@balanar Оф мори мајко... Не префрлаш полиса, ТИ ИЗДАВА ОСИГУРИТЕЛНАТА НОВА, НА ТВОЕ ИМЕ, со важност согласно важноста на регистрацијата на возилото. Кога ќе дадеш сообраќајна, полисата ја пополнуваат агентите по сообраќајната. И да не ја дадеш полисата од претходниот сопственик, нема да ти прават проблем, нормално, има сообраќајна. Јас ја приложив полисата за да не губам време, ете, може ќе сум завршел и без неа работа брзо. Неисе...
Неколку работи само да подвлечам, пошто веќе забегавме и искрено се уморив од објаснување.
Прво -
@Busav праша дали може ПОПУСТ да си префрли од бившата на новата кола.
Второ - Му пишав што треба да однесе во осигурителната, полисата не требало да си ја задржам, требало да ја дадам на новиот сопственик, по твојата логика, која на крај ОТКАКО СЕ ИНФОРМИРАВ, испадна погрешна.
Трето - цело време правиме муабет за ПРЕФРЛАЊЕ НА ПОПУСТ, ти правиш муабет за префрлање полиса, активна, пасивна, истечена, не-знам-каква...
Четврто - цело време ти објаснувам дека полисата е врзана ЗА СОПСТВЕНИКОТ НА ПОЛИСАТА, А НЕ ЗА ВОЗИЛОТО, hence полиса за осигурување од автоодговорност. ТИ ТВРДИШ ДЕКА Е ВРЗАНА ЗА КОЛАТА. Не ја осигуруваш колата од автоодговорност, се осигуруваш себе, како сопственик, пошто колата не може штета да направи сама, без возач (не ми се верува дека го цртам ова).
Другар, ме утепа од едитирање, веќе завршувам тука, не можам да се замарам.
Читај го членот - правата и обврските од договорот преминуваат, но ти издаваат нова полиса НА ТВОЕ ИМЕ, со вредностите од претходно, пошто е веќе платено за таа година. Наредна регистрација пак добиваш нова полиса, со пресметан попуст од полисата од твоето бившо возило.
Кога регистрираш исто возило две години по ред, секоја година добиваш нова полиса, пошто претходната има рок на траење, не ти ја продолжуваат. ДОБИВАШ НОВА, со нов број со се...
Кинески ли правам муабет?