Член 302
(1) Кога управува со моторно возило, возачот е должен кај себе да има
соодветна важечка возачка дозвола и истата е должен да ја покаже на барање
на униформиран полициски службеник.
(2) Сопственикот односно носителот на правото на користење на возило,
не смее да го даде возилото на управување на лицето од членовите 232, 233 и
234 на овој закон, ниту на лицето кое нема право да управува со моторно
возило, односно на лицето кое нема право да управува со категоријата моторни
возила во која спаѓа тоа возило.
(3) Сопственикот односно носителот на правото на користење на возило,
е должен на барање на униформиран полициски службеник, да даде податоци
за идентитетот на лицето на кое му го дал возилото на управување.
(4) Сопственикот, односно носителот на правото на користење на
возилото, може да го даде возилото на управување на лице државјанин на
Република Македонија да го изнесе надвор од границите на Републка
Македонија, само врз основа на одобрение издадено од сопственикот, односно
носителот на правото на користење на возилото, преку овластено правно лице
за вршење на технички преглед..
(5) Одредбите од ставот (4) на овој член, не се однесуваат за правните
лица чија основна дејност е „меѓународен превоз на патници и стока“, односно
истите задолжително треба да поседуваат патен налог и полномошно заверено
од одговорното лице во правното лице.
(6) За издаденото одобрение од став (4) на овој член, овластеното правно
лице од ставот 4 на овој член, води евиденција.
(7) Евиденцијата од ставот (6) на овој закон, содржи податоци за лицето
на кое му е дозволено управување со возилото надвор од границите на
Република Македонија, како и податоци што се содржани во сообраќајната
дозвола на возилото на сопственикот на возилото.
(8 ) На правното лицe кое постапува спротивно на одредбата од ставот (2)
на овој член ќе му се изрече глоба во износ од 520 до 1.350 евра во денарска
противвредност.
(9) За прекршокот од ставот (8 ) на овој член глоба во износ од 550 евра во
денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лицe во правното
лице.
(10) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на сопственикот односно носителот на правото на користење на
возилото, кој постапува спротивно на одредбата од ставот (2) на овој член.
(11) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка, согласно одредбите на овој закон ќе му се изрече на сопственикот
односно носителот на правото на користење на возилото, кој постапува
спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член.
(12) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.