Автор Тема: Осигурителни компании  (Прочитано 136633 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #840 на: 26 Август 2025, 23:06:40 pm »
Пред неколку дена пред да одам на одмор на паркингот на работа колегата враќајки на назад удри кај мене во предниот дел.
Штетата минимална но рече дека ќе си ја покрие со неговото осигурување.
Направивме европски и им го пуштив во неговата осигурителна компанија.
Истотака им пуштив и профактура колку би чинела поправката во сервис(не официјален за Мерцедес) ппшо пред тоа имав пуштено слики во сервисот и ми изготвија профактура во висина од околу 3300€(kostenvoranschlag на германски).
Ми вратија дека за штети над 3000€, мора да има и мислење од проценител.

Ден пред да тргнам на одмор колата беше на проценител,па проценителот процени дека штетата изнесува околу 5500€.
Па така со оштетена кола заминав на одмор,а од осигурањето ме чекаа да им испратам уште некои ситни документи за да ја исплатат штетата,но додека бев на одмор не бев во можност да им ги пратам па оставив за ко ќе се вратам.
Додека бев на одмор си ја средив колата,се вратив па им пратив документите,си платија културно без натегања и тука завршува приказната.
Е сега на следната слика ќе видите возило со штета од околу 5500€.



Оштетени делови кај мене беа
-пукнат браник(микропукнатина не забележлива околу 5см) и откачен од лежишта(на спојот со крилото од десната страна не лежеше во линија)
-пукнат знак(на предната маска)
-изгребена таблица 😂
-пукнат држач од лев фар
 Имав купено друга маска Panamericana GT,арно ама не стигна во Мк на време по тој шо ја пуштив и си остана старата која е здрава.
п.с се работи за случај во Германија,нема врска со ниту една осигурителна компанија од Македонија да нема забуни.

п.п.с кога ќе куцате по карвертикал проверки и сл. да знаете дека и за глупост можи да има илјадници евра штета.


« Последно менување: 26 Август 2025, 23:12:55 pm MecheTo »
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #841 на: 26 Август 2025, 23:33:01 pm »
Те фатија поправките 500 евра?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #842 на: 26 Август 2025, 23:53:50 pm »
Тоа е деловна тајна. ;D
Ама ајде со се маска шо купив,знак шо треба сега да го порачам,бакшиш на мајсторот да обрни повеќе внимание и сл. ќе дојди тука негде. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #843 на: 27 Август 2025, 00:23:04 am »
Гратис гориво за цела година. Ашколсун.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #844 на: 27 Август 2025, 06:43:07 am »
Супер што не си обврзан да одиш во нивен сервис, па они таму директ да префрлат пари

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1887
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #845 на: 27 Август 2025, 08:26:16 am »
Пред неколку дена пред да одам на одмор на паркингот на работа колегата враќајки на назад удри кај мене во предниот дел.
Штетата минимална но рече дека ќе си ја покрие со неговото осигурување.
Направивме европски и им го пуштив во неговата осигурителна компанија.
Истотака им пуштив и профактура колку би чинела поправката во сервис(не официјален за Мерцедес) ппшо пред тоа имав пуштено слики во сервисот и ми изготвија профактура во висина од околу 3300€(kostenvoranschlag на германски).
Ми вратија дека за штети над 3000€, мора да има и мислење од проценител.

Ден пред да тргнам на одмор колата беше на проценител,па проценителот процени дека штетата изнесува околу 5500€.
Па така со оштетена кола заминав на одмор,а од осигурањето ме чекаа да им испратам уште некои ситни документи за да ја исплатат штетата,но додека бев на одмор не бев во можност да им ги пратам па оставив за ко ќе се вратам.
Додека бев на одмор си ја средив колата,се вратив па им пратив документите,си платија културно без натегања и тука завршува приказната.
Е сега на следната слика ќе видите возило со штета од околу 5500€.



Оштетени делови кај мене беа
-пукнат браник(микропукнатина не забележлива околу 5см) и откачен од лежишта(на спојот со крилото од десната страна не лежеше во линија)
-пукнат знак(на предната маска)
-изгребена таблица 😂
-пукнат држач од лев фар
 Имав купено друга маска Panamericana GT,арно ама не стигна во Мк на време по тој шо ја пуштив и си остана старата која е здрава.
п.с се работи за случај во Германија,нема врска со ниту една осигурителна компанија од Македонија да нема забуни.

п.п.с кога ќе куцате по карвертикал проверки и сл. да знаете дека и за глупост можи да има илјадници евра штета.



И во Македонија би земал голема сума за тоа.
за пукнат браник макар и 1 цм ти следни нов браник, и се што иде со него, фарбање монтажа демонтажа, држачи ...
За пукнат знак исто нов знак
За пукнат држач од фар ти следи нов фар, а твоиве фарови не верувам дека еден е под 2,500 евра
Така да ОК ти е пресметката, доколку сакаш да ја доведеш колата во состојба како што била пред ударот, е сега тоа што несакаш :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #846 на: 27 Август 2025, 09:07:47 am »
Тоа е така,но знаеме колку и какви натегања ќе имаше посебно да ти се падни Евроинс(ако сеуште постои).

Инаку пред ударот браникот имаше некое оштетување од камче и сл. сега нема така да е подобра од предходно, само имам залепен држач од фар,а тоа и не е така страшно.

Ионака кога ќе се продава ќе дојди некој да се ценка,така да нека мава колегата уште еднаш-два пати ако сака таман да ми дојди  без пари колата. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4017
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #847 на: 27 Август 2025, 09:13:41 am »
Наредна година речи му да го удри малце задниот браник 😀
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #848 на: 27 Август 2025, 10:53:03 am »
К*рназ е мечето, ќе начека некоја мечка позади удрена, ќе препакува се.
Него, добар бизнис ова. Лупај, и прави ефтино. Па ќе дојде румун или пољак, и ќе оди натака колата.  ;D

(одма на превари ни бега умот)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #849 на: 27 Август 2025, 11:49:45 am »
Арапите тоа го работат на големо.
Јас немам време да се занимавам со такви работи,а логистика за евтини делови имам колку сакам и зљ каква кола сакам.
Од мотори,лимарија се и сешто има во Англија.
Е сеа кога ќе ми дојди на "палец" логично е што би направил.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #850 на: 27 Август 2025, 12:49:19 pm »
Тоа се вика измама, е кривично дело и би требало да се лежи затвор.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #851 на: 27 Август 2025, 15:01:31 pm »
Што се вика измама?
Тоа што го прават арапите или тоа што јас си ја поправив колата за поевтино?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #852 на: 27 Август 2025, 15:34:16 pm »
За арапите збориме, мислам дека се подразбира тоа.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #853 на: 27 Август 2025, 15:48:54 pm »
Kolku dubari se pravat niz Germanija, da znaete se ke se krstite

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #854 на: 27 Август 2025, 15:58:11 pm »
Се прават дубари како секаде ама не е толку едноставно да земеш да се договориш со некој и мавај,пријавувај штета.

Има и регулаторни тела кои чешлаат предмети,ана на арапите една фамилија 45 луѓе кој ќе им го најди крајот па функционираат некако.Па можеби и ги фаќаат кој ги знае,не сум во тој "бизнис"

Поентата на постот ми беше да видите дека за колку мали и незначителни оштетувања иди до голема сума на штета.
Ќе ги прикачам сликите поединечно од оштетените делови покасно ако имам време.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D