У принцип, многу повеќе е до модерна технологија (иако нормално дека тежината и тек како игра улога
), арно ама, не знам, во поглед на економичност кај бензинци, дали подобро се покажува некој од атмосферец со хиперактивни вентилчиња (VTEC, MIVEC, VVT, итн итн...) или турбаш (TSI, T-Jet, TCe...). За вентилџиите сум се уверил и самиот дека знаат да бидат ептен фругални, a за турбашиве, еве marjanot има Леон 1.4 ТСИ, па ако му правел тест, нека каже како се покажало моторчето.
Дизеливе, мислам дека што и да е, нема да троши многу
Ама го бирам 1.5 dCi кај Меган, поради моментот вложено/добиено т.е. цена/перформанси (мислам исто marjanot дека спомна нешто во оваа конотација за овој мотор). 1.4 и 1.6 HDi се исто одлични дизели, со онаа разлика, што мислам дека 1.4 е за нијанса слабичок за таа класа (односно за во 308ца). Немам никакво искуство со Опел и нивните дизели, а исто така, неам доволно информации за VW 1.6 TDI дали личи на нешто или не