Изгледа некоj ме читал одамна на темава кога викав дека на Скопје му треба перална со нормална цена која што ќе нуди добар квалитет. 500 денари е горе доле основата за добро надворешно и внатрешно перење. За 200 денари колку сакаш користи најдобри шампони, вапови, ќе имаш проблем со персонал зошто реално со 200 денари перење и да переш стотици коли на ден, математиката е многу проста. Ем ќе бидеш приморан да им даваш минималец на вработените а со тоа и чести откази и проблем со персонал а од друга страна нема да можеш ни трошоците да ги покриеш, а камо ли да тргнеш некоја пара на страна. Или па ќе користиш евтини шампони и квалитетот ќе биде просечен. На долг рок со 200 денари перење многу тешко се успева, конкуренцијата е огромна.
Се надевам дека пералната што се спомна (Премиум моторс) ќе биде репер за тоа како се води бизнис на правилен начин.
Пред се здраво на сите!
@vlatko.klp ти благодариме за тоа што не спомна на темава и за позитивниот став кој го имаш кон нашиот начин на работење и политика на фирмата!

Би сакале на кратко да напишеме објаснување за нашето Премиум перење, односно начин на работа, препарати кои ги користиме и оправдување за она што на сите им е важно, а тоа е цената. Ние сме официјални застапници за Американскиот бренд Chemical Guys, така да работиме исклучиво само со тие производи (за некои посебни услуги како керамичка заштита користиме и производи од брендот Gyeon Quartz-огромен поздрав и благодарност до нашите колеги од Ma-Fra Македонија кои се застапници).
Процес:
1. Детално чистење на тркала со посебна четка која не ги оштетува, DeCon Pro (одмастувач) и Diablo Wheel Gel (шампон) на Chemical Guys
2. Отстранување на остатоци од мушички и измет од птици со Bug+Tar Remover на CG (опционално-доколку е неопходно)
3. Перење со вода под притисок
4. Нанесување на активна пена Mr.Pink (100% Ph наутрален шампон)
5. Перење со вода под притисок
6. Рачно перење со pH-неутрален шампон и метод на две кофи-користиме микрофибер сунгер за да не го оштетиме лакот-Mr. Pink, CITRUS WASH AND GLOSS, Stripper Sent и многу други шампони со различни перформанси и мириси
7. Перење со вода под притисок
8. Сушење со екстремно мека микрофибер крпа (по потреба користиме и компресор)
9. Чистење на прозори внатре и надвор со Glass Cleaner на CG
10. Нанесување восок и заптивач Insta WAX на CG-го штити вашиот автомобил и го продолжува животниот век на претходно нанесените заштити (керамика и слично)
11. Импрегнација на гуми и гумирани површини- Blue Guard или Black on Black на CG
12. Пребришување на прашина (ентериер) со NonSense на Chemical Guys
13. Чистење со правосмукалка
14. Парфемизирање (опционално)- Избор на парфем по сопствен избор, а ги имаме многу

Напомена:
Целиот процес трае од 45мин. до 2часа во зависност од големината на возилото!
Возилата за време на процесот никогаш не се изложени на сонце, а по перењето, слушењето се прави во гаража, односно затворени услови (за да се избегне прашина и слични надворешни влијанија)
Работиме со претходно закажани термини, затоа што посветуваме посебно внимание на секое возило.
Препарати:
Погоре се набројани само дел од препаратите кои ги користиме, во случајов наведени се конкретните кои ги користиме само за премиум перењето.
За тие што ги интересира нешто повеќе околу нашите производи, слободно можете да го напишете името на производот на
www.youtube.com и да дознаете нешто повеќе за тоа како функционираат.
Доколку ве интересира нешто повеќе или сакате да тестирате некој од производите, можете слободно да не контактирате или да не посетите

Цена:
Цените се движат од 500 до 2000 денари во зависност од големината на возилото. За мали возила, двоседи и моторцикли цената е 500 денари. За седани 1000 денари, а за СУВ возила или џипови 1500 денари. Највисоката цена е наменета за екстремно големи или за посебни возила(луксузни или со посебна вредност) за кои нормално потребно е огромна претпазливост и одговорност.
Chemical Guys е помеѓу еден од најдобрите брендови во светот за автокозметика, па самото тоа ја оправдува и високата цена која ја имаат. Во истиот контекст и горе наведените цени се така направени за да може да се задоволат сите страни...
Сумирање:
Услугите кои ние ги нудиме се така осмислени за да можеме да одговориме на барањата на оние клиенти кои бараат нешто посебно, нешто што се издвојува. На оние клиенти кои се огромни ентузијасти и максимално посветени на своите автомобили и за оние кои едноставно ваквиот начин на одржување на своите возила го гледаат како инвестиција. Во нашата тактовина свеста за естетското одржување на автомобилите сеуште е на основно ниво, но се повеќе зема замав и се развива. Применување на дитејлинг услуги, редовно или периодично е исто како и носење на својот автомовил на редовен сервис (кој е неопходен). На пример, со нанесувањето на керамичка заштита, не значи дека сме ја завршиле работата и дека нашиот автомобил нема никогаш да се оштети, баш напротив и самата керамика бара редовно одржување. Затоа постоиме ние. Затоа постојат и други компании, но и поединечни професионалци кои со огромна почит и задовоство ги поздравуваме!!!
Дитејлингот е филозофија и начин на живот. Има бескрајни теми на кои може да се разговара и да се споделуваат искуства. Има огромна наука во сето тоа.
Ви благодариме за вниманието!
Ваш, Премиум Моторс Дооел Скопје