од каде сега вадите шпекулации дека PixPlus е пред „рикање“... немате потреба да шпекулирате... делувате како едвај да чекате да „рикнат“ и нечиј друг бизнис да ќари од сето тоа.
обратете се писмено кај нив и тоа што ќе го добиете како одговор тоа ќе биде официјален одговор, а не доколку сте било во дуќан, некој прашувал нешто и на крајот рекла-казала... тоа е многу не етичко однесување... но ете на форум можеш што сакаш да пишеш.
да не ме сватите погрешно, не ги бранам специјално нив, туку сите оние фирми за кои што кружат вакви муабети по форумите, па дури да станува збор и за некоја фирма што вие ја водите... и друга работа, треба да знаете дека доколку на некоја фирма тоа и пречи и се наруши угледот поради тоа јавно мислење на некој член, таа фирма може да покрене правна постапка бидејќи членот искажува неточни податоци.
иако постојат тие можности да се докажуваат двете страни на суд, сепак останува свеста на секој член да пишува што повеќе точни информации... доколку ви се скапи производите од PixPlus пазарете на друго место, пазарете и преку интернет, а да се нафрлувате на една фирма е многу не етичко... уклучете ги и нив на форум, информирајте ги што се пишувало и нека го кажат нивното мислење.