Ф1 е пред се спорт, а не showcase на најновите достигнувања од областа на автомобилската технологијата. Иначе, нема никакви технолошки пречки да се стави мотор од миљон коња на четири тркала и сето тоа да шиба петсто на саат. Ама тоа не е спортот.
А секој спорт е регулиран, иначе не е спорт. Правилата се спортот. Доколку е дозволено кој кога сака да си го апгрејда моторот, ќе се натпреваруваат 2-3 тима кои имаат доволно пари да развиваат мотори преку целата година, а другите воопшто не мора да излегуваат на стаза. Секоја регулатива која ќе ги доближи перформансите на тимовите е добредојдена и придонесува кон спортот.