Автор Тема: Перални низ Скопје?  (Прочитано 893801 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3885 на: 19 Септември 2023, 14:58:34 pm »
Перална со онлајн сервис каде што закажуваш термин за перење.

Идеш 5 минути пред термин, ја средуваат за 15 минути, си одиш. Нема чекање, нема примање клеинти без закажан термин.

Посебно боксче да има за црепови што сакаат „Еј друже неам терминче резервирано, набрзинка фати ја мојава се брзам„ - за таквите пациенти нека биде 1500 денари основно перење.

За 20 минути завршено се комплет.

На се ли да мислам јас да му ебам мајката.
« Последно менување: 19 Септември 2023, 19:32:18 pm zlatkoa »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3886 на: 19 Септември 2023, 15:00:12 pm »
Како ли ќе исперат за 15 минути...?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3887 на: 19 Септември 2023, 15:04:32 pm »
Добро бе топнав, рандом бројка. Шознам, зависи од услугата, основно пререње надвор-внатре 15-30 минути. Нема еден да работи, или нека има автоматска перална за надвор и двајца што ќе ја пројдат внатре.

Повеќето луѓе сакаат да ја зачистат колата да не им биде нужник, не дека сакаат детајлинг да им праи некој ама несакаат да чекаат.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3888 на: 19 Септември 2023, 15:47:58 pm »
Ни таа на Илинденска ни таа во Мида не работи од 08:00. Господата отвораат во 09:00, а претпоставувам затвораат во 17:00.

Работно време прилагодено за скоро никој да не може да им дојде пон-пет, пошто обично луѓето во тоа време одат на работа.
Апсолутно се сложувам. Но, сепак понуда и побарувачка е муабетот. Ако им е доволно тоа што им доаѓа - зошто би мрднале прст и би си нарушувале благосостојба? Work-Life баланс.

За сè има решение - ќе си уведат втора смена, ќе вработат екстра работници, газдата ќе вработи менаџер кој ќе го мења во втора смена. Па ќе акне појака цена за втора смена за перење, па за вакви ко мене и тебе ќе има опција. Вака нема.

Од надвор ја пројдов кај Алумина, ама за од внатре ќе си ја усисам сам пошто очигледно морам и ќе ја поминам за прашина. Пари за услужен усисивач не давам.

Интересно размислување ;D ;D ;D ;D ;D

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7217
  • French diamond
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3889 на: 19 Септември 2023, 17:09:02 pm »
Не е проблем да ги најдат, проблем е да ги платат.  За 20 000 никој нејќи да пери коли.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3890 на: 19 Септември 2023, 17:13:01 pm »
Овие на Илинденска имаат еден вработен што пере и чисти, од памтивек. Уште пред две години кога купував кола се договоривме во таа перална да ја видам колата, истиот дечко беше и тогаш вработен.

Иначе миииислам дека имаат во ценовникот "перење преку ред" :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3891 на: 19 Септември 2023, 17:16:55 pm »
.
« Последно менување: 19 Септември 2023, 20:08:06 pm DarthJe5us »

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3892 на: 19 Септември 2023, 17:49:43 pm »
Не е проблем да ги најдат, проблем е да ги платат.  За 20 000 никој нејќи да пери коли.

Не баш, тоа е минато свршено врем. Денес е проблем да се најдат, не е проблем да се платат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3893 на: 19 Септември 2023, 19:45:55 pm »
Не е проблем да ги најдат, проблем е да ги платат.  За 20 000 никој нејќи да пери коли.

Не баш, тоа е минато свршено врем. Денес е проблем да се најдат, не е проблем да се платат.
Да не претеруваме. Мислам сепак. Со 1.5х просечна плата сигурно ќе се најдат добри дечки.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3894 на: 19 Септември 2023, 20:10:30 pm »
Малку многу е 1.5х просечна искрено...
Според статистика просечна во јуни била 36.527. Таа плата х1.5 е 54790. Мислам дека е нереално.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3895 на: 19 Септември 2023, 20:14:47 pm »
Да видиш како одма има работници. И дека сепак плата нема, а работници има.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7217
  • French diamond
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3896 на: 19 Септември 2023, 20:50:55 pm »
Ај сега не забегвајте, 55К плата да е малку за амал, без никакво образование.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3897 на: 19 Септември 2023, 20:58:40 pm »
Амали без образование отидоа по Швајцарија и Германија и работат во фабрики со платени оброци и сместување, платата им е чисто за нив.

За да испереш кола перфектно и да обратиш пажња на полумесеци, секое ќоше во ентериер, и совршено избришани стакла не ќе да си амал, треба да ти работи саатот.

Ако му даваат на дечкото вработен таму 55000 денари, јас гарантирам дека ги заслужува сите.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7217
  • French diamond
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3898 на: 19 Септември 2023, 23:33:59 pm »
Разликата на Швајцарија и Германија со Македонија е небо и земја во финансиска смисла, затоа таму земаат по 1000€ без никакво образование,  а за да периш кола не треба никаква особена способност.
Мислам да сме малку реални, знајме колку е силата на државата или би плаќале по 1000 денари за перење, за да можат вработените да земаат толкава плата ?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #3899 на: 19 Септември 2023, 23:38:26 pm »
Јас имам многу другари врска немаат од математика, граматика и слично, ама си ја бркаат работата коректно.  Плата земаат од 21-24 илјади, додека некој со факултет не може да најде работа и работи како оператор на машина со почетна плата од 21 илјада. Тој што знае малку јазик се снашол и со средно.
Не е убаво да одредувам јас плати, ама за таа работа во помало гратче би бил платен 24.000, а можеби и помалку. Помошник автолакер на минимална...