Автор Тема: Осигурителни компании  (Прочитано 122494 пати)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #735 на: 26 Април 2024, 16:56:50 pm »
Ако осигураш македонски возила, ќе ти расте плата. Ако работиш за странска фирма, зависи од странците тоа.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6016
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #736 на: 26 Април 2024, 17:03:35 pm »
https://www.mojaplata.mk/plati/osiguruvanie
Не ми изгледа дека Македончето зема 50к, дали осигурал трактори тука, или supercars во Америка, толку е.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29777
    • CARclub.mk
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #737 на: 26 Април 2024, 18:10:29 pm »
Еве некакво соопштение:

Националното биро за осигурување (НБО) соопштува дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување.

Посочуваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека, како што велат, бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени.

-Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилснка одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, соопштуваат од Националното биро за осигурување, истакнувајќи дека цената на осигурување од автоодговорност во Република Северна Македонија е најниска во регионот.

Од НБО посочуваат дека предходната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и велат дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании во оваа класа, делувајќи демотивирачки на понудата на оваа полиса.

-Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, информираат од Националното биро за осигурување.

https://faktor.mk/nacionalno-biro-za-osiguruvanje-cenata-na-avto-osiguruvanjeto-e-nepromeneta-od-2008-godina-realno-e-pokachuvanjeto

--

Од друга страна:

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) соопшти дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

Од таму велат дека по добиени известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената, направиле актуарски пресметки за проверка, при што било утврдено дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Агенцијата доставила и предлог до Министерството за финансии да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност и со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток. Со ова би се овозможило намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за возилата под 44 киловати останува иста, како што одредило Националното биро за осигурување. Цените се поскапени за 15,4 отсто.

https://meta.mk/aso-smeta-deka-poskapuvanjeto-na-polisite-za-avtomobilsko-osiguruvanje-ne-e-opravdano-bara-ogranichuvanje-na-cenite/

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7339
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #738 на: 26 Април 2024, 19:32:54 pm »

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за возилата под 44 киловати останува иста, како што одредило Националното биро за осигурување. Цените се поскапени за 15,4 отсто.

https://meta.mk/aso-smeta-deka-poskapuvanjeto-na-polisite-za-avtomobilsko-osiguruvanje-ne-e-opravdano-bara-ogranichuvanje-na-cenite/


Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5677
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #739 на: 26 Април 2024, 19:36:51 pm »
Кое возило во денешницата е под 44 киловати, евентуално  по некој Спарк со најслабиот мотор.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7339
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #740 на: 26 Април 2024, 19:38:54 pm »
Мене уште не ми верно дека некој генијалец го напишал она соопштение. Мајко мила.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #741 на: 26 Април 2024, 21:24:28 pm »
Една осигурителна компанија над 80% од продажбата и е автоодговорност. Истата лани направи добивка над 100М.
:)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6016
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #742 на: 26 Април 2024, 21:43:42 pm »
Дууле Сав(а)ич?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #743 на: 27 Април 2024, 13:47:49 pm »
Не.
Осигурителна полиса.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2790
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #744 на: 29 Април 2024, 09:53:18 am »
Вториот изговор е, многу е кренат доларот затоа се кренати цените.

Колку сака нека има изговори, нели постои агенција за супервизија на осигурување? Кур дрват лапаат плати клати врата земај плата. Им текнало зголемиле полисите.. ако нема профит, смени бизнис, а не удри по народот.

Исто и банкине, рокнаа провизии на дишење воздух, едвај 5-60 милиони € профит годишно само, загреота се.

Ама нема една ебана институција што работи ко што треба у државичкава ебана да проконтролира.

Ме интересира, дали можеби имаш инфо какви се цните на камионски превоз споредено со тие од пред некоја година? Горивото е мање-више иста цена со години, со краткотрајни искључоци. Има ли некоја агенција што ги контролира цените на превозот?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #745 на: 29 Април 2024, 10:17:02 am »
Не, тоа е друга класа на осигурување. Единствено АО (за сите типови возила) е регулирана од државата.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2790
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #746 на: 29 Април 2024, 10:17:19 am »
Една осигурителна компанија над 80% од продажбата и е автоодговорност. Истата лани направи добивка над 100М.
:)

Денари, убаво да се наведе и валутата.

Не.
Осигурителна полиса.

Еве детали за финансискиот перформанс на компанијата.


Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2790
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #747 на: 29 Април 2024, 10:18:43 am »
Не, тоа е друга класа на осигурување. Единствено АО (за сите типови возила) е регулирана од државата.

Не бе, не прашувам за осигурање на камиони, прашувам за цената на транспортот, дали уште возат со цените од пред 5 години или се покачени за 50%, пошто цената на горивото е малтене иста.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55046
  • Махер
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #748 на: 29 Април 2024, 16:05:40 pm »
Една осигурителна компанија над 80% од продажбата и е автоодговорност. Истата лани направи добивка над 100М.
:)

Денари, убаво да се наведе и валутата.

Не.
Осигурителна полиса.

Еве детали за финансискиот перформанс на компанијата.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Цитат
Според извештајот на АСО за 2023, Осигурителната индустрија во делот на осигурување од автомобилска одговорност (АО) во 2023 претрпела загуби во износ од 176 милиони денари.

Изгледа не е така розово како пред кооперации што се зборува, дека пливаат во пари. Не знам која нормална фирма свесно би продолжила да работи со загуба.

https://nezavisen.mk/nacionalnoto-biro-za-osiguruvanje-ochekuva-pazarna-a-ne-politichka-odluka-za-polisite-za-avtoodgovornost/

« Последно менување: 29 Април 2024, 16:30:42 pm Deni »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6016
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #749 на: 29 Април 2024, 16:20:14 pm »
Да не излези дека муабетот од пред кооперација е поверодостоен?

Едит:
Си зборувал општо за таа гранка (осигурување). Да, во загуба е, и АД Осигурителна Полиса од нив се двои во делот заработка (приход-расход).
Инаку ете просечна нето плата колку е во осигурувањето...
Убаво објавил @Dodo да нема забуни. Со таа плата ќе процветаме и ќе возиме сите Лексуси...
« Последно менување: 29 Април 2024, 16:36:13 pm nestor04 »