да работиме исклучиво само со тие производи (за некои посебни услуги како керамичка заштита  користиме и производи од брендот Gyeon Quartz-огромен поздрав и благодарност до нашите колеги од Ma-Fra Македонија кои се застапници). 

Процес:
1. Детално чистење на тркала со посебна четка која не ги оштетува, DeCon Pro (одмастувач) и Diablo Wheel Gel (шампон) на Chemical Guys
2. Отстранување на остатоци од мушички и измет од птици со Bug+Tar Remover на CG (опционално-доколку е неопходно)
3. Перење со вода под притисок
4. Нанесување на активна пена Mr.Pink (100% Ph наутрален шампон)
5. Перење со вода под притисок
6. Рачно перење со pH-неутрален шампон и метод на две кофи-користиме микрофибер сунгер за да не го оштетиме лакот-Mr. Pink, CITRUS WASH AND GLOSS, Stripper Sent и многу други шампони со различни перформанси и мириси
7. Перење со вода под притисок
8. Сушење со екстремно мека микрофибер крпа (по потреба користиме и компресор)
9. Чистење на прозори внатре и надвор со Glass Cleaner на CG
10. Нанесување восок и заптивач Insta WAX на CG-го штити вашиот автомобил и го продолжува животниот век на претходно нанесените заштити (керамика и слично)
11. Импрегнација на гуми и гумирани површини- Blue Guard или Black on Black на CG
12. Пребришување на прашина (ентериер) со NonSense на Chemical Guys
13. Чистење со правосмукалка
14. Парфемизирање (опционално)- Избор на парфем по сопствен избор, а ги имаме многу :)

Напомена:
Целиот процес трае од 45мин. до 2часа во зависност од големината на возилото!
Возилата за време на процесот никогаш не се изложени на сонце, а по перењето, слушењето се прави во гаража, односно затворени услови (за да се избегне прашина и слични надворешни влијанија)
Работиме со претходно закажани термини, затоа што посветуваме посебно внимание на секое возило.

Препарати:
Погоре се набројани само дел од препаратите кои ги користиме, во случајов наведени се конкретните кои ги користиме само за премиум перењето.
За тие што ги интересира нешто повеќе околу нашите производи, слободно можете да го напишете името на производот на www.youtube.com и да дознаете нешто повеќе за тоа како функционираат.
Доколку ве интересира нешто повеќе или сакате да тестирате некој од производите, можете слободно да не контактирате или да не посетите :)

Цена:
Цените се движат од 500 до 2000 денари во зависност од големината на возилото. За мали возила, двоседи и моторцикли цената е 500 денари. За седани 1000 денари, а за СУВ возила или џипови 1500 денари. Највисоката цена е наменета за екстремно големи или за посебни возила(луксузни или со посебна вредност) за кои нормално потребно е огромна претпазливост и одговорност.
Chemical Guys е помеѓу еден од најдобрите брендови во светот за автокозметика, па самото тоа ја оправдува и високата цена која ја имаат. Во истиот контекст и горе наведените цени се така направени за да може да се задоволат сите страни...   

Сумирање:
Услугите кои ние ги нудиме се така осмислени за да можеме да одговориме на барањата на оние клиенти кои бараат нешто посебно, нешто што се издвојува. На оние клиенти кои се огромни ентузијасти и  максимално посветени на своите автомобили и за оние кои едноставно ваквиот начин на одржување на своите возила го гледаат како инвестиција. Во нашата тактовина свеста за естетското одржување на автомобилите сеуште е на основно ниво, но се повеќе зема замав и се развива. Применување на дитејлинг услуги, редовно или периодично е исто како и носење на својот автомовил на редовен сервис (кој е неопходен). На пример, со нанесувањето на керамичка заштита, не значи дека сме ја завршиле работата и дека нашиот автомобил нема никогаш да се оштети, баш напротив и самата керамика бара редовно одржување. Затоа постоиме ние. Затоа постојат и други компании, но и поединечни професионалци кои со огромна почит и задовоство ги поздравуваме!!!

Дитејлингот е филозофија и начин на живот. Има бескрајни теми на кои може да се разговара и да се споделуваат искуства. Има огромна наука во сето тоа.

Ви благодариме за вниманието!

Ваш, Премиум Моторс Дооел Скопје :)     
         

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • French diamond
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2859 на: 27 Септември 2018, 12:24:53 pm »
Браво за посветеноста, ама јас сепак ќе напоменам дека вие дечки ПЕРИТЕ возила, а 1 000 денари за перење на седан во мојот случај за мене е надвор од здрав разум. Со среќа нека ви е и дај боже што повеќе перења да имате.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2860 на: 27 Септември 2018, 12:57:36 pm »
Ете за некој е, за некој не е. Јас лично, со горенапишаното би дал. Крај краева ваквото перење би го користел 2 пати годишно, еднаш после зимска сезона обавезно и еднаш од мерак или после одмор ете нека биде.
Перење е да, ама пола саат и 2-3 часа посветување на кола не е исто, да не се лажеме.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2861 на: 27 Септември 2018, 13:03:21 pm »
Ете за некој е, за некој не е. Јас лично, со горенапишаното би дал. Крај краева ваквото перење би го користел 2 пати годишно, еднаш после зимска сезона обавезно и еднаш од мерак или после одмор ете нека биде.
Перење е да, ама пола саат и 2-3 часа посветување на кола не е исто, да не се лажеме.
Точно така, и јас го увидов како такво. Дали на пролет и после одмор. Или плус што просечната кола не е салам измиена со години, едно одење сега да се деодвратнизира е исто многу добра идеја.

500 проѓа, 1000 е малку остро веќе во секој случај. :) Еден Групер треба со 40% за да се испроба масовно пералната. :)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2862 на: 27 Септември 2018, 13:17:03 pm »
Sprema gore pisanovo sve super ama nie obicni smrtnici malce ni e skapo gledajki barem od moja gledna tocka. Ete 500 den nekako bi odvoil 2 pati vo godinata zborime za sedan vozilo. 1000ce mi e stvarno mnogu ama i za toa si ima klientela. Sepak sekoj spored svoite moznosti. Da bese 500ce mienje za sedan vozilo bi rizikuval da ja probam uslugata.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2863 на: 27 Септември 2018, 13:48:08 pm »
Што спаѓа у мало возило или двосед, Mercedes SL, Smart или Голф ?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2864 на: 27 Септември 2018, 15:55:12 pm »
Богот на возилата Голф е 500че?
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.