Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408148 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ГМО
« Одговори #2010 на: 28 Јуни 2017, 09:39:58 am »
Важно во своите аргументи го употребуваат зборот 'наука' неколку пати. Tоа потсвесно привлекува 90% од квази интелигенцијата која веднаш застанува на нивна страна, па дури и ги води војните за нив на интернет против оние што не се за 'наука'.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: ГМО
« Одговори #2011 на: 07 Септември 2017, 10:21:08 am »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #2012 на: 09 Септември 2017, 02:32:59 am »
Може треба да се помине низ некоја фаза додека да се стигне  гмо(гио) храната да биде подеднакво здрава како не-гмо храната. Може не е на место аналогијава (во моментов не ми текина подобра) ама и телевизорите додека стигнале до лцд не зрачеа....

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: ГМО
« Одговори #2013 на: 09 Септември 2017, 03:10:41 am »
Не постои НЕГМО храна.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: ГМО
« Одговори #2014 на: 09 Септември 2017, 07:36:47 am »
Што све не ќе прочита човек по форумов. Боже сачувај.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: ГМО
« Одговори #2015 на: 09 Септември 2017, 09:18:55 am »
Ама во право си е. :) Не постои генетски не-модификувана храна која што ние ја јадеме, колку и да е „природна“, „старо семе“ итн.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #2016 на: 09 Септември 2017, 14:11:27 pm »
Едно е вештачка селекција, калемите што ги спомна луки (на предходната страна) друго е да изиграва некој богот рандом. И природата создала отровни плодови, а ние луѓето ни сами не знаеме што создаваме, намерно или не намерно. Колку што ги разбирам работиве природата ги комбинира хеомозомите, а ген. инж. ги менува самите хромозоми. Се тоа би било здраво и вкусно ако се прдвиди во целост влијанието врз сите останати хромозоми. Затоа прават да речиме 50 вештачки мутации, па кое ќе се погоди ќе го јадиме :) Додуша и со калемите е слично до некаде...
Патем врз диво овошје се калеми питомо ради што коренот на дивите овошки е далеку по издржлив на вода, суша, инсекти итн, а плодовте од питомите овошја се поголеми и во некои случаеви и по вкусни. Памтам како дете имаше низ маало една дива вишна, по благо овошје во живот не сум јадел, али вишничките (по волумен) беа колку едно зрно графче.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #2017 на: 09 Септември 2017, 14:40:32 pm »
А бе вие мислите некому тук така му текнало да тура гени од едни организми во други?! Триљарда пати повеќе наука има во генетскиот инженеринг отколку во калемење и хибридизација...
Башка есап, миљон пати си изел див зајак (и хиљаду други животињи) без да знаеш какви хромозомски пореметувања имал поради парење во блиско сродство, сеа ти сметало што некои научници, врз научни основи убациле мала генетска секвенца од еден организам за да направат поотпорен друг организам...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #2018 на: 09 Септември 2017, 15:51:27 pm »
Секако дека има огромна разлика, али захакот што сум го изел не сум знаел дека е од братучеди, вака знам :)
Мислам дека зајакот ако има пореметувања, во многу мал број случаеви ќе биде алфа-зајак а во поголемиот број случаи ќе биде "појео вук зеца" :) Точно дека преку виршли паштети итн.... кој знае што јадиме, па пак јадиме и ништо не ни е :)
Зборот ми беше дека гио тек што пропатка т.е. не е толку усовршено за да видиме 100% сугурни дека е се во ред со некој организам. Колку технологии се многу постари, па уште се усовршуваат, се откриваат грешки од пред 50год итн. Навидум огромното знаење за гио после 30 години ќе биде "смешно" за тогашно време, сигурно технологијата ќе биде по уаовршена. Мислам дека истото се случува со секоја технологија. Не дека ги прават туку-така организмите, него секој почеток е таков и тоа ваљда е патот за да се усоврши некоја технологија.
Не дека кога сум гладен пребирам многу-многу :) 

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: ГМО
« Одговори #2019 на: 09 Септември 2017, 16:22:19 pm »
Ако падне дрво во шумата кај што нема никој, дали прави звук? Истиов муабет го направи.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #2020 на: 09 Септември 2017, 17:34:24 pm »
Факт  е дека генетскиот инжинеринг е во равојна фаза и дека за 30 год. ќе биде понапредно, како и остала технологија.... Да немаше анти-гмо пропаганда сите ќе си делкавме спокојно гмо и можда ќе се чудевне од кај по 7-8 прсти...
П.с. може и денес да е по развиена анти-гмо пропагандата од самиот инжинеринг. Во име на науката секако ќе се направат намерни грешки, али накверојатно мора да се помине и низ тоа .

