Јас имам не баш убаво искуство од Осигурителна Полиса, ама ќе почекам уште малку пред да ги пљукам. Пробаа да ме изрекетираат, да платиме 50% од штета каде немаме никаква кривица, ама ај као нешто нејасно им е, да им дадам шанса.
Се работи за возилото на жена ми. На излегување од работа кај плоштад при разминување камион ја закачи за браник, па во обид да се врати го откорна браникот. Значи жена ми застана за да го причека камионов да изманеврира, ама овој не процени ситуација и ја поткачи со странична преграда, па на враќање ја еб* работата и го окторна браникот, го загреба крилото и ги скрши држажите на фарот.
Од осигурителна ме пратија во Мерцедес, го оставив возилото, па ме еб*ваа наваму натаму да носам, фактура и незнам што. Кога беше готова колата требало да пратат гарантно писмо и незнам што и ми се јавува некој од осигурителна ми вика пративме гарантно писмо на 50% од фактурата(50К денари), другото ќе треба да си го платите. Онака, не ми се веруваше што слушам, прво го направив пепел по телефон, па отидов во живо да се разберам. Класика македонска, си пробаа АПП, па морав да пишам приговор и пак да објаснувам ситуација која веќе им е ојбаснета. Ако не помине така, ќе се тужиме, па макар и да ме кошта 20 пати повеќе од штетата. На крај ќе ми платат и оштета и камати и се. Се надевам дека нема да одиме до таму.
Во меѓувреме на работа спроведуваме тендер за осигурување од 2.5 милиони евра, па ако се дупиме и јас имам такво за дупење...