Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408097 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #2070 на: 10 Октомври 2017, 01:52:37 am »
Така е муабетот де, 50 нека е, ќе се отепаш од копање, кофи носење со вода ако нема хидрофор....пченката последно беше 12-13ден (сосе кочан). Башка ако не ја шитнеш одма губи тежина(се суши). Али тоа одамна беше, пред 15+год. Уште гмо не беше актуелно. Тешка работа е како сакаш речи.
Инаку не знам онај индустрискион патлижан(домат) али е гмо али не, али убав е за манџање :)
Не верувам дека некој кој што главен приход му е земјоделие ќе се замара со тоа дали е гмо ило не е. Прошетај по пазариве и направи споредба од гмо јаболко кое е прскано и киселачки("природни", непрскани, црвосани) и спореди ги цените....
« Последно менување: 10 Октомври 2017, 02:40:37 am Bicikle »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #2071 на: 10 Октомври 2017, 01:53:36 am »
Не е гмо,  хибриди се тоа..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #2072 на: 10 Октомври 2017, 02:43:04 am »
Да де за ними мислев, зборот ми беше дека секој "јаде" со око, не со јазик или па да испитува состав, пестициди итн...
Т.е. барем пошироката маса.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2073 на: 10 Октомври 2017, 02:48:03 am »
Во контекст на постот од Куоре погоре, баш ме интересира дали симпатизерите на ГМО преферираат ГМО производи кога имаат избор помеѓу нив и ГнеМО?

Не. Ама модерно е да се кака дека си „едуциран“ и „про-наука“, и слично.



Заеби што врска нема со реалност.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: ГМО
« Одговори #2074 на: 10 Октомври 2017, 08:57:31 am »
Конкретно доматите што се произведуваат кај нас веќе последните 15 години се хибридни семиња и ГМО. Ретко се наоѓа “старо“ семе, или сорти кои порано биле популарни. Голем дел од старото семе (особено ако е засадено до хибрид/ГМО семе) е мешавина од неколку семиња, хибриди, кои најчесто завршуваат со извитоперен плод кој не се знае ни што сорта е, ни каков е на вкус.
 
Хербицидите и пестицидите се ставаат од око и најчесто се неадекватни за засадената површина/култура (А нивниот квалитет, концентрација, несакани ефекти се сосема друга работа). Вината ја делат производителите и продавачите во земјоделските аптеки. Плус, многу малку луѓе знаат кога и како се запрашуваат насадите, заради рекла-казала муабети, недоречености, недостаток на знаење и искуство.

Од друга страна, никој не остана да произведува. Помлад од 50годишен не наоѓаш на поле. Најголем дел од зеленчукот и овошјето се задоволува од увоз. А што доаѓа од преку граница, не знам и не можам да тврдам.

Интересно е што никој не го боли стојко едно дваесет години за што се случува во локалното производство, а има еден куп анти-ваксери, анти-гмо едуцирани шапшали меѓу луѓето кои требало да направат разлика во животот, производството и пласманот на квалитетни производи за директна консумација или за малата преработувачка индустрија. После, другите ни се криви што сме неспособни и без визија и идеја за иднината.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #2075 на: 10 Октомври 2017, 09:00:04 am »
Башка што секој заинтересиран е потпомогнат од масовни ЕУ средства низ програмите за грантови кои не се искористуваат ни околу 5%. Молат некој да направи проект за земјоделство за да можат да им дадат средства.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: ГМО
« Одговори #2076 на: 10 Октомври 2017, 09:03:34 am »
Башка што секој заинтересиран е потпомогнат од масовни ЕУ средства низ програмите за грантови кои не се искористуваат ни околу 5%. Молат некој да направи проект за земјоделство за да можат да им дадат средства.

Конкретно ние дома со стариот аплициравме пред 10ина години за пари од ЕУ/ИПАРД. Не добивме. Имавме идеја да насадиме околу 100 декари сливи и да направиме складиште-ладилник.

Но, проблемот не можеш да го решиш со фрлање пари на него. Друг е проблемот веќе. Ни ИПАРД, ни субвенции, ни ќеш не го спасува веќе. Ама како по обичај, сите јајцеглави живеат во сопствен свет и немаат врска со реалноста.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #2077 на: 10 Октомври 2017, 09:17:07 am »
Лани немаа ниеден повик. Молеа да дадат, помагаа за проекти за да не ги враќаат средствата. Пред 10 години нема врска со лани-преклани. Скоро сите проекти им поминаа, а и помагаа да ги поправиш за да поминат.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: ГМО
« Одговори #2078 на: 10 Октомври 2017, 09:24:56 am »
Верувам дека е така. Но кога требаше пари и поддршка додека имаше критична маса на производители и работоспособни луѓе, сите си играа кур-ташак со нив. Кога работоспособните молеа за средства, пари и инвестиции, даночни олеснувања за репроматеријали, овие кои одлучуваа се правеа паметни и бараа процент, подмачкување, дел од колачот, уцени, итн.

