Во последниве 2 месеци, перев почесто од вообичаено па бев кај
@Busav, Веро, Гала Окта, Ново Лисиче тие пред 5ка, Зебра и една кај Американ колеџ.
Според мене најдобро ми перат Веро Џамбо 250 денари. ( Внатре, надвор комплет) + најпрактично. Си пазарам и кога завршувам одам и си ја земам колата готова.
Второ место
@Dando и
@Busav. Предност е тоа што е брза. Мана што перењето е само од надвор. Како и да е колата убаво се пере и со третманот од 300 денари. За некој кој му треба набрзина перење од надвор супер работа.
Трето место Ново Лисиче последна 5ка до Сервис Илија. ТУка има неколку перални но јас перев во првата. Работат некои деца и една жена. Убаво ми ја испараа колата, но ме подлажаа кога им реков да ми стават средство за гуми. Не ми беше баш прљава колата, но во секој случај послабо од Веро Џамбо.
Американ колеџ држев предавање на факултетот и им ја оставив на луѓево колата. Договорот беше 300 денари за на крај кога отидов да каже дека ставил плус и восок и ми го наплати +50 денари
КОлата беше ок измиена, но односот им е малку ромски.
Окта Гала. Интересно е само што сам ја переш. Но резултатот на крај е секако лош. Целосно измиена кола неможе да има со 2 жетона. Требаат најмалку 250 денари за да се измие колата, а притоа таа да изгледа чисто и комплет средено. И тоа само од надвор. Јас 2 пати отидов и неуспеав да ја измијам како што треба.
Би било многу подобро кога би имало пауза од 30 секунди да запира вапот. Проблем за мене претставува на крај кога треба да се помине со еленска а вода нема.
Но ми дојде една идеја. А тоа е за на крај кога се брише со еленска да си земеме по едно мало кофиче во кола. И таму да наполниме малку топла вода.
Кога ќе се види на крај ова испаѓа најскапа варијанта. Но интересно е што секогаш те влече да одиш и сам да си ја испереш колата.
Зебра би ја ставил на последно место.
Во зебра многу лошо ми ја испраа колата. Користеле некои четки груби и имав гребаници по каросерија.
Згора на се,на крај испадна Како уопште да не е перена. Дефитинивно не ја препорачувам.