Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408098 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2055 на: 28 Септември 2017, 00:53:45 am »
Гледаш, се обидувааш да востпоставиш креденцијали и авторитет на учесниците во дискусијава, и преку тоа да делегираш чие мислење каква тежина има. Као „ни јас ни ти не сме професори, ниту научници, и затоа ничие мислење не држи вода“. Или така нешто, во тој стил?

Дискусиите на јавни форуми не функционираат така. Анонимноста не е само за бенефит на дискутантите, туку и за бенефит на дискусијата. Затоа што никој не може да се истопори и да изјави „Јас сум Професор Мр Др Примариус Емеритус Хокус Покус“, и да бара автоматски да му следува некаков авторитет. Не. На јавен форум постои само појдовна еднаквост на сите мислења, и следувателно ценење на мислењето исклучиво според квалитетот и издржаноста на истото.


Затоа подоборо би било, за сите нас, а и за дискусијава, да не дигресираш со повикување (на недостаток) од авторитет. Повеќе од веројатно е, тие кои професионално се бават со Биологија и Генетика, дека не дискутираат на темава. Но дури и да се овде, тоа никогаш нема да го знаеме. Пошто секој овде може да изјави дека е Грегор Мендел, воскреснат за да го едуцира Симо да не биде неук тупаџија кој не разбира дека не може да глуми дискусија за генетски модифицирани организми, без да ги дискутира модификациите на тие организми, ниту да дискутира безбедност од исхрана со ГМО без да ги земе во предвид здравствените импликации од обилните количини на хербицидите без кои не можат да постојат тие ГМО-а.   :-\

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #2056 на: 28 Септември 2017, 01:55:38 am »
http://reporter.mk/zagovor/detsata-na-amishite-imuni-na-site-vidovi-na-bolesti-koi-go-napagaat-sovremeniot-svet/
Kolku i da e ne verodostoen linkov, ni takov ne napisal jadete gmo,  arno e :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #2057 на: 28 Септември 2017, 09:37:25 am »
Гледаш, се обидувааш да востпоставиш креденцијали и авторитет на учесниците во дискусијава, и преку тоа да делегираш чие мислење каква тежина има. Као „ни јас ни ти не сме професори, ниту научници, и затоа ничие мислење не држи вода“. Или така нешто, во тој стил?

Дискусиите на јавни форуми не функционираат така. Анонимноста не е само за бенефит на дискутантите, туку и за бенефит на дискусијата. Затоа што никој не може да се истопори и да изјави „Јас сум Професор Мр Др Примариус Емеритус Хокус Покус“, и да бара автоматски да му следува некаков авторитет. Не. На јавен форум постои само појдовна еднаквост на сите мислења, и следувателно ценење на мислењето исклучиво според квалитетот и издржаноста на истото.


Затоа подоборо би било, за сите нас, а и за дискусијава, да не дигресираш со повикување (на недостаток) од авторитет. Повеќе од веројатно е, тие кои професионално се бават со Биологија и Генетика, дека не дискутираат на темава. Но дури и да се овде, тоа никогаш нема да го знаеме. Пошто секој овде може да изјави дека е Грегор Мендел, воскреснат за да го едуцира Симо да не биде неук тупаџија кој не разбира дека не може да глуми дискусија за генетски модифицирани организми, без да ги дискутира модификациите на тие организми, ниту да дискутира безбедност од исхрана со ГМО без да ги земе во предвид здравствените импликации од обилните количини на хербицидите без кои не можат да постојат тие ГМО-а.   :-\

Повторно претпоставки. Но добро, твојот стил е таков, што да праиме. Вербална дискредитација на нечии познавања се повеќе својствени за твојот начин на дискусија.

Со тоа што ќе кажеш дали твојата професија е блиску врзана или не е со темава на разговор, твојата анонимност нема да биде нарушена. Ниту те прашав што работиш, ниту кај работиш. Ниту имав намера да се повикувам на авторитети. Со прашањето, дали професионално си близок со темава (да/не питалица), само сакав да си потврдам дали ароганцијата што ја покажуваш при дискутирањево е професионално поттикната или си таков човек по дефиниција.

Како и да е, еве една понова студија, објавена лани, од The National Academies of Sciences, Engineering and Medicine, се надевам дека ќе најдеш интересни делови кои ќе помогнат во рационализација на ставовите.

Она што мене ми фати око:
Цитирам:
RECOMMENDATION: Researchers should be discouraged from publishing data that simply compares total kilograms of herbicide used per hectare per year because such data can mislead readers.

