Се сложувам со тоа за пешачките до кружни, ама сепак и такви какви што се, се далеку подобро него ли катастрофава од семафори, буквално на секои семафори стоиш, небитно дали си во шпицот или возиш во ноќни часови како Ут, едноставно секој семафор црвено....
А со кружните текови проблемот е што народот не сфаќа дека кога влегуваш внатре во кружен тек, тие две ленти што се во круг во кружниот тек се исто како и да возиш по булевар, односно ако сакаш пример од внатрешна лента да искочиш од кружен тек, мора да си сигурен дека во десната лента односно надворешната лента нема возили бидејки во кружен тек, ако ја возиш лентата во која си влегол, можеш да возиш во таа.
Ако сакаш да ја промениш, треба да се осигураш дека во другата лента нема возило, баш како и на булевар.
Односно ако две возила влегуваат во кружен тек, тој во надворешна лента нема обврска дека мора на првиот исклучок да го напушти кружниот, туку има право да го сврти и цел круг во кружниот бидејки е една лента во круг (исто како и внатрешната)
Ако ти од внатрешна се исклучуваш додека некој во надворешна продолжува да вози во кружниот и го удриш, ти си крив, а не тој во надворешна.
Ако ова правило на сообраќај во кружен тек го знаат барем 5% од возачите во државава, ја ќе се обесам.