После десетина години молење, едноставно се исселија сите што бараа пари/средства и поддршка. И сега, западот со странските служби ни е крив.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2079 на: 10 Октомври 2017, 11:11:55 am »
Има политика во доделувањто на средства од ИПАРД. Има илјадници кои барале и не добиле. Познат факт, и никој повеќе (без соодветни врски) не се лета да губи време и да фрла пари за правење проекти. Тоа дека ИПАРД „молат за да дадат пари“ е мит во кој веруваат рандом ликови кои не пробале да конкурираат за ИПАРД, ниту реално знаат каква е ситуацијата.

А тоа дека „луѓето се сами криви“ е само делумно точно, исто како што е целосно точно и дека „западот“ е крив. Криви се. Од нив се наметнуваат трендовите за индустриски култури, нашите земјоделци мораат да ги прифатат ако сакаат да заработат нешто. Затоа се губат старите семиња, и затоа што немаме никаков проект за конзервација, Тоа што политичарите немаат визија и ги заболе ташакот, е пошто и политичарите ни се поставувани и контролирани од тој запад (а не од народот/гласачите). Тие спомнатите “анти-гмо едуцирани шапшали„ ги има премалку за да влијаат во исходот на ваков наметнат двопартиски политички систем, а „јајцеглави“ се всушност тие кои веруваат дека светот функционира на принцип на демократија
Истото е секаде, или барем во поголемиот дел од светот. Не сме ние некој исклучок.

Тие што веруваат дека некакви магични ГМО решенија некако магично ќе не оправат (планетарно, или локално), тие живеат во некој сопствен свет. Или дека членство во ЕУ/НАТО некако магично ќе ги среди работите. Бутање главата во песок, и одбивање да се прифати реалноста.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #2080 на: 10 Октомври 2017, 11:19:46 am »
Мене повеќе ме плаши наводнувањето со фекални води одколку Гмо. Ништо не ми се зима од пазар, додека не се стандардизира и етикетира производот, посебно зеленчук...

Околу Ипард фондовите ја пре би се насочил кон сточарство, производство на месо, млеко. Постабилни се цените и многу полесно се пласира производот.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: ГМО
« Одговори #2081 на: 10 Октомври 2017, 11:21:40 am »
Не правев скриени пораки во мојот пост кон тебе, не знам зошто ми делува како да се пронаоѓаш во него.

Ван, не можеме да си ги мериме со големите, ниту да го промениме глобалниот тек на размена и настани со големите. Но, никој од големите не го боли стојко, што Џоко од Пиперево ќе сее десет декари куртовска капија, слоново уше, или нешто трето. Првиот фаќа болести заради болна почва, вториот е катастрофа за преработка, третиот е ГМО. Кој од Запад го боли стапот дали во Градошорци ќе има агроном кој си ја знае работата? Кој од Америка е страшно загрижен за поставување на систем капка по капка во Прдејци за подобро искористување на водата за наводнување?

Можеме да полемизираме до недоглед. Основото што го тврдам јас е дека не може човека да обвинува некој друг ако неговата градина е несредена заради мрза и неспособност.

Ние сме еден полски глушец во глобалната игра на сила, технологии и пари. Наместо да ја искористиме таа позиција и да си протнеме некои работи да се средиме самите себе, ние упорно сакаме да бидеме нешто што не сме.

@Cuore Sportivo, речиси цело струмичко производство се наводнува од фекалии, затоа што најголем дел од струмичките села немаат канализации. И за тоа е крив западот. Нема кој нужниците да ги поврзе во мрежа. Најверојатно Советот за безбедност на ООН не дозволува заради дисбаланс на проекцијата на моќ на истокот и западот.

пс. Со стариот ќе ги корнеме сливите (околу три хектари) и ќе насадиме детелина и граор за сточна храна.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #2082 на: 10 Октомври 2017, 11:23:44 am »
Мене повеќе ме плаши наводнувањето со фекални води одколку Гмо. Ништо не ми се зима од пазар, посебно зеленчук...
Со право стравот.  Но,  пазарџиите станаа препродавачи,  ретко кој е и производител..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: ГМО
« Одговори #2083 на: 10 Октомври 2017, 11:27:56 am »
Заради вакви изјави тешко е да не биде и да ни биде среден дворот/нивата/фирмата :)

Цитат
А тоа дека „луѓето се сами криви“ е само делумно точно, исто како што е целосно точно и дека „западот“ е крив.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: ГМО
« Одговори #2084 на: 10 Октомври 2017, 11:50:02 am »
Ако луѓето купуваа црвосани и флекосани производи тогаш производителите немаше да ги прскаат. Ама пошто сите сакаат прави и чисти без ниедна дамка мора да се прскаат по милион пати.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"