Цитирам пак:
FINDING: Both for insect pests and weeds, there is evidence that some species have increased in abundance as IR and HR crops have become widely planted. However, in only a few cases have the increases posed an agronomic problem.



CONCLUSIONS

......
The evolution of resistance to Bt toxin in insect pests was found to be associated with the use of varieties without a high dose of Bt toxin or the absence of refuges. Evolved herbicide resistance in weeds was associated with the overuse of a single herbicide. If GE crops are to be used sustainably, regulations and incentives must be provided to farmers so that more integrated and sustainable pest management approaches become economically feasible.

Overall, the committee found no evidence of cause-and-effect relationships between GE crops and environmental problems However, the complex nature of assessing long-term environmental changes often made it difficult to reach definitive conclusions. That is illustrated by the case of the decline in monarch butterfly populations. Detailed studies of monarch dynamics carried out as of 2015 did not demonstrate an adverse effect related to the increased glyphosate use, but there was still no consensus among researchers that the effects of glyphosate on milkweed has not caused decreased monarch populations.

The committee offers a number of recommendations regarding where investment of public resources in conducting careful experiments and analyses might enable society to make more rigorous assessments of the potential benefits and problems associated with GE crops that would be seen as more legitimate by concerned members of the public than experiments funded by the developers of the technology.
.......

Истите работи важат и за ГМО и за не-ГМО производство. Ако користиш еден хербицид, многу веројатно дека некој коров ќе стане отпорен. Тоа е вековен проблем на секој што се занимава со земјоделие, откако се користат пестициди и хербициди.

 
Немам јас проблеми со слушање (во прикладно време), а за почеток само ќе го искоментирам твојот повик „за верба во науката“ (а со тоа воедно и насловот на видеото): Научниците се први кои ќе ти кажат дека „вербата“ е за тие што не знаат. Науката се обидува да открие, и да знае.


Моја грешка во слободниот превод, не станува збор за верба, туку за доверба. Вистинскиот превод би бил „зошто треба да имаме доверба во начниците“. Кај нас и „trust“ и „belief", може да се преведат како „верба“.  Се надевам го ислуша видеото.

« Последно менување: 28 Септември 2017, 09:45:36 am Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2058 на: 28 Септември 2017, 12:38:30 pm »
Превод од друг јазик секогаш остава место за грешки, иако во случајов можеби и не е баш така. Повеќе би рекол дека од контекстот (на мислата/реченицата) зависи конкретното значење на зборот.

Нејсе. Го одслушав излагањето на Naomi Oreskes и... Не видов во него ништо што се коси во се она што јас го напишав овде. Не се согласувам целосно со нејзиниот повик дека „повикувањето на авторитет“ не е логичка грешка кога се однесува на „научниот консенсуз“, но од друга страна, ако добро си го запазил крајот, на крајот таа и самата ги повика научниците дека треба да бидат подобри комуникатори и да ги образложуваат своите ставови, затоа што (ова е сега мое) - ако некој не го прави тоа, можеби не го прави заради тоа што ставовите и не му се базирани само врз научни сознанија.  :)

Многу од кажаните работи во излагањето на Naomi Oreskes, негативно се одразуваат на твоите ставови од типот „не ме интересира штетата од хербицидите, пошто овде зборуваме за ГМО“. Научниот метод не ти дава за право да го ингнорираш тоа што не ти се допаѓа. Напротив.
Не разбирам... Што е тоа за што ти мислеше дека во излагањето од видеото, е спротивно од тоа што јас го пишувам, или ти оди во прилог само на тебе?

Е а кога сме кај Naomi Oreskes, еве извадок од едно нејзино интервју... Иако се сомевам дека ќе ти се допадне (освен ако конечно не дојдеш до смена на парадигмата).  ;)
https://transitionnetwork.org/news-and-blog/naomi-oreskes-on-the-roots-of-climate-change-denial/
Цитат
Naomi Oreskes:
On the other hand, I think to jump to the conclusion that the solution is nuclear power or genetically modified crops is, let’s just say, not supported by the evidence. One of the things about climate change and fossil fuels is that energy derived from fossil fuels was a super great technology and nobody expected it to do the damage that it’s ended up doing. One of the things we know about technology is that it’s almost always a two-edged sword. It does some things for us very well but it often creates other different problems.

