Вчера пак сведочев на непочитување на правила и прописи на семафорите кај Капитол. И од пешаци и од коли, во само 2 минути.
Гужва се прави секогаш. А се отвори малце простор да нема коли, сељачаанава одма се дрзнува да помине на црвено. Ме прашува Џуниор бр.1 „Тато зошто поминуваат на црвено?“, му велам дека веројатно не ги распознаваат боите..
Си мислам некогаш, можда е правилно да се облече човек како овчар, да застане горе во жардињерата и како поминува сељандурава на црвено, така овчаров да мавта со стап да ѕвони со ѕвонче и да вика ајдеееее, брррррр, па може и некој срам да го фати, што знаеш.
Само што се уклучува зелено, поминуваме остатокот од пешаците што го дочека семафорот и позади БМВ 7-ка си лази полека и си поминува на црвено. Лаганица, пазеше дечкото да не истрча некој пешак на негово зелено.
Мислам дека сме одамна спремни за герила акции, пошто очигледно до некој не допираат ни известувања, нит читат интернет, нит весници, нит радио слушаат и така натаму.