Автор Тема: Осигурителни компании  (Прочитано 136660 пати)

Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #825 на: 02 Август 2025, 21:46:44 pm »
Користењето на ChatGPT во постот беше само да се структуира подобро, локација име и датум се намерно оставени намерно така, за да не го споделувам идентитетот а и да не ја објавувам компанијата додека не се реши

Све океј друже,гледај да може да ти се реши проблемот.Дал е чатџипити или што ти ја знам важно да се разбираме.Баш зезната ситуација нешто размислувам дали некогаш си имал  со таа осигурителна ? па да те имаат во архив или никогаш како гром од ведро небо ти се јавија?
Не сум бил клиент кај нив никогаш…

ChatGPT веќе се користи три години и тоа не е ништо ново. Секој нормален човек го гледа како предност во многу нешта – од пишување емаилови, административна работа, до секојдневни текстови. Не треба да се срамиме од нешто што реално ни е од бенефит. Те уверувам дека многу луѓе овде го користат. Нема да живееме 174 години, па зошто да не ги користиме сите благодети што ги нуди современото време?

Порано писарниците куцаа еден документ со денови, сега за 11 секунди можеш да добиеш 3.000 збора. Тоа е прогрес, не мрзливост. Мора да гледаме позитивно на ваквите алатки.

А што се однесува до осигурителни компании – тие се исти како брзите кредити. Пример, некој ќе остави твој број без дозвола, и потоа тие те замараат иако никогаш не си бил нивен клиент. Но и за тоа има лек – како што секој проблем има почеток, така има и решение.Но ова кај тебе е баш баш сумљиво јас сум гласноговрник кога се во прашање таквите кримогени здруженија  наречени осигурителни,кои се основани со почетен капитал со само 700 илјади евра и после оперираат врз обичниот граѓанин по сите основи.Во Современи земји има лек за нив и тоа многу многу ефикасен.Да се вратиме на твојот проблем дали пријави во мвр? по тој редолсед мораш да одиш или веднаш пиши им емаил знаеш дека е викенд тешко дека ке добиеш повратен одговор.Издржи до понеделник замолувам од некој од членовите ако имал сличен проблем да се вклучи во дискусијата.
Благодарам.

Не поднесов пријава до МВР бидејќи сметам дека тоа е крајна мерка. Сега само што пратив мејл со приложени докази до осигурителната компанија. Штом добијам одговор, ќе споделам  :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #826 на: 03 Август 2025, 09:14:26 am »
Не се замарај до нив, прати до АСО.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #827 на: 03 Август 2025, 16:34:22 pm »
What if Jimny is Zero's alter ego...

Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #828 на: 04 Август 2025, 17:41:08 pm »
Не се замарај до нив, прати до АСО.
Денес не добив никаков одговор на мејл, проверив го помиштиле осигурувањето, ќе бидат пријавени до Агенцијата за супервизија на осигурување, како и Комисијата за заштита на лични податоци.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #829 на: 04 Август 2025, 18:05:17 pm »
Супер, нека ги репнат сеа. Акп не ти достави АСО што мерки презеле, потсети ги :)

Дали може да споделиш за која компанија станува збор

Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #830 на: 04 Август 2025, 18:48:57 pm »
Супер, нека ги репнат сеа. Акп не ти достави АСО што мерки презеле, потсети ги :)

Дали може да споделиш за која компанија станува збор
Минт осигурување

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #831 на: 04 Август 2025, 19:02:49 pm »
Јас првпат слушам за тоа МИНТ, зошто не одиш веќе кога мора да се оди некаде земи уника,триглав тие што се по звучни мада исто срање се сите.Терај ги до крај сеа тој/таа тоа што ти направиле да памти..сеа начукуј сув до крај нема чичо!! е сеа ке го родат чичо.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #832 на: 04 Август 2025, 19:07:03 pm »
@audi.mk Реагиравме навреме 100%! Очигледно некој чита, сфатиле дека направиле пропуст и затоа повлекле. Види ги датумите, ако имаш увид сè укажува на тоа.
Важно е што се спречи на време, благодарение на брзата и јасна интервенција. Само така сплотено, информирано и концизно до крај, против тие што сакаат да нè поткрадат на сите можни начини.
Ќе не дерат само ако молчиме. А ние не молчиме.

Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #833 на: 04 Август 2025, 19:23:22 pm »
Јас првпат слушам за тоа МИНТ, зошто не одиш веќе кога мора да се оди некаде земи уника,триглав тие што се по звучни мада исто срање се сите.Терај ги до крај сеа тој/таа тоа што ти направиле да памти..сеа начукуј сув до крај нема чичо!! е сеа ке го родат чичо.
Денес си го продолжив во истото осигурување како претходно,како што читав на страната на азо, за претставка треба да чекам првин 30 дена одговор од осигурување ако не добијам одговор можам да се жалам дури тогаш а за агенција за заштита на лични податоци ќе пратам барање са утврдување на повреда утре

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #834 на: 04 Август 2025, 19:57:51 pm »
Јас првпат слушам за тоа МИНТ, зошто не одиш веќе кога мора да се оди некаде земи уника,триглав тие што се по звучни мада исто срање се сите.Терај ги до крај сеа тој/таа тоа што ти направиле да памти..сеа начукуј сув до крај нема чичо!! е сеа ке го родат чичо.

@audi.mk Реагиравме навреме 100%! Очигледно некој чита, сфатиле дека направиле пропуст и затоа повлекле. Види ги датумите, ако имаш увид сè укажува на тоа.
Важно е што се спречи на време, благодарение на брзата и јасна интервенција. Само така сплотено, информирано и концизно до крај, против тие што сакаат да нè поткрадат на сите можни начини.
Ќе не дерат само ако молчиме. А ние не молчиме.

Како да читам биполарна особа меѓу две дози медикаменти.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #835 на: 04 Август 2025, 20:00:30 pm »
Јас првпат слушам за тоа МИНТ, зошто не одиш веќе кога мора да се оди некаде земи уника,триглав тие што се по звучни мада исто срање се сите.Терај ги до крај сеа тој/таа тоа што ти направиле да памти..сеа начукуј сув до крај нема чичо!! е сеа ке го родат чичо.

@audi.mk Реагиравме навреме 100%! Очигледно некој чита, сфатиле дека направиле пропуст и затоа повлекле. Види ги датумите, ако имаш увид сè укажува на тоа.
Важно е што се спречи на време, благодарение на брзата и јасна интервенција. Само така сплотено, информирано и концизно до крај, против тие што сакаат да нè поткрадат на сите можни начини.
Ќе не дерат само ако молчиме. А ние не молчиме.

Како да читам биполарна особа меѓу две дози медикаменти.
Тоа му доаѓа како двотактол мешавина😹

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #836 на: 04 Август 2025, 20:22:52 pm »
На која страна го провери осигурањето и полисата.

Од истите и јас добив повик али генерално на непознати броеви не кревам пишав на вибер и рекоа тие и тие сме ако имаш кола за осигурање бла бла, ок фала и ја регистрирав пред некој ден у псс преку триглав вајда ок е, а сега кога вракам филм пред х години попунив еден формулар во една туристичка агенција као патничко гратис бла бла и вајда од таму контактот да не ти текнува дека имаш и ти нешто такво?

Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #837 на: 04 Август 2025, 21:35:46 pm »
На која страна го провери осигурањето и полисата.

Од истите и јас добив повик али генерално на непознати броеви не кревам пишав на вибер и рекоа тие и тие сме ако имаш кола за осигурање бла бла, ок фала и ја регистрирав пред некој ден у псс преку триглав вајда ок е, а сега кога вракам филм пред х години попунив еден формулар во една туристичка агенција као патничко гратис бла бла и вајда од таму контактот да не ти текнува дека имаш и ти нешто такво?

Кога проверував за цени на триглав и уника даваше дека имам веќе полиса и дека неможам да обновам пред 2026 (пред 25 дена проверував на истите страни и ми кажуваше цена) после ми текна на минт и имаше копче плати сметка кај нив на веб и се логирав и појави дека имам полиса кај нив со број на осигурување и дека имам за плаќање толку и толку, инаку порано во СН сообраќаен центар ја имав регистрирано пред 3-4 години ама тие се во стечај и дел од газдите мислам го отворија Минт претпоставувам дека од таму би имале податоци.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #838 на: 04 Август 2025, 21:57:42 pm »
Супер, нека ги репнат сеа. Акп не ти достави АСО што мерки презеле, потсети ги :)

Дали може да споделиш за која компанија станува збор
Минт осигурување

Тие се брокерско друштво, ако не се лажам, фактички препродаваат полиси од осигурителни друштва за одреден процент. Како што беше СН брокер.

Отсутен audi.mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #839 на: 06 Август 2025, 16:19:15 pm »
Пратено претставки до АСО и АЗЛП, штом има одговор ќе пишам тука.