Автор Тема: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО  (Прочитано 39360 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #75 на: 17 Ноември 2011, 15:19:56 pm »
Фаланга, дај остави ги фрустрациите за друго место и кажи со свои зборови што сакаше да кажеш, ако воошто имаше нешто за кажување.

Практично не можам да согледам како во текстовите кои ги приложи во линкови е одговорено на твоите заблуди и нелогични прашања.
Цитат
Кога ефикасноста на моторот е поголема? Кога е повеќе оптеретен или помалку оптеретен? Или пак ефикасноста е иста?
Оптеретување значи колкава е силата која делува спротивно на силата на ротирање на осовината на моторот. Тоа зависи од гравитационите сили на земјата кои делуваат на возилото, силата на воздушниот отпор кој се спротиставува на возилото, внатрешните загуби во пренесување на механичката енергија и друго.

Ефикасност на моторот значи % од потенцијалнта енергија на горивото, кој ќе се претвори во механичка. Таа зависи од геометријата на цилиндарот, количеството на запаливата смеса од воздух и гориво, компресијата, времето оставено за согорување на смесата, тајмингот на палењето и друго. Овие пак параметри зависат од многу други параметри како позицијата на лептирот на грлото на усисната грана, бројот на вртежи, формата на брегастите осовини, подесувањето на палењето и др.

Ефикасноста на моторот не е правопропорционална на оптеретувањето.

Цитат
Под оптеретен мотор се подразбира побогата смеса со гориво отколку кај неоптеретен мотор. Или пак, повеќе стисната папуча за гас отколку idle.
Пишав што е оптеретен мотор. Значи глупо е да поистоветуваш било која од двете работи кои ги кажа(побогата смеса и повеќе стисната папуча на гас) со оптовареност на мотор. Затоа и реков дека прашањата ти се глупи. Но еве се извинувам ако се увреди. Прашањата ти се нелогични и затоа неможе да се одговори.

Што се однесува до побогата смеса, тоа значи неправилно работење на моторот или пак фаза на загревање кога е „под саух“. Кај сите модерни автомобили има мнгоу сензори преку кои се мери AFR (соодносот на кислород и гориво), а потоа компјутерот соодветно дозира така што смесата нема да биде богата или сиромашна. Доколку се случи смесата да е побогата, тоа значи дека нешто не е воред со некој сензор или друг дел од моторот. Тогаш се пали CHECK ENGINE сијаличката.

Цитат
Без да се зема во предвид бројот на вртежите, и во случај кога набљудуваме еден ист мотор.
Бројот на вртежите е тесно поврзан со ефикасноста на моторот. Практично бројот на вртежите го одредува времето на една периода, а 1/4 од таа периода е времето во кое ќе треба да се случи палењето на смесата чиј тајминг е регулиран од компјутерот (кај модерните автомобили). Претпоставувам дека знаеш дека брзината на ширење на пламенот е константна (од прилика 20 метри во секунда), а тоа значи дека при различни вртежи различно ќе се однесува моторот поради што и нема рамномерна карактеристика. Најефикасно е согорувањето при пикот од вртежниот момент, односно тогаш се ослободува најмногу механичка енергија. Меѓутоа тоа не значи ниту најмногу снага ниту пак најекономично работење. Ваљда занеш дека снагата зависи од вртежниот момент помножен со бројот на вртежи, а економијата од потрошеното гориво за поминат пат.

Цитат
Во кој случај моторот е поефикасен? Кога е оптеретен (забрзување од 0-60 за 5 секунди) или неоптеретен (0-60 секунди за 20 секунди)?
Финално на ова прашање не може да се одговори, пишав и зошто во еден од моите претходни постови.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #76 на: 17 Ноември 2011, 16:24:34 pm »
Абе Гојде, така те сакам освен за една работа.
Јас те зборувам за оптеретеност на мотор ти ми кажуваш за оптеретеност на цело возило, ветри, гравитации ова-она. Читај ги постовите и размисли зошто некој прашува нешто. Ти веднаш се фрлаш на одговарање и ги заплеткуваш работите.

Во текстовите кои ги пуштив јасно е објаснето дека најголема ефикасност има моторот кога има најголем притисок во цилиндарот односно каде што вртежниот момент е најголем. Е тоа сакав да се одговори.
Кога е веќе така, држи муабетот дека моторот троши помалку гориво кога е оптеретен окулу 75% (ова го пишува и во текстовите што ги пратив). Што значи дека моторот помалку гориво ќе потроши ако се стартува понагло како што вели Филип (по можност да се забрзува со 75% од оптеретувањето на моторот) и после само да се одржува брзината. Целта е моторот што е можно подолго време да се задржува во оптималниот режим на работа (75% оптеретеност).

Но дали е ова најекономично? Секако дека не е. Може ќе се заштеди некој милилитар гориво ама трошоците се поголеми поради зголеменото абење на деловите поради поголемото оптеретување на моторот. Така би рекол дека со полн гас нема штедење.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #77 на: 17 Ноември 2011, 17:36:13 pm »
Falanga пак збориш нејаснотии.

Оптеретување на моторот не е она кое што мислиш. Делумно ќе се повторам. Тоа со силите кои ги пиашав, сите тие работи делуваат на ротационата оска на моторот, а моторот треба да се справи со нив.

Понатаму...За каков притсиок зборуваш?!?

