Автор Тема: Фотоапарати  (Прочитано 145199 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Фотоапарати
« Одговори #585 на: 18 Април 2016, 12:36:31 pm »
Кај нас се е скапо другар.

Не ја сфаќам поентата на толкави маржи, а работат и grey market.

Тоа е таа лакомост.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Фотоапарати
« Одговори #586 на: 18 Април 2016, 12:45:48 pm »
D5300 кит во Грчка - 750 евра. (Магризос)
D5300 кит во Македонија - 780 евра. (Пиксплус)

Во ред, си вратил (или здравје боже, ќе вратиш) ~15% ддв. Значи 640 евра.

Ама си утепал пат до грчка и назад, 50 евра за гориво. Таму си јадел, си пиел, си се прошетал, си потрошил уште 100 евра сигурно. Плус немаш гаранција (директна).

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг:
« Одговори #587 на: 18 Април 2016, 12:52:07 pm »
Тоа е. Не си платил данок во едниот случај и таму е заштедата. (Ако се со ист објектив!)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Фотоапарати
« Одговори #588 на: 18 Април 2016, 13:12:01 pm »
Dear Nikon Customer,

We thank you for your purchasing this Nikon product. Should your Nikon product require warranty service, please contact the dealer from whom it was purchased or a member of our authorised service network within the sales territory of Nikon Europe BV (Europe/Africa and Russia)

Мене околу 170 евра ми дојде заштеда ако не се лажам.

Не се малку пари.

А тоа гориво, јадење...смешна математика е тоа. Нема никаква врска со апаратот. Јас потрошив (БТ-Солун-БТ) околу 30 евра гориво,патарини и паркинг (т.е вкупно 32 евра точно).


« Последно менување: 18 Април 2016, 13:31:16 pm Carpathian Lord »

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Фотоапарати
« Одговори #589 на: 18 Април 2016, 14:12:28 pm »
Dear Nikon Customer,

We thank you for your purchasing this Nikon product. Should your Nikon product require warranty service, please contact the dealer from whom it was purchased or a member of our authorised service network within the sales territory of Nikon Europe BV (Europe/Africa and Russia)

Мене околу 170 евра ми дојде заштеда ако не се лажам.

Не се малку пари.

А тоа гориво, јадење...смешна математика е тоа. Нема никаква врска со апаратот. Јас потрошив (БТ-Солун-БТ) околу 30 евра гориво,патарини и паркинг (т.е вкупно 32 евра точно).



Ич не се, јас ако го купував од нашиве ќе требаше цирка 900 евра да потрошам, а поминав со 600 отприлика. Не ги пресметувам тие пари за гориво и кафани затоа што и без купување на некаква техничка опрема ги праам. Друга сатисфакција ми е што не купувам техничка опрема наменета за нашиов (југоисточно-европско-азиско-марсовски) пазар у кој што све нешто се штеди (по барање на потрошувачите) и се расипува на прв ден од истек на гарантен рок. Телото на апаратот и кит-објективот ги имам три години и немале никаков проблем до сега. Објективот ми е од летоска - ќе видиме како ќе се покаже.

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Фотоапарати
« Одговори #590 на: 18 Април 2016, 14:23:37 pm »
Kaj nas cenite ne se mnogu povisoki, ako i voopsto se povisoki, od GR.
Primer D5300 so 18-55 kitot, vo GR e 650eur, kaj nas e 620eur.
D3300 so 18-55 vo GR e 400eur, kaj nas 425eur.
Videte gi cenite na objektivite i blicevite samo, vo GR se skoro site poskapi odkolku vo pixplus.

Jas zemav D3300 od GR, no togas cenata kaj nas bese 470eur a vo GR (na promocija) 379eur. Od toa 70eur tax, znaci 309eur. Razlika 160eur, zatoa mi se isplatese.

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Фотоапарати
« Одговори #591 на: 18 Април 2016, 14:33:57 pm »
Videte gi cenite na objektivite i blicevite samo, vo GR se skoro site poskapi odkolku vo pixplus.

Еве одма да те побијам. Јас овој објектив го имам.

http://www.pixplus.com.mk/index.php/default/photography/lenses/nikkor-af-s-dx-18-140mm-f-3-5-5-6g-ed-vr.html

http://www.plaisio.gr/fotografia-video/accessories/fakoi-lens-camera/Nikon-Fakos-18-140mm-F-3-5--5-6-131857.htm

ДДВ-то во Грција по сите овие мерки на штедење е покачен (на 23% ако не се лажам) и ако не ги враќаат целосно, јас добив околу 60 евра поврат. Разлики постојат кај одредени модели.