I feel like if there’s any lesson from the history of technology it’s that. So anyone who thinks that nuclear power or genetically modified crops will solve this problem, it seems to me has only got one eye open. That’s what we talk about at the end of The Merchants of Doubt. We talk about this phenomenon which we call ‘techno-fideism’, faith in technology.
^^
Интересно и елоквентно кажано, нели?  ;D



П.С. Смешно е да ме обвинуваш за „вербална дискредитација на твоите познавања“, а истовремено ме повикуваш да се изјаснам дали сум генетички научник (пошто што не сум научник, моето познавање не вредни ништо).  ;)

П.П.С. Студијата што си ја линкал, образложи ја подобро ако сакаш да ја дискутираме. Што ја излагаш како наводен аргумент за твојата теза, очекувам дека си прочитал повеќе од абстрактот. И очекувам повеќе од една релавантна реченица со банален необразложен заклучок:  „Overall, the committee found no evidence of cause-and-effect relationships between GE crops and environmental problems“   кое доаѓа веднаш после еднакво необразложениот диктат:  „RECOMMENDATION: Researchers should be discouraged from publishing data that simply compares total kilograms of herbicide used per hectare per year because such data can mislead readers.“    ;)

П.П.П.С. За „кривицата“ на фармерите, затоа што постојано употребувале еден ист хербицид - ќе ти одговорам во одделен пост... Прво сакам да те оставам сам да размислиш каков педерски-ретардиран спин пренесуваш без да ја разбереш димензијата на педерското во тоа. Ајде можеби ти текне.  ;D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #2059 на: 28 Септември 2017, 14:29:19 pm »
Гласно се рекламираа дека со тие ГМО-а треба најмалку хербициди (и пестициди), и дека затоа се најмалку штетни. Сега кога излегува дека и за нив требаат големи (и се поголеми) количества хербициди, сега што правиме?

Хербициди, пестициди итн. се користат и со гмо и со не-гмо. Ризиците кои ги носат хербицидите не се специфични за гмо.

Коровот мутира и околу гмо и околу не-гмо посеви. Ниту тоа не е специфично за гмо.

гмо растението може да се направи отпорно на некој хербицид, па да се аплицираат поголеми дози до тој еден хербицид.

Со не-гмо растени посевите мора да се прскаат со повеќе разни хербициди. Секој од нив поединечно е можеби во помала количина од тој едниот за гмо, но вкупното количество разни хербициди на крај искача поголемо отколку кај не-гмо посеви.

Башка што влијанието на околината е полесно да се процени за еден специфичен хербицид, отколку за цела менажерија неспецифични хербициди. Наспроти популарното псевдонаучно мнение за опасноста од непредвидените последици, кај не-гмо културите и соодветните неминовни хербициди таа непредвидливост е далеку поголема.

Всушност, и покрај тоа што е неинтуитивно (многу работи во науката се тотално неинтуитивни!), гмо значи поголема, а не помала предвидливост. Тоа е и целата поента со гмо - намерно менување на својствата на поволен начин, наместо да чекаме илјадници богот рандом да ја произведе погодната мутацијата која после ние вештачки ќе ја селектираме... ако воопшто се деси.

Па така, со коров кој неминовно мутира имаме три можни сценарија:

1. никаков или многу мал род
2. голем гмо род со аплицирање на некој специфичен хербицид (хербицид на кој гмо растението е отпорно)
3. помал не-гмо род со аплицирање на пун курац неспецифични харбициди.

Конечно, и гмо, и хербициди, и пестициди и све што човекот измислил во земјоделството се резултат на потреба. Не дека можело и без сето тоа, ама некои зли чичковци со полуцилиндри на главите во мрачна просторија пушеле пури и рекле „абе види ама се топ овие природни посеви без пестициди без ништо, ај да ги заебеме луѓето и да туриме отрови за да добијат рак бухахаха“. Бизнис план кој има за цел да го разболи или убие клиентот не е добар бизнис план, без оглед што сугерираат разните „јаоо отруше нас побише нас“ псевдонаучни извори.

Каде е прогресот за човештвото?

Светската популација упорно да расте.
Просечниот животен век упорно да се зголемува.
Во дадена старосна популација (напр деца) умирачки од ракови се намалуваат, а не се зголемуваат.
Многу болести се елиминирани или близу елиминација.
Апсолутниот бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија и глад за само еден век е преполовен.
Процентот на луѓе кои гладуваат во последниве 25 години е намален од близу 40% на помалку од 10% од светската популација.
Војни, страдања, насилни умирачки, бегалци итн. има помалку од кога и да е во историјата, особено по крајот на Студената војна.

