Што е битно како се вика нивото?
Мазда вчера дојде во МК, така да уште се ептен тазе и салонот и моделите.
Битно е. Ако секаде Chalenge нуди тоа и тоа, а кај нас велат дека исто се вика Chalenge, само што фали пола од опремата од секаде, праат маркетиншка финта , и ти праат разлика во однос на нејзината права цена на еден прилично лош начин (во Маркетинг науката тоа се вика bait-and-switch, и не влегува во фер начините на маркетинг туку напротив).
Мене лично, финти од тој тип ме нервираат прилично и ме одвраќаат од куповина.
Мазда доаѓа преку фирма што одамна работи Мазда, така да не е баш дека имаат високи набавни цени и слично ради што се тазе.
Инаку збориме за истиот тазе модел и во другиве земји што ги посочувам
Дури Мазда CX5 кога јас ја гледав само што излезена во Србија (неколку недели после пуштање на продажбата воопшто), имаше поевтина цена, него кај нас после година и пол.
Немањето радио значи не е од Мазда, туку од нашиот импортер или погрешно е разбрано дека нема, и погрешно се пренесува. Едно од овие две
.
Се надевам дека ќе имаат компатибилна ценовна и опрема политика наскоро, бидејќи Мазда е одличен бренд, и го заслужува тоа (а и ние како пазар) (во случај стварно да нема радио, и да нивоата на опрема кај нас не се исти со во другите земји).
А и самиот импортер ми остава фин впечаток, со исклучок на ова. Па се надевам дека со ова само опипуваат пазар, и дека наскоро ќе постават цени и нивои на опрема како и во другите земји
п.с Во Словенија почнува од 13990 ЕУР, и во цената има радио, УСБ ...
http://www.mazda.si/salon/nova-mazda3-hatchback/specifikacije-in-cene/За овие разлики во цени, да купувам Мазда сега, ќе отидам и ќе ја купам во некоја од околните земји