Моторот троши најмалку гориво кога е изгасен. Најмногу троши на високи вртежи кога дизните ќе бидат најдолго време отворени во секој циклус. Најекономично е кога возиш во највисок степен, во closed loop, при оптимален број на вртежи(тоа зависи од геометријата на моторот, но кај атмосферските бензинци е кон 3000~3500RPM) под услов таа брзина да не е поголема од 110~115km/h. Кога возиш во closed loop, горивото кое моторот го претвара во количество механичка енергија е оптимизирано за да се справи на отпорот(а горе објаснив што е отпорот). Притоа брзината од 110~115km/h ја наведов како некој краен лимит после кој отпорот на воздухот станува неразумно голем за да може да се надокнади со карактеристиките на моторот.

Немој да мешаш економично возење со ефикасност на моторот! Во блогот на filipv добро е објаснето што значи економично возење.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #78 на: 17 Ноември 2011, 18:23:03 pm »
daj be ne tresete gluposti, sto se praete nenormalni, koja vi e taa logika so puna gas da zastedis ???

daj ne bidete mali deca da mi dokazuvate nekoi teorii, aman veke bidete svesni deka TEORIJATA I PRAKSATA ne idat zaedno...

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #79 на: 17 Ноември 2011, 18:33:36 pm »
google е мој чуек ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #80 на: 17 Ноември 2011, 18:57:19 pm »
Гугле добра теорија се докажува во пракса. Проблем е што теоријата не е добра.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #81 на: 17 Ноември 2011, 19:06:00 pm »
И gOJDO ми се свиѓа :)

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #82 на: 18 Ноември 2011, 01:02:41 am »
abe ke vi ibam teoreticarite, dosta gubite vreme zemete naprajte nesto, stavrno me nervirate, jas neznam akko vi se isplati voopste da si ja trosite tastaturata na temava, JAS NESTO POGLUPO NE SUM SLUSNAL VO ZIVOT...

 

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #83 на: 18 Ноември 2011, 09:03:53 am »
Сите ве сакам  :-*

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7687
  • Хорска Секција
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #84 на: 18 Ноември 2011, 10:12:10 am »
Абе све п*деришта овде, на кој му се свиѓаме, кој не сака...Ами за клецање шо прајме?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #85 на: 18 Ноември 2011, 10:14:33 am »
Абе све п*деришта овде, на кој му се свиѓаме, кој не сака...Ами за клецање шо прајме?
Малце ли клецање имаше до сега?

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #86 на: 18 Ноември 2011, 10:16:08 am »
На одмор е таја...не е на работа !

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8519
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #87 на: 18 Ноември 2011, 12:30:32 pm »
На одмор е таја...не е на работа !

Коузнае кај се пука таму... :D :D :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #88 на: 18 Ноември 2011, 12:45:38 pm »
На тие што не им е логично - не го разбрале текстот. Никаде не вика дека брзо возење со педала до под е штедливо возење, таман работа. Вика дека брзо забрзување со педала до под e штедливо возење.

За ова да се сфати, претходно мора да се разбере дека секој мотор горивото воглавно го троши за да се врти самиот себе+мењачот и при тоа да се грее себе си и околината.

Само мал процент од горивото оди на корисни работи: терање на колата, забрзување, угорници, совладување отпор на воздухот, фарови, клима, музика тупцс-тупцс итн итн. Кај бензинците тој процент е едвај 20, кај модерните дизелаши знае оди и над 35, но во секој случај, во споредба со паразитското трошење и понатаму е мал процент.

Ова е клучно да се сфати: кога ќе се прошеташ од Скопје до Охрид и назад, од 1200 денари колку што си оставил на бензинска, 240 те однеле и вратиле, 960 денари само ја загреале и загадиле атмосферата, исто ко просто да си го запалил 960 денари гориво у канта. И сето тоа во идеален случај каков што не постои. Во реалноста, односот корисно/загуба е уште по неповолен. :-(

Одонсот помеѓу паразитските загуби и пропулзијата најубаво се гледа кога треба да споредиш буткање со раце на кола која е во лер и на кола која е во брзина. Во првиот случај и даваш пропулзија на колата, а кога е во брзина, освен бутање на колататреба да се придвижи и комплетот мотор+мењач. Одма се приметуваат две ствари:

1. Буткањето во брзина е многу потешко. Значи, не е малку потешко, не ти фали едно мало детенце да ти помага, туку више треба 5-6 души здраво да ги стегнат газовите. Ова е она со процентите од горе.

2. Колку потешко? зависи од брзината во која е колата. Колку пониска брзина, толку потешко. Значи, што повисока брзина, толку поголема ефикасност. Енергијата потребна за терање на колата во двата случаи е иста (пошто иста е колата) па така заклучуваме дека колку пониска брзина - толку поголеми загуби.

Сега ќе застанам (ми док*рчи пишувањево :-)) и до сега напишаното го изнесувам тука, на дискусија бидејќи - ќе повторам - нема поента да збориме понатаму доколку овие основни работи не се јасни. Во следната епизода: често забораваниот фактор „време“ (t).

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Штедење со полн гас - НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО
« Одговори #89 на: 18 Ноември 2011, 12:50:29 pm »
Филип ефикасноста на моторот при производство на енергија за дадено гориво е различна на различен број на вртежи и различно оптоварување на соодветните вртежи. Се добиве 3Д график кој кај бензинци изгледа вака.



И важи за 95% од сите бензинци. Соодветно моторот прозиведува највеќе моќ за најмалку гориво ако се користи меѓу 2500-3500 вртежи при ПОЛОВИНА оптеретување. Со други зборови нежно притисната педала за гас и менување на брзини на 3500 вртежи.

Ова е многу разработена тема кај камиони, пумпи за вода, генератори...