Ова не ли е прогрес?

тие кои професионално се бават со Биологија и Генетика, дека не дискутираат на темава.

Не знам дали ти текнува, ама еднаш имаве баш таква соговорничка баш тука, ама ти нејзините ставови ги отфрли, а нејзината доволна стручност не ја признаваше. Зошто? Затоа што не се согласуваше со она што го пишуваш.

Конечно, не мораме да бидеме професионалци за одредна област за да дискутираме на таа тема. Доволно е да знаеме да разликуваме кредибилни од некредибилни извори, ставовите да ги градиме врз основа на кредибилните извори, а некредибилните да ги игнорираме.

Ова не го пишувам за тебе, Van, бидејќи искуството ми кажува дека нема ни да прочиташ ко шо треба. Го пишувам за другите кои ја читаат темата. Ти слободно игнорирај го.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2060 на: 28 Септември 2017, 15:44:21 pm »
^^
Симо, ти текна ли за што зборев во последниот П.С.... Или се откажа па си повика адвокат?  ::)

Ајде подобар хинт од овој цитираниов подолу, и да сакам не можам да ти дадам:
гмо растението може да се направи отпорно на некој хербицид, па да се аплицираат поголеми дози до тој еден хербицид.

Со не-гмо растени посевите мора да се прскаат со повеќе разни хербициди. Секој од нив поединечно е можеби во помала количина од тој едниот за гмо, но вкупното количество разни хербициди на крај искача поголемо отколку кај не-гмо посеви.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #2061 на: 28 Септември 2017, 15:50:37 pm »
Превод од друг јазик секогаш остава место за грешки, иако во случајов можеби и не е баш така. Повеќе би рекол дека од контекстот (на мислата/реченицата) зависи конкретното значење на зборот.
Имаш право прифаќам. Но довербата во науката е побидна од вербата во науката, останувам со исправката во првичниот слободен превод.

Цитат
Нејсе. Го одслушав излагањето на Naomi Oreskes и... Не видов во него ништо што се коси во се она што јас го напишав овде. Не се согласувам целосно со нејзиниот повик дека „повикувањето на авторитет“ не е логичка грешка кога се однесува на „научниот консенсуз“, но од друга страна, ако добро си го запазил крајот, на крајот таа и самата ги повика научниците дека треба да бидат подобри комуникатори и да ги образложуваат своите ставови, затоа што (ова е сега мое) - ако некој не го прави тоа, можеби не го прави заради тоа што ставовите и не му се базирани само врз научни сознанија.  :)
Баш фино што го дослуша. Она што се коси со тоа што го пишуваш, е дека не го слушаш научниот консензус. Туку изведуваш заклучоци врз основа на спорадични испитувања/заклучоци/студии, кои не го сочунуваат консензусот, туку се баш тоа - спорадични.
Цитат
Многу од кажаните работи во излагањето на Naomi Oreskes, негативно се одразуваат на твоите ставови од типот „не ме интересира штетата од хербицидите, пошто овде зборуваме за ГМО“. Научниот метод не ти дава за право да го ингнорираш тоа што не ти се допаѓа. Напротив.
Не разбирам... Што е тоа за што ти мислеше дека во излагањето од видеото, е спротивно од тоа што јас го пишувам, или ти оди во прилог само на тебе?

Не знам како нешто што кажала Наоми, негативно се одразува на било кој мој став. Нејсе, мојот став е дека „хербицидите се друга тема на муабет, и се офтопик на темава“.
Научниот метод ме тера да ги преиспитувам своите погледи секојдневно. „Question everything“, ти текнува?!

Цитат
Е а кога сме кај Naomi Oreskes, еве извадок од едно нејзино интервју... Иако се сомевам дека ќе ти се допадне (освен ако конечно не дојдеш до смена на парадигмата).  ;)
https://transitionnetwork.org/news-and-blog/naomi-oreskes-on-the-roots-of-climate-change-denial/
Цитат
Naomi Oreskes:
On the other hand, I think to jump to the conclusion that the solution is nuclear power or genetically modified crops is, let’s just say, not supported by the evidence. One of the things about climate change and fossil fuels is that energy derived from fossil fuels was a super great technology and nobody expected it to do the damage that it’s ended up doing. One of the things we know about technology is that it’s almost always a two-edged sword. It does some things for us very well but it often creates other different problems.

