Автор Тема: Осигурителни компании  (Прочитано 137765 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #420 на: 31 Јули 2017, 18:42:54 pm »
Колку време по настаната дешавка која е решена со европски записник може да се пријави штетата во централа на осигурителната компанија ?

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #421 на: 31 Јули 2017, 20:26:14 pm »
Мислaм декa нa сaмиoт лист oд еврoпскиoт пишувaше некaде. Акo не сум пoмешaл брзини нештo...

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 590
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #422 на: 31 Јули 2017, 22:23:51 pm »
Bas na 6 avgust koga bea poplavite vo Skopje me udrija vo Gevgelija, napravivme evropski istiot den ama stetata ja  prijavija od firmava kaj sto rabotam na krajot od mesecot

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #423 на: 31 Јули 2017, 22:27:22 pm »
Ми се чини дека 3 месеци е рокот за пријавување на штета. Еве @Banzai како поискусен нека ме исправи ако грешам.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #424 на: 01 Август 2017, 00:20:17 am »
Мислaм декa нa сaмиoт лист oд еврoпскиoт пишувaше некaде. Акo не сум пoмешaл брзини нештo...

Зоки, во образецот пишува точно вака

-"Образецот што побрзо предајте го на надлежниот осигурувач".

Фала Веле, фала Кими. Мислев да не е една недела +-, па затоа.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6814
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #425 на: 11 Септември 2017, 18:34:02 pm »
Да споделам искуство со патничко осигурување:

- Осигуран на 15 дена, годишно, во соседни земји без франшиза во Триглав - 315ден

Се случи да кренам температура додека бев Кефалонија на одмор, вториот ден, па носевме парацетамол, се напив 2-3 апчиња во текот на вечерта и сабајлето и го истерав денот, ама следната вечер не можев да издржам, не можев да спијам, ми се врти во главата. Па во 4 часот сабајлето тргнав накај болницата во главниот град - 10мин од сместување, тука надвор се јавив на тој унгарскиот број од 24 часа поддршка да ме упатат каде да одам, што да правам пошто така викаше китапот (за Грција пожелно е да сте на Водафон од Вип за најефтино). Јас си реков ќе ми речеа терај на болница ама не било така... па, се јаве една тетка, хелоу мелоу, кен ју хир ми? ми исклуче.... ај мајката си реков ќе се натегам со овие, ќе ме топкаат.

Втора шанса, добро вечер, повелете шо треба како треба, се јаве тетка на српски, јас македонски и се разбравме ми објасни се, ме праша каде се наоѓам, дали имам возило, дали можам да појдам до лекар или тој да дојди кај мене, и ми рече почекај за 20 мин ќе ти се јавам и во порака ќе ти пуштам детали. И ете ја за 20 мин, ми се јавува и потоа ми пушта во порака дека имам термин во 9.30 кај таа ординација на таа улица, тука во центарот.

Потоа отидов на преглед, шак шак, ме пукна во увото 38?степени, нати рецепта, имаш долу аптека одма, земам 13.7евра лекарства, се уредно со фискална и печати од доктор, па идење дома и наредниот ден право во триглав. Пополнив пријава за штета, и оставив копии од документи што требаа и еве после нешто повеќе од месец 846ден се вратија на сметка.

Поздрав до триглав.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9228
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #426 на: 12 Септември 2017, 11:24:36 am »
а сметката за телефонот?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6814
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #427 на: 12 Септември 2017, 13:29:41 pm »
500ден, 6 минути, можеби и тие пари се враќаат ама то е, не можев да одам до вип да се замарам, нејќам да ги опулам нив повеќе ниту пак редици да чекам, откако ме заебаа со фиксниот, електронски плаќам сметки, баму спечала.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #428 на: 12 Септември 2017, 13:33:31 pm »
Да споделам искуство со патничко осигурување:

- Осигуран на 15 дена, годишно, во соседни земји без франшиза во Триглав - 315ден

Се случи да кренам температура додека бев Кефалонија на одмор, вториот ден, па носевме парацетамол, се напив 2-3 апчиња во текот на вечерта и сабајлето и го истерав денот, ама следната вечер не можев да издржам, не можев да спијам, ми се врти во главата. Па во 4 часот сабајлето тргнав накај болницата во главниот град - 10мин од сместување, тука надвор се јавив на тој унгарскиот број од 24 часа поддршка да ме упатат каде да одам, што да правам пошто така викаше китапот (за Грција пожелно е да сте на Водафон од Вип за најефтино). Јас си реков ќе ми речеа терај на болница ама не било така... па, се јаве една тетка, хелоу мелоу, кен ју хир ми? ми исклуче.... ај мајката си реков ќе се натегам со овие, ќе ме топкаат.

Втора шанса, добро вечер, повелете шо треба како треба, се јаве тетка на српски, јас македонски и се разбравме ми објасни се, ме праша каде се наоѓам, дали имам возило, дали можам да појдам до лекар или тој да дојди кај мене, и ми рече почекај за 20 мин ќе ти се јавам и во порака ќе ти пуштам детали. И ете ја за 20 мин, ми се јавува и потоа ми пушта во порака дека имам термин во 9.30 кај таа ординација на таа улица, тука во центарот.

Потоа отидов на преглед, шак шак, ме пукна во увото 38?степени, нати рецепта, имаш долу аптека одма, земам 13.7евра лекарства, се уредно со фискална и печати од доктор, па идење дома и наредниот ден право во триглав. Пополнив пријава за штета, и оставив копии од документи што требаа и еве после нешто повеќе од месец 846ден се вратија на сметка.

Поздрав до триглав.

Браво за Триглав, одлична поддршка. Добро е и прегледот што не ти е наплатен, обично прегледите се скапи.

Одличен пост, до сега не ми притребало, ама убаво да се знае што како треба во случај да затреба.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #429 на: 12 Септември 2017, 13:46:30 pm »
Прочитај го упатството за патничко осигурување,  во глобала ништо не ви следува т. е.  за многу работи не важи!
Најсигурно важи само за недајбоже нешто по пат ако се деси.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
  • Custom made interiors
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #430 на: 02 Октомври 2017, 22:51:54 pm »
Ако ја смениш осигурителната компанија за регистрација на колата дали го губиш попустот?

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #431 на: 02 Октомври 2017, 23:11:11 pm »
Не. Попустот нема врска со компанијата.

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6814
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #432 на: 12 Октомври 2017, 17:29:24 pm »
Ај едно прашање

Се повредив додека возев точак, го скинав лактото, 5 конци, и 15 дена боледување, моментално вработен.
Имам право на некаква оштета или зависи од договорот на фирмата со осигурителната компанија?

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1887
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #433 на: 12 Октомври 2017, 17:34:46 pm »
Ako imate kolektivno osiguruvanje, odnosno ako sekoj mesec vi odbivaat po 100 do 200 denari od plata za osiguranje, imas pravo na oshteta, ali pak je treba da se vidi polisata, dali ste 24 chasa osigurani ili samo vo rabotno vreme.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #434 на: 13 Октомври 2017, 08:53:16 am »
Триглав е број еден.