Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408575 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: ГМО
« Одговори #1845 на: 12 Август 2015, 09:52:49 am »
Мое мислење е дека правење хибриди на old-school way као на пример лубеници на тиква е ок. Чачкање низ ДНК на растенија и било што друго, не е ок. Јас лично, гледам да јадам храна што не е од модифициран ДНК.

Едноставно, не сме попаметни од еволуцијата. Бар за сеа.

И за крај, ние сме тие што се паразити на планетава, секогаш сакаме нешто да мудруваме и да менуваме. Некои работи едноставно треба да се остават така како што се.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: ГМО
« Одговори #1846 на: 12 Август 2015, 09:56:16 am »
Стравот од ГМО е едно од најпопуларните суеверија на 21-виот век.
Јас би те поправил, зошто тој страв/параноја јас го гледам малку поинаку. Едноставно, на одредена глупа на луѓе им текнало да си направат добар бизнис план, односно продавање на храна од типот на gmo free, organic, vegan, lactose free, sugar free итн. Сите овие се во еден ист кош, така да за 5 години ќе видите како повеќе продуктите нема ни да се обележуваат како (gmo free или органско), нешто што сега се продава како супериорен продукт по многу голема цена. Освен во прехрамбени производи, ова е би рекол и далеку поразвиено во продукти за нега (креми, шампони, детергенти итн).  Тоа ти е типичен маркетинг а некои изгубени одат и чекор понатака каде што многу лесно паѓаат под влијание и не разликуваат маркетинг од реалниот свет, за жал. Тоа е проблемот, а ставот како страв креиран од одредена група на луѓе без никаква поткрепа за тоа што се борат, само им служат и се од голем бенефит на овие компанииве што сега нудат производи како гмо фри или органско.

Трендовите ќе се сменат, после некое време ќе излезе нешто ново како на пример цо2 фри и пак се ќе се врти во круг.

Најдобар пример за тоа што зборувам е Chipotle.
Цитат
Understandably, Chipotle–like any business–seeks to court public opinion and promote sales. If banning GMOs sells burritos, certainly that’s a plus for the company. Unfortunately, though, while such decisions may boost company profits, it’s a disservice to all of us in the long run. What Chipotle is doing isn’t science and it isn’t common sense.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #1847 на: 12 Август 2015, 10:16:50 am »
Јас вака го сфаќам како Влатко моментот на ГМО.

И тоа се случува и во други политики, не само ГМО.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #1848 на: 12 Август 2015, 12:44:05 pm »
Отварам фрижидер дома - гледам „Органско кравјо млеко“... дигнав веѓите, си прашав „колку е поскапо ова од „неорганското“? 30 денари. Машала.....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ГМО
« Одговори #1849 на: 19 Август 2015, 18:22:47 pm »
Not a valid youtube URL

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1850 на: 19 Август 2015, 21:44:38 pm »

Aма „научниот консенсуз“ вели дека ГМО е целосно безбедно!

Научен консенсуз?
Па да, сите научници што не се согласуваат со горната илузија - не се научници, туку параноици и имаат агенда против развојот на науката и затоа не влијаат на консенсузот, и така натаму, и така наваму, бла бла...  ;)



П.С. Човеков погоре многу елоквенто објаснува се, па дури и за лаици. Безбедноста од хоризонтални модификации на гените е заклучок кој никако не може да се пренесе на хоризонталните модификации на гените.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1851 на: 20 Август 2015, 10:15:36 am »

Еве го целото интервју:

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #1852 на: 20 Август 2015, 14:15:19 pm »
Aма „научниот консенсуз“ вели дека ГМО е целосно безбедно!

Не бе цаци, не вели. Тоа ти така си разбрал - погрешно.

По не-знам-кој-пат: Научниот консензус не е дека „ГМО е целосно безбедно“, туку дека „ГМО не е ниту по небезебдно ниту по безбедно од не-ГМО“.

