Еве го целото интервју:
Фала за второто видео, доблесно е од тебе што си го поставил - макар несакајќи придонесуваш за целта на темава: ширење на свесноста и знаењето за генетскиот инжинеринг.
Од друга страна тоа првото видео е патетично претенциозно и необјективно. Мислам, погледнете го само насловот кој цело време стои преку цел екран „СУЗУКИ НЕМА ПОЈМА“. Тој типацот „новинарот“ е дефиниција за необјективност, тој самиот појма нема од генетика - два збора не кажа за тоа, а се дрзнува да донесува безобразни заклучоци и да каже дека наведениот професор Сузуки не е научник. Навистина патетично, никој нормален после слушање на оригиналната емисија нема да дојде до
неговиот заклучок. Се беше јасно која е неговата
политичка определеност кога при крај кажа дека фракингот е безбеден. Аха... м’да.
Во секој случај, интересно беше да се ислуша целата емисија - ги имам гледано и друг пат кога гости им беа Докинс и одреден австралиски католички бискуп, мора да се каже дека прилично објективно се води дебатата. Инаку со професорот Сузуки извесно делиме многу ставови за разни работи, и многу освежувачки е кога вака ќе се слушне некој што е и едуциран и што не се конфронтира по секоја цена, но кога го прави тоа - го прави културно, паметно, и едуцирано. Прв пат слушам за човеков, интересен е - ќе погледам од него и друго што ќе се најде на нетов. Фала ти и за тоа, што ми укажа на професорот Сузуки (патем ете веднаш се потврди тоа што напишав во претходниот пост - веднаш ад хоминем го напаѓаат човекот.
По не-знам-кој-пат: Научниот консензус не е дека „ГМО е целосно безбедно“, туку дека „ГМО не е ниту по небезебдно ниту по безбедно од не-ГМО“.
Претенциозно и никако докажано тврдење. Демек ако го повторувате доволно пати ќе стане вистина.
Безбедноста од резултатите на модификации преку хоризонтален трансфер на гени (читај: генетски инжинеринг), не може да се поистовети со безбедноста од модификации преку вертикален трансфер. Едноставно не може. Без разлика колку и да се повторува, лагата е лага. Барем така е за тие што се кадарни за размислување, но за тие што не размислуваат можно е и тоа дека доволно повторуваната лага станува „вистина“.
Во секој случај ти си имаш проблем и тој твој проблем е повеќекратен. Најпрво се работи за недоволно познавање на материјата на дискусијава, но во суштина се работи за комплекс и за патолошка потреба од „јачање на егото“ - што се гледа во секоја една тема каде што учествуваш. Не слушаш аргументи, само постојано како расипана плоча го верглаш твоето гледише - засновано на некое површно читање на којзнае што. Притоа демек „анализираш“ логички грешки, уствари се занесуваш до немајкаде и само генерализираш и избегаваш да дискутираш конкретно за темата и моменталниот пост на кој се обраќаш. Патетично.
И баци-цаци на жената ти да и кажуваш, овде на јавен форум ако не култура се очекува барем одредена етикета (или во најмала рака помалку вреѓање/курчење).