I feel like if there’s any lesson from the history of technology it’s that. So anyone who thinks that nuclear power or genetically modified crops will solve this problem, it seems to me has only got one eye open. That’s what we talk about at the end of The Merchants of Doubt. We talk about this phenomenon which we call ‘techno-fideism’, faith in technology.
^^
Интересно и елоквентно кажано, нели?  ;D
Супер кажано. Баш она што ти го зборев пред некој пост. Нема една оштрица ножот. Нуклеарната енергија е супер, ама јебига, Хирошима и Нагасаки и Чернобил и Фукушима ја покажаа другата оштрица. Бенефитот од нуклеарната енергија е сеуште поголем од негативните страни. Еве, ајде не нуклеарна, ќе смениме за енергија од фосилни горива. Бенефитот полека станува помал од негативните последици. Се бориме со загадување, стаклени градини, топење на вечни снегови итн.. Тоа не значи дека науката околу фосилните горива била неуспешен проект, туку дека дошло време да се менува нешто.

Цитат
П.С. Смешно е да ме обвинуваш за „вербална дискредитација на твоите познавања“, а истовремено ме повикуваш да се изјаснам дали сум генетички научник (пошто што не сум научник, моето познавање не вредни ништо).  ;)
Тоа беше чисто човечка љубопитност, ме интересираше од кај потекнува таквиот арогантен начин на дискутирање (со доста лични навреди). Дали поради професионалната врска со темава или чисто таков човек си. Веќе го имам одговорот, не мора да се изјасниш по прашањето.

Цитат
П.П.С. Студијата што си ја линкал, образложи ја подобро ако сакаш да ја дискутираме. Што ја излагаш како наводен аргумент за твојата теза, очекувам дека си прочитал повеќе од абстрактот. И очекувам повеќе од една релавантна реченица со банален необразложен заклучок:  „Overall, the committee found no evidence of cause-and-effect relationships between GE crops and environmental problems“   кое доаѓа веднаш после еднакво необразложениот диктат:  „RECOMMENDATION: Researchers should be discouraged from publishing data that simply compares total kilograms of herbicide used per hectare per year because such data can mislead readers.“    ;)
На скоро 600 страници е сублимирано научно знаење од преку 20 години одгледување на ГМО, со осврт на сите горечки прашања, меѓу другото и на влијанието врз околината и употреба на хербициди и инсектициди, како и штетноста на самите ГМО. Нема што подобро да ја образложувам, прочитај го воведот на студијата.

Цитат
П.П.П.С. За „кривицата“ на фармерите, затоа што постојано употребувале еден ист хербицид - ќе ти одговорам во одделен пост... Прво сакам да те оставам сам да размислиш каков педерски-ретардиран спин пренесуваш без да ја разбереш димензијата на педерското во тоа. Ајде можеби ти текне.  ;D
Нема кривица кај фармерите. Постои досегашно искуство и препораки како во иднина да се надмине проблемот. Еве размислувам и никако да го фатам педерлакот.

П.С.  размислување пред спиење: There are currently 484 unique cases (species x site of action) of herbicide resistant weeds globally, with 252 species (146 dicots and 106 monocots). Weeds have evolved resistance to 23 of the 26 known herbicide sites of action and to 163 different herbicides. Herbicide resistant weeds have been reported in 92 crops in 69 countries. The website has 2525 registered users and 547 weed scientists have contributed new cases of herbicide resistant weeds. http://www.weedscience.org/

Веројатно Монсанто и глифосат се криви за се ова, м? BTW, веројатно знаеш дека глифосат веќе не е под патент на монсанто и го произведуваат куп други производители, и сеуште е најпродаваниот хербицид на светот. WHO упорно го третира како хербицид сигурен за примена. http://www.who.int/foodsafety/faq/en/  (Q 9, 10 и 11).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2062 на: 28 Септември 2017, 16:36:30 pm »
Taка де, WHO и DDT со децении „упорно го третираше како хербицид сигурен за примена“. Глифосат „кравата“ уште треба да се молзи, пред да се „открие“ дека бил штетен за луѓето. Но мислам дека се спремаат да ја кажат вистината, пошто се насобраа премногу такви „ненаучен консенсуз“ ама сепак peer reviewed научни студии.
https://www.reuters.com/investigates/special-report/glyphosate-cancer-data/

Индустријата се спрема за преоѓање на нов меинстрим хербицид. Истекувањето на патентот за Глифосат е една од причините (губење на монопол кон домашните и азиските произведувачи).
По се изгледа дека замената ќе биде IFT (isoxaflutole) од Bayer... Патем:
https://www.realclearpolitics.com/articles/2017/09/26/why_the_bayer-monsanto_deal_deserves_approval_135088.html


Нејсе. Мило ми е дека ти се допаѓа ставот на Naomi Oreskes, да потсетам само што изјави таа:
(го извадив „nuclear power“ за да ја истакнам поентата за нашава дискусија)
...to jump to the conclusion that the solution is genetically modified crops is, let’s just say, not supported by the evidence.
И ова:
So anyone who thinks that genetically modified crops will solve this problem, it seems to me has only got one eye open.

