Пред неколку дена пред да одам на одмор на паркингот на работа колегата враќајки на назад удри кај мене во предниот дел.
Штетата минимална но рече дека ќе си ја покрие со неговото осигурување.
Направивме европски и им го пуштив во неговата осигурителна компанија.
Истотака им пуштив и профактура колку би чинела поправката во сервис(не официјален за Мерцедес) ппшо пред тоа имав пуштено слики во сервисот и ми изготвија профактура во висина од околу 3300€(kostenvoranschlag на германски).
Ми вратија дека за штети над 3000€, мора да има и мислење од проценител.
Ден пред да тргнам на одмор колата беше на проценител,па проценителот процени дека штетата изнесува околу 5500€.
Па така со оштетена кола заминав на одмор,а од осигурањето ме чекаа да им испратам уште некои ситни документи за да ја исплатат штетата,но додека бев на одмор не бев во можност да им ги пратам па оставив за ко ќе се вратам.
Додека бев на одмор си ја средив колата,се вратив па им пратив документите,си платија културно без натегања и тука завршува приказната.
Е сега на следната слика ќе видите возило со штета од околу 5500€.

Оштетени делови кај мене беа
-пукнат браник(микропукнатина не забележлива околу 5см) и откачен од лежишта(на спојот со крилото од десната страна не лежеше во линија)
-пукнат знак(на предната маска)
-изгребена таблица 😂
-пукнат држач од лев фар
Имав купено друга маска Panamericana GT,арно ама не стигна во Мк на време по тој шо ја пуштив и си остана старата која е здрава.
п.с се работи за случај во Германија,нема врска со ниту една осигурителна компанија од Македонија да нема забуни.
п.п.с кога ќе куцате по карвертикал проверки и сл. да знаете дека и за глупост можи да има илјадници евра штета.