Гласање

Оваа сезона е:

Најинтересна во последниве 10 години
8 (19.5%)
Најдосадна во последниве 10 години
19 (46.3%)
Исто е интересна како и другите сезони
14 (34.1%)

Вкупно гласови: 41

Автор Тема: Formula 1 - Season 2014  (Прочитано 279555 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1005 на: 20 Јуни 2014, 14:40:52 pm »
<<

Звукот е основна работа во авто мото спорт, без него тури му курот ..


Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1006 на: 20 Јуни 2014, 14:48:22 pm »
Неможам да ја најдам англиската верзија,ама и овој текст убаво доловува. Колку шо се сеќавам- "When someone asks me why I love racing?"
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1007 на: 20 Јуни 2014, 15:02:21 pm »
Звукот е основна работа во авто мото спорт

„Основна“ е силен збор. Можеби сакаш да кажеш „многу важна работа“ наместо „основна работа“?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1008 на: 20 Јуни 2014, 15:05:38 pm »
Кој рече дека треба да биде нерегулиран? Има авто-спортови каде изборот за мотор и шасија се врши пред сезона и е од еден единствен производител за сите натпреварувачи. Ги гледаш тие? И зошто не? Дали тоа што читаш по новини дека се револтирани учесниците во спортот, гледачите на истиот и голем дел од инволвираните, не ти е доволен показател дека некаде ја укењале работата, па се раководиш спрема твоите убедувања дека „супер е спортот интересен е за гледање“.
Да, смета што се намалени брзините (мото гп  развиваат поголеми брзини алооо!), да, смета што е утишан звукот, да, смета што е ограничен максималниот проток на гориво во минута, да, смета што не можат да одредат однос во менувачот спрема потребите на конкретната стаза итн, итн...
Не смета ако сите имаат рестриктор на усис, не смета ако е дефинирана кубикажата, не смета ако имаат керс, турбо, директно убризгавање електронски системи за кочење итн, итн, итн...

Секогаш постоеле ограничувања и регулативи во Ф1, ама не го усерувај спорот со бесмислици.(Едит: не ти, туку Берни)..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1009 на: 20 Јуни 2014, 16:17:41 pm »
Ако мислиш на намалена максимална брзина тогаш не си во право. Оваа година во Канада имаше болиди што одеа преку 340Кмh на Монца ќе имаме веројатно преку 350Кмh што не беше случај претходните години.

Околу менувачот и односот на брзините во него дозволена е една промена во текот на сезоната, така да ако направат ужасна грешка на почетокот имаат можност да се поправат. Од друга страна новиве моториве имаат толку голем вртежен момент што повлекуваат во секоја брзина.

Едино глупаво ограничување е дотокот на гориво, доволно е што се ограничени со количината на истото.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1010 на: 20 Јуни 2014, 16:23:19 pm »
Цитат
For a decade F1 cars had run with 3.0-litre naturally aspirated V10 engines; however, development had led to these engines producing between 980 and 1,000 hp (730 and 750 kW), and reaching top speeds of 375 km/h (233 mph) (Jacques Villeneuve with Sauber-Ferrari) on the Monza circuit.[4]

Порано можеа за секоја трка да адаптираат мењач. Ист мењач за Монако и за Монца е глупост.



Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1011 на: 20 Јуни 2014, 17:00:30 pm »
И која е причината да неможеш да менуваш однос на брзините?

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1012 на: 20 Јуни 2014, 17:02:37 pm »
Ова е за Mерцедес W05, пресметано според телеметријата.
 480km/h при 15000rpm, или 360km/h при 11250rpm. Можеби на Монца ќе имаме и преку 360km/h
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1013 на: 20 Јуни 2014, 17:48:39 pm »
Порано можеа за секоја трка да адаптираат мењач. Ист мењач за Монако и за Монца е глупост.

Воопшто не е глупост. Со рестрикцијата за максимален проток на гориво во секунда, максималната моќност се постигнува многу рано во вртежниот опсег и нагоре останува скоро константна. И да имаат можност да ги менуваат преносите нема да добијат многу. Беа паметни и решија да ги фиксираат за побогатите тимови да не го добијат и тој 0.5% предност, затоа што ќе можат да си дозволат специализирани преноси за секоја патека. Вилијамс ги има најкратките преноси од сите тимови, па до сега секогаш беше во врвот на табелите за максимална брзина. 8 степени се доволни за овие мотори постојано да бидат во опсегот со максимална моќност.

Заклучувањето на развојот на моторите е за да не можат да се крадат идеи од конкуренцијата. Никој не очекуваше дека до толку ќе заебат работа Ферари и Рено. Кој им е крив што спиеле додека Мерцедес работеше. Е сега сакаат да ги искористат на готово нивните идеи, епа нема да може. Ќе си почекаат и ќе мора да поработат во насоката во која беа тргнати, од каде знаеме, можеби ќе искочи нешто добро од тоа. Сигурно има причина зошто го одбрале тој пристап.

И покрај тоа што звукот не е како што би сакал да биде, оваа сезона уживав во многу повеќе трки одколку во цела 2004та. Пилотите се борат со болидите. Тие што го гледаа првиот тренинг сабајлево, видоа колку излетувања и грешки се правеа во минута. Имаме нова технологија, имаме битки. Аеродинамиката има се помало влијание. Акцентот е ставен на моторите. И пак нешто не чини.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1014 на: 20 Јуни 2014, 17:52:49 pm »
Дали тоа што читаш по новини дека се револтирани учесниците во спортот, гледачите на истиот и голем дел од инволвираните, не ти е доволен показател дека некаде ја укењале работата

Не, не е доволен показател.

