Ти купуваш ниво на опрема или опрема?
Ќе си видиш што има. Циркуз се дешава кај најниските нивоа обично кога се живо се вади за да се добие цена. Ама кај веќе нормалното 3то ниво на опрема, мислам дека има простор да се направи реален муабет.
Зашто за истото најниско ниво на опрема, во околните земји има пониска цена, и не фали опремата и не извадиле све живо, а во Словенија 13990 почетна цена (верувам дека може да се спушти барем 500 еур ако е некој сериозен за купување).
А јас купувам не опрема, не ниво на опрема, туку финален производ. Финалниот производ со тој и тој назив, му и нуди тоа и тоа. Ако кај нас фали пола од тоа што е содржано во другите земји, и при тоа по повисока цена, треба да си малку... па да купиш..
Јас не би купил.. Ти би купил? Ако имаш сознание дека треба да отидеш 200 км до Ниш, и да го купиш прозиводот со повеќе опрема, за пониска цена..
Гаранцијата ти важи во било кој овластен сервис на Мазда, така да ни тоа не е пречка
A kako bi idelo nosenjeto na kolata vo makedonija i registracijata? Bi bilo uvoz na sto treba carina ili?
Ја купуваш со експорт документи (ти ја продаваат по цена без нивно ддв, царина, данок...)
Ја носиш кај нас, на цената ги плаќаш нашите давачки.
Ја регистрираш со тие документи на наши таблици и тоа е тоа .
Ова е грубиот процес, деталите нека ги сподели некој друг што веќе увезувал возило, и што ги знае точно давачките (имав некаде таблица на давачки ама не можам да ја најдам).
Јас кога бев заинтересиран за таква опција, се консултирав со шпедиција преку која сакав да увезам. Финалната цена дури ми излезе нешто помалку од колку нивната финална цена, зашто кај нас давачките беа помали од нивните
Не сум знаел дека е точно вака.
Поинаку го замислував ова, дека ќе дојде мн. поскапо доколку се купи од друга земја.
Зависно од земјата, зависно од колата/моделот. Во конкретниот мој случај (За Мазда), испадна дека МКД има нијанса помали давачки од Србија за возила од оваа класа, па доаѓаше нешто поевтино него што би било кај нив. Бидејќи кога прават експорт (било кој земја), ти фактурираат цена без ддв, без царини и слично, бидејќи после тој тип давачки ќе си ги платиш во матичната земја.
Од друга страна, Honda CR-V 2.0 Lifestyle мене ме чинеше 75000-10000 еур поевтино, него што би можело да се купи од Германија, а барем 5000 еур од Србија (во Србија имаше слична цена, 22000 еур, ама со послабо ниво на опрема. Ако се конфигурираше моето ниво, се качуваше цената за уште 2000 еур).Веќе Макпетрол ја нема таа толку добра цена за новиот CR-V, односно е на ниво на цената секаде.
Формулата би била вака:
Гледаш возило, прашуваш експорт цена (цена без нивните давачки)
На таа цена додај трошоци за транспорт, царина (за колите што има), акциза , ддв и ќе добиеш колку би те чинело кај нас.
Ако веќе доаѓа до сериозна размисла за купување, обавезно консултација со шпедиција