Кога прашував, ми кажаа дека тоа „каското“ за 5 евра нема врска. Има некакви ограничувања у ситниот текст - рецимо, ми кажаа дека на Евроинс тоа „каско“ не важи ако ти ја удрат колата на паркинг, односно местото каде што се дешаваат 99% од ситните заебанции. Сега можеби е сменето, јас прашував пред повеќе од 2 години.
Осигурувањето ние што го плаќаме (што е обврзувачко) покрива штета ако ти направиш беља, на оштетениот да му се покријат трошоците. Ти сам ќе си ги покриеш, пошто ти си крив. Со тие осигурања се покрива дисбалансот во платежната моќ на учесниците во сообраќајот. Грубо кажано - немам пари, возам кола што кошта 1000 евра, се случува да удрам друга кола што кошта 50.000 евра. Ако треба да ги покријам јас лично трошоците за поправање на таа кола (односно, ако немам осигурување) ќе банкротирам и ќе треба да продадам бубрег (или два) за да успеам да ги покријам трошоците.
Од друга страна, јас сè уште го гледам каското како убава работа, највеќе од аспектот да имам мирна глава. Еве, на брат му на Симо му ја удрија поранешната кола пред куќа. Нит виделе кој ја удрил, нит можеа да установат. Си активираа каско и фино-лепо ја средија колата.
--
Едит: Кај нас осигуруваме возило. Во странство се осигурува возилото и специфичен возач. На пример, ако колата е на татко ми, и само он е впишан во осигурувањето, тогаш осигурувањето е валидно само ако тој возел кога се случила несреќата. За дополнителни возачи се доплаќа, и тоа дебело, во зависност од возраста на возачот (ризична возраст, ово-оно).