1. Плачки по старите правила, мотори или што-веќе има секогаш без исклучок кога истите ќе се сменат. Во таа смисла, оваа последна промена не е ништо посебно. Како и секогаш, некои ќе викаат „ок е вака“, некои ќе плачат. Видено сто пати до сега, истата приказна.

2. Евидентното опаѓање на популарноста на Ф1 е неповрзана со звукот. Популарноста бележи благ и константен пад уште од 2011 (ако се точни податоците кои ги презентира FIA), а тогаш се беше во ред со звукот. Значи не е до звукот.

па се раководиш спрема твоите убедувања дека „супер е спортот интересен е за гледање“.

И доста аман-заман со овие straw man аргументи. Јас не реков дека „со спортот е се ок“, туку само дека звукот не е проблемот. Се замуабетивме за звукот, а ти ми настапуваш ко да сме се замуабетиле за спортот воопшто. Немере тако.

Повторно ќе кажам дека сезонава не е интересна за навивачите на Ферари. Прашај ги навивачите на „Мерцедес“ дали им е досадна сезоната, дали им пречи звукот, што-ти-ја-знам? Не. Прашај ги навивачите на редбул дали им беа досадни последните две сезони. Прашај ги навивачите на кими дали им беше досадна 2012. На Ферари не му иде и тоа е тоа. Претпоставувам дека голем дел од гледачите на ф1 се навивачи на Ферари, дека од сите гледачи на ф1 најголем процент се фанови на Ферари, па оттаму и општиот пад во гледаноста. Можеме и тука анкета да направиме „за кого навиваш“ и ќе видиш дека најмногу ќе бидат за ферари.

Така да, главниот проблем на ф1 и гледаноста е што не му иде на ферари. Толку. Крај. Да му идеше на ферари, немаше да има никакви плачки за звукот, моторите, мењачите, ова било, она било.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1015 на: 20 Јуни 2014, 17:58:41 pm »

Па и порано беше така, не е некое ново правило па сега да го спомунваш како причина за неуспех на другите.Замрзнувањето на развојот на моторите мислам дека се донесе уште во 2010 година или така нешто.


Па не зборувам дека од вчера не чини. Не чини со години наназад...Само од вчера ептен ја пос*аа..

E кога беше поинтересна Шумахер кога беше шампион веќе на 6-та трка од шампионат.Немој да ме је**ш.Дајте им време малце на новиве правила,гледаш дека како тимовите навлегуваат во новиве правила секоја наредна трка е се поинтересна.Плус како што кажува и Васил секоја технологија што му помага на возачот е исклучена и  до израз доаѓа правиот талент бидејќи секој различно се справува со големиот торк што го имаат.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1016 на: 20 Јуни 2014, 18:08:33 pm »
Па не зборувам дека од вчера не чини. Не чини со години наназад...Само од вчера ептен ја пос*аа..

Да, со години наназад на Ферари не му иде, само сезонава ептен каснат по секунда у круг.

Да ги прашаме навивачите на Вилијамс дали им е досадна 2014, што мислиш, што ќе кажат? Ќе кажат „не гледам више формула од што е досадна“? Или не?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1017 на: 20 Јуни 2014, 18:51:45 pm »
koga shumaher vozeshe za ferrari, ne navivav za niv. Shumaher, ednostavno ne govmozhev. navivav za mika i za kimi. toa shto go zboruvam ne e zatoa shto navivam za ferari, tuku zatoa shto gledam f1 od. koga znam za sebe, a togash Lauda ushte vozeshe, i znam kakvi bile emociite okolu sportot. A vie si nemate argumenti, pa napagjate po "navijachka" osnova. Jas samo ke kazham, deka porano so merak gledav, sega informativno gledam. Ako vi e merak vakvi trki da gledate, ne znaete kakva bila formula porano.

@filipv, izvini, ne znaev deka zboruvame SAMO za zvukot. jas zboruvav za mnogute usrani raboti so tek na godinite.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1018 на: 20 Јуни 2014, 19:50:49 pm »
Ako vi e merak vakvi trki da gledate, ne znaete kakva bila formula porano.

Аааа, ова ново ти е. Ај честито.

Ф1 гледам од времето на Лауда вс Хант, со мала пауза кога Барикело го пушташе Шуми да победува.

Со рестрикцијата за максимален проток на гориво во секунда, максималната моќност се постигнува многу рано во вртежниот опсег и нагоре останува скоро константна.

Сакаш да кажеш максималниот вртлив момент (и, следствено, забрзување)? Моќноста секогаш расте со вртежите.

Согласен со другото.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Formula 1 - Season 2014
« Одговори #1019 на: 20 Јуни 2014, 20:14:30 pm »
Не ако вртежниот момент паѓа со вртежите поради ограничувањето на горивото.

Замисли нешто како на сликава, само што црвената линија која го опишува вртежниот момент паѓа малку пострмно во вториот дел, и како резултат на тоа моќноста која е опишана од плавата линија е скоро константна во вториот дел од графикот.



Мотор со "многу torque", што во превод значи дека има помалку torque на крај.

Ако во два различни степени на менувачот, моторот се наоѓа во подрачје во кое има иста моќност, забрзувањето ќе биде идентично. Затоа што тоа подрачје е доста широко, не им се потребни многу брзини.