Во секој случај... Штом ти се допаѓа ставот на Naomi Oreskes, значи се согласуваш дека сегашнава итерација на генетски модификации, не е решение на проблемот за одржливо долгорочно производство на храна.   ;)




Нема кривица кај фармерите. Постои досегашно искуство и препораки како во иднина да се надмине проблемот. Еве размислувам и никако да го фатам педерлакот.

А толку е едноставно.   ;D

Нели и самиот погоре наведе дека, за да не се развива набрзина отпорност кај плевелите, треба диверзификација, односно ротација на различни хербициди секоја година?

Епа не може така, пошто ГМО посевите се генетски модифицирани да бидат отпорни кон еден конкретен хербицид (кој го продава истата компанија, која ги продава и ГМО семињата). Ако ГМО посеви кои се модифицирани да бидат отпорни кон Роундуп, или друг хербицид базиран на Глифосат... Ако ги прскаш со некој различен, друг хербицид... ТОЈ ХЕРБИЦИД ЌЕ ГИ УБИЕ ТИЕ ГМО МНОГУ ПОБРЗО ОДКОЛКУ ШТО ЌЕ ГИ УБИЕ ПЛЕВЕЛИТЕ.
Comprende pendejo?  :)


едит: лапсус лингва, напишано пестицид наместо хербицид   :o
« Последно менување: 29 Септември 2017, 01:28:49 am Van »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #2063 на: 28 Септември 2017, 19:08:39 pm »
Со прегорено моторно масло нека прескаат. Едно 15 год нема ништо да никне :) ни коров ни моров :) е сеа и пченка нема да расте ама ќе се истреби коровот :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: ГМО
« Одговори #2064 на: 28 Септември 2017, 19:42:11 pm »
Испрска татко ми околу гаража и пак си пораснаа глупости :D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #2065 на: 28 Септември 2017, 20:45:29 pm »
Е**те капињето .... и пирејот. Што знам кај што игравме фудбал како деца некој имаше истурено уље, долги години стоеше црна флека, ништо не растеше. Мада претњжно трева беше тој дел. Не ме чуди за капиње и пиреј ...

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: ГМО
« Одговори #2066 на: 09 Октомври 2017, 11:38:58 am »
Ебаве земјоделците. Мотика во рака немате фатено, знаете како се прска и произведува.  ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #2067 на: 09 Октомври 2017, 20:55:17 pm »
Имаме, ама мачно е. Мачно е кога ќе му речиш некому 10 ден за кило компири, и скапо му е, ти се ценка, а в кафич/дискотека не му е скапо 150 за 0,33 скопско...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #2068 на: 09 Октомври 2017, 21:08:27 pm »
Добра година беше ова, Чале мој патлиџаните 50 ден кило, си доаѓа странката се упатува кон парцелата си бере што сака колку сака на крај се мери кешче и чао џаци ;D

Он топик, на парцелата имаше доминантна култура Старо семе и хибрид најновије генерације Росалина. Никој неќе од хибридот, сите берат од старото семе. Хибридот одличен за транспорт и чување, недела дена не мења структура, сите плодови исти, вкус ко јабука ...

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: ГМО
« Одговори #2069 на: 10 Октомври 2017, 00:19:04 am »
Имаме, ама мачно е. Мачно е кога ќе му речиш некому 10 ден за кило компири, и скапо му е, ти се ценка, а в кафич/дискотека не му е скапо 150 за 0,33 скопско...

Каде има 10 динари компир? Кажи да купам цел шлепер :)

Во контекст на постот од Куоре погоре, баш ме интересира дали симпатизерите на ГМО преферираат ГМО производи кога имаат избор помеѓу нив и ГнеМО?

@Luki Junior  Лукашине, лепо си то реко, љуби те деда.
Brains are awesome. I wish everybody had one.