Имав нешто слично со претходната кола. За пукнат браник од неколку цм и некоја грепка на хром лајсни, наплатија 53000 денари. Воопшто не ме интересираше цената, си порачаа фабричка средна маска и нови хром лајсни, а браникот го префарбаа. Немаше никаква разлика од претходно. Кога ја продадов колата, му ги дадов сликите пред/потоа и фактурата од сервис, на новиот сопственик.
Можев да ја возам и така како што беше после малиот удес. Ме удри комшија на влез/излез од гаража. Човекот не ме биде убаво поради дождливо време и голема влажност.