Дали тоа што читаш по новини дека се револтирани учесниците во спортот, гледачите на истиот и голем дел од инволвираните, не ти е доволен показател дека некаде ја укењале работата
Не, не е доволен показател.
1. Плачки по старите правила, мотори или што-веќе има секогаш без исклучок кога истите ќе се сменат. Во таа смисла, оваа последна промена не е ништо посебно. Како и секогаш, некои ќе викаат „ок е вака“, некои ќе плачат. Видено сто пати до сега, истата приказна.
2. Евидентното опаѓање на популарноста на Ф1 е неповрзана со звукот. Популарноста бележи благ и константен пад уште од 2011 (ако се точни податоците кои ги презентира FIA), а тогаш се беше во ред со звукот. Значи не е до звукот.
па се раководиш спрема твоите убедувања дека „супер е спортот интересен е за гледање“.
И доста аман-заман со овие straw man аргументи. Јас не реков дека „со спортот е се ок“, туку само дека
звукот не е проблемот. Се замуабетивме за звукот, а ти ми настапуваш ко да сме се замуабетиле за спортот воопшто. Немере тако.
Повторно ќе кажам дека сезонава не е интересна за навивачите на Ферари. Прашај ги навивачите на „Мерцедес“ дали им е досадна сезоната, дали им пречи звукот, што-ти-ја-знам? Не. Прашај ги навивачите на редбул дали им беа досадни последните две сезони. Прашај ги навивачите на кими дали им беше досадна 2012.
На Ферари не му иде и тоа е тоа. Претпоставувам дека голем дел од гледачите на ф1 се навивачи на Ферари, дека од сите гледачи на ф1 најголем процент се фанови на Ферари, па оттаму и општиот пад во гледаноста. Можеме и тука анкета да направиме „за кого навиваш“ и ќе видиш дека најмногу ќе бидат за ферари.
Така да, главниот проблем на ф1 и гледаноста е што не му иде на ферари. Толку. Крај. Да му идеше на ферари, немаше да има никакви плачки за звукот, моторите, мењачите, ова било, она било.