Ризик за несакани резултати има и при природна селекција, и при вештачка, и при хибридизација, и при одгледување мутанти и при ГМО. Од аспект на безбедноста ГМО не се разликува од другите методи на добивање нови сорти. Ете ТОА е научниот консензус, а не дека „ГМО е целосно безбедно“.

Абе сто пути го повторивме ова. Толку ли е тешко да се разбере мајкуму? Ко фаланга што запиња „вкрстување та вкрстување“. Абе миљон пути ќе му кажеш „Миле, гмо не е вкрстување, нема врска со вкрстување, друго е вкрствување“ - ама не - вкрстување и точка.

Твоето инсистирање дека науката вика „ГМО е целосно безбедно“ е тнр. сламено плашило - исказот го менуваш навидум благо, но суштински, а со цел да го направиш полесен за напаѓање.

offtopic: Форумов (во склад со севкупното актуелно интелектуално миље во РМ) е пун ко око со сламени плашила. Многу е тешко така да се дискутира.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1853 на: 20 Август 2015, 15:41:08 pm »

Еве го целото интервју:

Фала за второто видео, доблесно е од тебе што си го поставил - макар несакајќи придонесуваш за целта на темава: ширење на свесноста и знаењето за генетскиот инжинеринг.
Од друга страна тоа првото видео е патетично претенциозно и необјективно. Мислам, погледнете го само насловот кој цело време стои преку цел екран „СУЗУКИ НЕМА ПОЈМА“. Тој типацот „новинарот“ е дефиниција за необјективност, тој самиот појма нема од генетика - два збора не кажа за тоа, а се дрзнува да донесува безобразни заклучоци и да каже дека наведениот професор Сузуки не е научник. Навистина патетично, никој нормален после слушање на оригиналната емисија нема да дојде до неговиот заклучок. Се беше јасно која е неговата политичка определеност кога при крај кажа дека фракингот е безбеден. Аха... м’да.

Во секој случај, интересно беше да се ислуша целата емисија - ги имам гледано и друг пат кога гости им беа Докинс и одреден австралиски католички бискуп, мора да се каже дека прилично објективно се води дебатата. Инаку со професорот Сузуки извесно делиме многу ставови за разни работи, и многу освежувачки е кога вака ќе се слушне некој што е и едуциран и што не се конфронтира по секоја цена, но кога го прави тоа - го прави културно, паметно, и едуцирано. Прв пат слушам за човеков, интересен е - ќе погледам од него и друго што ќе се најде на нетов. Фала ти и за тоа, што ми укажа на професорот Сузуки (патем ете веднаш се потврди тоа што напишав во претходниот пост - веднаш ад хоминем го напаѓаат човекот.




По не-знам-кој-пат: Научниот консензус не е дека „ГМО е целосно безбедно“, туку дека „ГМО не е ниту по небезебдно ниту по безбедно од не-ГМО“.

Претенциозно и никако докажано тврдење. Демек ако го повторувате доволно пати ќе стане вистина.
Безбедноста од резултатите на модификации преку хоризонтален трансфер на гени (читај: генетски инжинеринг), не може да се поистовети со безбедноста од модификации преку вертикален трансфер. Едноставно не може. Без разлика колку и да се повторува, лагата е лага. Барем така е за тие што се кадарни за размислување, но за тие што не размислуваат можно е и тоа дека доволно повторуваната лага станува „вистина“.

