Да споделам искуство со патничко осигурување:
- Осигуран на 15 дена, годишно, во соседни земји без франшиза во Триглав - 315ден
Се случи да кренам температура додека бев Кефалонија на одмор, вториот ден, па носевме парацетамол, се напив 2-3 апчиња во текот на вечерта и сабајлето и го истерав денот, ама следната вечер не можев да издржам, не можев да спијам, ми се врти во главата. Па во 4 часот сабајлето тргнав накај болницата во главниот град - 10мин од сместување, тука надвор се јавив на тој унгарскиот број од 24 часа поддршка да ме упатат каде да одам, што да правам пошто така викаше китапот (за Грција пожелно е да сте на Водафон од Вип за најефтино). Јас си реков ќе ми речеа терај на болница ама не било така... па, се јаве една тетка, хелоу мелоу, кен ју хир ми? ми исклуче.... ај мајката си реков ќе се натегам со овие, ќе ме топкаат.
Втора шанса, добро вечер, повелете шо треба како треба, се јаве тетка на српски, јас македонски и се разбравме ми објасни се, ме праша каде се наоѓам, дали имам возило, дали можам да појдам до лекар или тој да дојди кај мене, и ми рече почекај за 20 мин ќе ти се јавам и во порака ќе ти пуштам детали. И ете ја за 20 мин, ми се јавува и потоа ми пушта во порака дека имам термин во 9.30 кај таа ординација на таа улица, тука во центарот.
Потоа отидов на преглед, шак шак, ме пукна во увото 38?степени, нати рецепта, имаш долу аптека одма, земам 13.7евра лекарства, се уредно со фискална и печати од доктор, па идење дома и наредниот ден право во триглав. Пополнив пријава за штета, и оставив копии од документи што требаа и еве после нешто повеќе од месец 846ден се вратија на сметка.
Поздрав до триглав.