Поскапувањето на осигурувањето да се стави во мирување, одлучи Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност
До крајот на денешниот ден осигурителните компании да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците, бара Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност (КОАО) која денеска на седница го разгледа извештајот од Националното биро за осигурување (НБО) поврзано со зголемените цени по основ на премија за вршење на дејноста на осигурување.