"Она што се сомневаме..."
- Кои сте тоа вие, да имаш глувче во џебот?

Зарем навистина очекуваш да ја дискутирам семантиката на „genetically engineered„, или можеби етимологијата? Не ги разбираш зборовите генетика и инжинерство??
Поентата ти е патетична, дури ни индустријата чија пропаганда ја рецитираш не се обидува така дилетантски да ја сокрие дисјункцијата меѓу организмите добиени со традиционалната генетска селекција, и организмите добиени со генетски инжинеринг. Дури ни тие не ја кријат разликата преку извртување на дефинициите, тие едноставно ги игнорираат дефинициите (со промовирање на генерички поими како ГМО).
Генетска модификација е општ поим. Како што методите за генетско модифицирање се различни, така и резултатите од тие различни методи се различни. Не можеш тоа да го заматиш и така да го сокриеш. Тие финти со пајташите пред кооперација, уз семки. Со мене, или со секој писмен човек со функционален ум,
никогаш нема да ти успее да ја релативизираш разликата меѓу генетска селекција, и генетски инжинеринг кој инволвира методи како генетски спласинг, директна рекомбинација на ДНА, итн.
Се бламираш, вистина е дека малкумина овде се разбираат за тематикава, ама тие што разбирааат - кристално јасно им е колку евтини финти и каква демагогија продаваш.
Сериозно изместен морален компас имаш и ти, и Васил. Не можам да поверувам дека покрај достапни
научни студии, некој со сите сили избегнува научни методи и сака да го дрви за семантика. Се правиш само за да избегнеш вистинска дискусија, ова јасно зборува за изместени етички вредности. Ме потсетуваш на католичката црква, во очи на сознанијата на Коперник - дека земјата не е рамна. Така и ти, ги стискаш очите ширум затворени и ја врескаш мантрата „НЕ ГЛЕДАМ, НЕ ГЛЕДАМ, ЗЕМЈАТА Е РАМНА, ЗЕМЈАТА Е РАМНА, ГМО И ГИО СЕ ИСТИ, ГМО И ГИО СЕ ИСТИ„
Нели ќе дискутираше за научната студија на Доминго? Преку таквото кукавичко избегнување на дискусија за научни истражувања, не ли ти е страм дека на сите овде им покажуваш колку си неспособен и неук и некадарен да дискутираш за суштината на темава?
По милионит пат, ако не си способен и кадарен да дискутираш како возрасен човек, ако немаш интегритет и едукација да коментираш докази и научни студии - дај бе не ме провоцирај, игнорирај ми ги постовите, исто како што јас со задоволство ги игнорирам твоите постови. Истово важи и за Васил. Ако не сте кадарни да дискутирате научни студии - не ме замарајте бе, седнете си како стринки пред телевизор и правете си муабет за пропаганда од блогови. Можете и кај Миленко на емисија да му отидете, иако не се сомневам дека и тој - таков како што е, е прилично поедуциран од вас. Всушност, кој не е.