Дечки цените се такви какви што се, и сметам дека во моментов имаме меѓу најефтина Автоодговорност.
Доколку Зелената карта се вклучи во АО полисата ЈАС лично мислам дека ќе е многу неповолно за сите, осигурувањето ќе поскапе за 20-30% и на таа цена ќе плаќаме 15-20 евра за да ни ја издадат зелената карта на име на некакви трошоци.
Многу фамилии имаат две до три коли во куќа од кои на една вадат Зелена карта а на сите ќе плаќаат +20-30 % АО полиса.
Дополнително има и други заеби, сега Зелената карта не е вклучена во Бонус/Малус системот, или за штета направена во странство не се губи бонус во АО полиса, ако ги спојат АО и ЗК, и Зелената карта ќе влезе во пресметката на Бонус/Малус во АО полиса, транспортерите се најголеми штетници бидејќи тие цело време со во странство, тогаш кај дел од нив до небо ќе се качи цената на осигурувањето, сега за сега они си се лабави, у ПМ се штетни дел од нив ама мува не ги лази, мора да им издадеш полиса по цена која е преддефинирана од државата.
Ве молам да не се споредуваме со Бугарија, сериозно, секој малку упатен знае што се случува таму.