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Фотоапарати
« Одговори #592 на: 18 Април 2016, 15:11:06 pm »
Zatoa i pisav "skoro site", ovoj e eden od retkite kaj sto e tolku golema razlikata.
Okolu 60eur e tocno 23%. (Ne se racuna 329eur-23%, tuku 267,5eur+23%=329eur)
Ako e pomalku od 23, togas e 11-12% i ke pisese okolu 35eur deka ti vratile.
« Последно менување: 18 Април 2016, 15:16:38 pm ogledalo »

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Фотоапарати
« Одговори #593 на: 18 Април 2016, 15:25:10 pm »
Немам никаква потреба да те лажам, да беше понова трансакција ќе ти пуштев принтскрин. Над 60 евра е сигурно, не се сеќавам на точната сума.

Вредноста на ДДВ-то на овие производи во Грција не можам со сигурност да тврдам колкава е. Една од мерките за враќање на долгот на Грција беше баш покачувањето на ДДВ и може и да е уште повисока. Во Германија отсекогаш е 23%.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Фотоапарати
« Одговори #594 на: 18 Април 2016, 15:28:37 pm »
Процедурално: 23% е ДДВ. До цент точно ми е пресметано. Парите ќе ми бидат вратени во Магризос.

На Фри Шоп е 11-13%.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг:
« Одговори #595 на: 18 Април 2016, 19:33:43 pm »
Единствен аргумент во есапот е на тема "затајување данок". Сите останати "аргументи" се само во насока на "оправдување" на чинот. Пикс плус има коректни пазарни цени во услови на пазарна фер економија.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Фотоапарати
« Одговори #596 на: 18 Април 2016, 22:11:11 pm »
Единствен аргумент во есапот е на тема "затајување данок". Сите останати "аргументи" се само во насока на "оправдување" на чинот. Пикс плус има коректни пазарни цени во услови на пазарна фер економија.

Се работи за тоа кој како си ги цените парите. Некои го вадат максимумот од нив -> идат бар на еден дена до Солун, пијат кафе на море и ручаат некаде. Личен избор.

Ако пикс плус ми ги даде истите цени кои после поврат на ДДВ ги добивам од грчките продавници без размислување ќе пазарам кај него. И да ја овозможи истата лепеза на производи.

Друг муабет е што грчките фото продавници (и општо продавници за електроника) се дааалеку поопремени од нашите, а цените им се скоро како на amazon.de (мој репер за цена), нормално некое евро повеќе, што одприлика доаѓа исто како и да нарачаш од германскиот амазон и нештото да ти стигне во Солун.

Иако најпрво барав, кај нас не најдов ништо од работите кои ги купив во репела во изминативе година дена.

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Фотоапарати
« Одговори #597 на: 18 Април 2016, 22:35:45 pm »
Единствен аргумент во есапот е на тема "затајување данок". Сите останати "аргументи" се само во насока на "оправдување" на чинот. Пикс плус има коректни пазарни цени во услови на пазарна фер економија.
Плаќај си данок бе.
Коа државата ќе ми овозможи услови да земам плата по „европски стандарди“ ќе пазарам у пиксплус (или кој и да е). Целата процедура горенаведена е супер-легална и во однос на парата украдена, затаен данок и илјадници криминали што политичарите ги праат у држаава е капка во океанот. Кастиљо Ел Ацтека нема платено данок 8 милиони евра за бизнис и богатење и секоја година е прв на топ листа на УЈП. Јас си штракам пејсажи по планини и ме заболе што сум и протнал стотина евра данок на моето хоби.

Ти го сфаќаш како „оправдување“, ние другите како заштедени пари....никој не те тера да одиш во Солун, плаќај си дупло.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Фотоапарати
« Одговори #598 на: 18 Април 2016, 22:46:27 pm »
Нема супер легална или несупер легална споредбена категорија. Или крадеш 100 евра или крадеш 8 милиони евра. И во дават случаи крадеш. Пиксплус не е крив. Добива пазарни легални дистрибутерски цени како и другите во регионов. Може да калкулира со сопствената маржа и толку. Не може да парира на ценовната разлика ако ја сметаш преку неплаќање на царина и данок.

За друго не се нафаќам да полемизирам. Како сакаш есапи го. Јас не реоков дека не сум купил никогаш нешто на што немам украдено. Само не е коректно да се прават споредби на пазарни услови со крадење.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Фотоапарати
« Одговори #599 на: 19 Април 2016, 00:52:51 am »
Шо би се рекло, ако гркот го купи апаратот во ПиксПлус и врати данок, ќе го кошта поефтино отколку да го купи во грција :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.