значи читајки вака јас од друга страна имам бенефит што сум најгоре на пример никогаш не ми тропал некој над глава или да ми пуштал вода комшијата 
Последен спрат - Тоа е прво и основно правило со кое најмногу се сложувам кога се работи за стан.
27 години живеев ви куќа, 5 години живеам во стан на последен спрат.
Купив плац 550м2 кој скоро кошта колку еден стан, ќе правам куќа - мерак остана за малку комоција, тераса, двор и гаража!
Се си е ок, со малку труд, малку пари, станот си е тип топ. Но, излези на терасичето, оп комшијата - каааај си коомшииии

Пералната комѓиите ја пуштаат по 23,00 и ти брчи на увце за добра ноќ. Климата комшијата ја наместил до твојата спална, ја купил половна или ефтина па брчи растура по цела вечер... Еден плаќа чистачка друг не плаќа, чистачката чисти пред твојата врата а остава прашина кај комшијата пред врата, за инает оти не платил - на 38цм од твојата врата...
Комшијата тера име со озвучење за свадба, нема абер дека е сред работна недела а пука до 4 сабајле...
Тука пак тука стуткан цело време, се вртиш ко грешен... Како цел век да си на одмор, како да не си дома...
Ќе правам 100м2 куќиче + голем балкон и доволно голем двор, кое сметам дека за сега ми е доволно, ако притреба за натаму ќе кревам спрат.
Да, за гаража, за да си испереш кола,
ЗА КУЧИЊА - ЛАБРАДОРИ, аквариум, мачка, трева, дрва, куп столчиња и сепареа по двор и балкон, скара, фурна... Ако ме мрзи да копам, може и монтажен базен да си купам

Свесен сум дека фасада во скоро време тешко - невозможно за мене.
Во дворот има да се изнработиш...
Се е до мерак.
Не би убедувал никого, споделувам патешествија