Во секој случај ти си имаш проблем и тој твој проблем е повеќекратен. Најпрво се работи за недоволно познавање на материјата на дискусијава, но во суштина се работи за комплекс и за патолошка потреба од „јачање на егото“ - што се гледа во секоја една тема каде што учествуваш. Не слушаш аргументи, само постојано како расипана плоча го верглаш твоето гледише - засновано на некое површно читање на којзнае што. Притоа демек „анализираш“ логички грешки, уствари се занесуваш до немајкаде и само генерализираш и избегаваш да дискутираш конкретно за темата и моменталниот пост на кој се обраќаш. Патетично.
И баци-цаци на жената ти да и кажуваш, овде на јавен форум ако не култура се очекува барем одредена етикета (или во најмала рака помалку вреѓање/курчење).
« Последно менување: 20 Август 2015, 15:46:10 pm Van »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: ГМО
« Одговори #1854 на: 20 Август 2015, 15:47:45 pm »
Ван пак ли бе. Упорен си ама џабе ти е, од вистината нема бегање. Слободно прави се стручен во темава и продолжи си со погрешно толкување на научниот консензус. Белким ќе научиш нешто, дали било сега или 3-4-5 години.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1855 на: 20 Август 2015, 15:58:24 pm »

Ова погоре ти е типичен ад хоминем, или по нашки: „кога не можеш по магарето, удри по самарот“. Да не бев во право, ќе критикуваше нешто од тоа што го напишав - наместо мене лично.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #1856 на: 20 Август 2015, 16:35:12 pm »
Ван пак ли бе. Упорен си ама џабе ти е, од вистината нема бегање. Слободно прави се стручен во темава и продолжи си со погрешно толкување на научниот консензус. Белким ќе научиш нешто, дали било сега или 3-4-5 години.

Ставот ти е толку кмогу погрешен. Попогрешен и не може да биде. И ти немаш поима од генетски инженеринг а се осудуваш да кажуваш што е апсолутна вистина а што е апсолутна лага. До толку ли имаш потреба да се издигнеш над сите?

Мене ми е глупаво (ама тотално глупаво) некој да не респектира ни ронка од нечиј спротиставен став. Додека диверзитетот на мислења, методи и идеи е богатство во светот, овде кај овој идиотски менталитет го гледам сосем спротивното.

Многу жална ситуација.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: ГМО
« Одговори #1857 на: 20 Август 2015, 16:42:27 pm »
Мојот став се сведува на научен конензус. Не биди мрза, симни рандом 5 научни истражувања во врска со гмо и прочитај го заклучокот. Другото и така нема потреба, не сме ние тука научници.

Заклучоцоте на научниците не се ни малку недвосмислени, па затоа сум длабоко убеден и ти самиот ќе видиш како ван прави елементарни грешки на толкување на факти. Погубно и тука нема простор за ставови.

Јас може да имам став дека генерално германските автомобили се поквалитетни од француски на пример и тука можеме да полемизираме, да се согласуваме или не. Толкување научни студии е и жално и глупаво.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1858 на: 20 Август 2015, 17:02:20 pm »
Само што дискусијава не можеш да ја споредуваш преку паралелна споредба меѓу автомобилски индустрии на две држави. Тоа што ти го споредуваш е поразлично и од споредба на баби со жаби.
Преку тоа што го пишуваш, сам кажуваш колку ја разбираш и познаваш тематикава. Најголемиот проблем со тебе и со повеќето други подржувачи на ГМО индустријата, е тоа што не резбирате дека ве лажат кога велат дека хоризонталниот и вертикалниот пренос на гени даваат еднакво безбедни резултати.

(едит)
Најпосле, твојот став, на кој си си дојден преку сеприсутниот социјален инжинеринг во меинстрим медиумите, се сведува на следново: „Нема потреба да размислувам и да се едуцирам, читам само кратки заклучоци и верувам во естаблишментот како во религија“.
Естаблишментот за „научен консенсуз“ смета само тоа што се совпаѓа со неговите потреби, другите научници кои не се согласуваат - се шиканираат и лично се напаѓаат. Слепо и некритично да потпаѓаш на пропаганда, а ваљда имаш амбиција да бидеш едуцирана и информирана индивидуа - е тоа @vlatko.klp е жално и глупаво.
« Последно менување: 20 Август 2015, 17:08:48 pm Van »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: ГМО
« Одговори #1859 на: 20 Август 2015, 17:26:24 pm »
Грешка си Ван. Што друго и да ти посочам џабе е :)