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2021 на: 27 Септември 2017, 00:53:07 am »
...миљон пати си изел див зајак (и хиљаду други животињи) без да знаеш какви хромозомски пореметувања имал поради парење во блиско сродство, сеа ти сметало што некои научници, врз научни основи убациле мала генетска секвенца од еден организам за да направат поотпорен друг организам...
Твојот дигестивен систем нема да има никакви проблеми при консумација на зајак, или други животни добиени со inbreeding. Ниту твојот имун систем било како ќе реагира, иако од друга страна на рибо-патлиџанот е можно да реагира.
Прочитај малку за автоимуни болести, и што ги тригерира.

Но сето тоа не е толкав долгорочен проблем, колку што е загадувањето на почвата и водата со хербициди.
Ако не ти е јасно за што зборувам (што би било чудно, штом ја следиш дискусијава), тогаш бонус информација за тебе: огромното мноштво од Генетски Модифицирани Организми, се модифицирани токму за отпорност на одредени хербициди. На секој еден „златен ориз“ гмо (модифициран да содржи витамин А), имаш стотици ГМО-а кои се модифицирани токму за отпорност на одредени хербициди. За практична (индустриски) примена, најчеста модификација е за отпорност кон одредени хербициди.

Практично Монсанто (и индустријата општо), прави пари на два фронта. Прво од годишно лиценцирање на употреба на нивните ГМО семиња (кои не се добиваат во сопственост, туку за нив се плаќа секоја година, повторно и повторно). Второ, преку продажба на Roundup хербицидот на кој нивните ГМО се модифицирани да бидат отпорни.
Значи за да садиш нивни ГМО посеви, ти треба и да го купуваш нивниот Roundup хербицид. Во спротивно нивните ГМО посеви нема да бидат конкурентни на сеприсутните корови (инвазивни билки).


Значи проблемот е во употребата на хербициди. Тој проблем е уште поголем, затоа што коровите се билки кои се ултраадаптивни на хербициди. Секоја наредна година на редовна уптреба на хербициди, коровите стануваат поотпорни на тие хербициди. Секоја наредна година фармерите мораат да прскаат повеќе хербициди. Тоа доведува до се поголемо прогресивно загадување на почвата и подземните (и надземни) води со хербициди.

Тоа се документирани факти. Исто како што е и документиран факт дека хербицидите се високо канцерогени агенти, а посебно многу е канцероген Roundup хербицидот на Монсанто.


Мислам дека наназад на темава повеќе пати линкав статии и студии за канцерогеноста на Roundup хербицидот.
За бонус малку смеење со докторот промотер на Монсанто, и неговото тврдење дека Roundup хербицидот е безбеден за пиење. Тогаш новинарот му соопштува дека всушност во студиото има Roundup хербицид и го нуди да се напие малку, но...  ;)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ГМО
« Одговори #2022 на: 27 Септември 2017, 01:08:05 am »
Не му пумпа а ?
кај и да е ќе не модифицираат и нас и хат :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #2023 на: 27 Септември 2017, 10:43:22 am »
Мешање баби и жаби.
Здраво беше прскањето со DDT, пред ГМО фамата:





Не го оправдувам тоа што го прават големите корпорации за да си праат бизнис со шиткање хербициди и остала средства, чисто се осврнувам на научната основа за постоење на ГМО. А тоа е да се прехрани човештвото на планетава барем додека не ја уништиме глобално, за да не може веќе да се живее на неа, па сите да испоцркаме.

