Јас би го банирал онака од ќеф...
Ахтунг, право да ти кажам и јас би ме банирал... да бев на твое/ваше место. Кој сум бе јас, па да ве вознемирувам со некои си таму незгодни вистини. Како беше онаа од Бора Чорба...
Што ако некој со вкрстување и хибридизација ми напраил отровни чушки и зелка од која може стомакот да ми пукне од прдење?
Такви ли се чушките и зелката што се достапни на пазар, новонаправени? Секоја година нови врсти вадат Струмичани и Бардовчани? Се отру некој од чушки и зелка во последниве неколку века??
Човеку па ти почнуваш да халуцинираш??
Ти дадов peer reviewed документ со јасна порака дека нема ниту еден случај до моментов каде што гмо предизвикува нешто или не поразлично од не-гмо. Ти повторно се правиш слеп и дискредитираш став на респектабилен универзитет од полето на земјоделството и научен консензус и на крај сакаш со твоево незнаење и дрскост тебе да ти поверувам??
Даде што...? Дали тој „документ„ е научна студија или не?
Зошто не одговориш чесно? Зошто дефлектираш, дигресираш, и ми препишуваш нешто што не сум го кажал. Секој може да се наврати наназад неколку страници и да прочита што пишуваме. Знаеш како велат ако баба лаже, тефтер не лаже.
Уште еднаш те прашувам.
Дали тој „документ„ што си го покажал, е научна студија или не? ДА ИЛИ НЕ? Ајде покажи го текстот од тој „документ„ па да видиме сите дали е тоа е научна студија, или не е.
Дали тој „документ„ има абстракт и тема на истражување, каде се објаснуваат целите на истражувањето и се документира самиот процес и потоа, резултатите??