Ова ти што го кажуваш е исто како да кажам дека нуклеарната енергија е полоша од јаглен и фосилни горива, затоа што некој измисли атомска и хидрогенска бомба и затоа што се деси Чернобил.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2024 на: 27 Септември 2017, 11:48:29 am »
^^
Симо, малку (повеќе) е иронично на тема за ГМО да пишуваш за нуклеарна енергија (и бомби) - а во претходната реченица си се пожалил за мешање баби и жаби.  ;)


Нејсе. Ако зборуваме за безбедност од општа индуструска примена на ГМО, тогаш не може да се правиме слепи за проблемите што ги прави прекумерната и прогресивно растечка употреба на хербициди (кои се употребуваат заедно со ГМО посевите).

Хербициди и ГМО идат заедно. Тоа е факт.
Затоа те поканив да си упдејтуваш фактите. Извесно е дека во јавноста малку се знае (пошто по медиумите не се зборува за тоа) дека огромното мнозинство од индустриски најупотребувани ГМО-а, се модифицирани токму за отпорност кон одредени хербициди.

Тој е концептот. ГМО модифициран за отпорност кон одреден хербицид, и кога се садат посеви со тој ГМО нивата се залива со хербицидот на кој истиот е отпорен. Хербицидот ги уништува коровите ама не и ГМО посевот (кој е отпорен). Така ГМО посевот добива добри приноси, сите нутритивни ресурси од нивата се само за него (пошто нема корови).

Но концептот е фаличен. Концептот е фаличен затоа што (како што повеќе пати кажав) - коровите се билки кои се ултраадаптивни на хербициди. Секоја наредна година на редовна употреба на хербициди, коровите стануваат се поотпорни на тие хербициди. Секоја наредна година фармерите мораат да прскаат повеќе хербициди. Тоа доведува до се поголемо прогресивно загадување на почвата и подземните (и надземни) води со хербициди.


За дигресиите како „прехранување на човештвото“, не сакам ни да почнам да зборувам тука на оваа дискусија. Пошто тек тоа се баби и жаби. Тоа е друга дискусија, за која прво треба да постои некоја глобална планетарна стратегија и концепт, и да се утврди колкава популација е оптимална за оваа планета, за потоа да се направат долгорочни планови, па потоа да планираме долгорочно за одржливи методи на производство на храна.
Пошто сегашните ГМО + хербициди не се одржлив метод. За кратко време инвазивните билки, коровите, стекнуваат отпорност. Зголемувачката употреба на хербициди прави огромни штети, и краткорочно но и долгорочно.

Без стретегија и план за големината на популацијата, токму како што има Кина, не можеш да планираш ништо. Да, ти можеш краткорочно да зголемиш призводство, преку посеви со ГМО и хербициди, ама трикратно ти се заебал. Прво пошто за кратко време инвазивните билки, коровите, стекнуваат отпорност. Второ, после пар децении почвата и водата се долгорочно загадени со хербициди. Трето... Не можеш ти толку да произведуваш, колку што Хасан и Мухамед од Африка и Азија, можат да прават деца.

Ти можеш да зголемиш производство на храна и за 300% (краткорочно за пар децении, после паѓаш на ~50%, ако и толку). Но Хасан и Мухамед можат да ја зголемат популацијата на Африка и Азија и за 1000%. За 3000%. За 9000%. Така функционираат таму, колку ресурси имаат толку ќе јадат, и толку деца ќе прават.
Ете популацијата на земјите од третиот свет неконтролирано расте, како резултат од зголеменото производство на (неквалитетна) храна. Популацијата на Африка експлодира. Само за популацијата на Нигерија се смета дека ~100-на пати ќе се зголеми до крајот на веков... Што мислиш дека ќе се случи кога светското производство на храна ќе опадне, заради неоодржливите методи кои сега се применуваат?

За прскањето со DDT не те разбрав. Индустријата тврдела дека ДДТ е совршено безбеден (па потоа се покажало дека воопшто не е), сам себе си правиш контрааргумент?
Како на видеото во мојот претходен пост, оној ликот што го бранеше Roundup хербицидот на Монсанто дека е толку безбеден да можеш да го испиеш и ништо нема да ти виде... Само кога му понудија да кркне една чаша, нешто не беше жеден и бргу избега од студиото.   ::)