Мислам дека тоа е нејасно точно, да не речам неточно. Идејата за ГМО пченка секако не потекнува од желбата за зачувување на околината (тоа е само оправдување за трошоците за развој и PR гомнарии), туку од желбата за профит. Знаеме колку профит прават добротворните дејности (кои се грижат за зачувување на околината) а колку прават комерцијалните дејности.
Ова го кажуваш како правењето профит да е лоша работа, а оние кои не прават профит да се многу добри.
GreenPeace е една од најпознатите непрофитни организации која се декларира дека е за зачувување на околината, но со своето однесување често прави повеќе штета отколку што помага.
http://elcomercio.pe/peru/pais/lineas-nasca-marcas-dejadas-greenpeace-son-irreparables-noticia-1777541Ова е најновата, тазе глупост што ја направија активистите и за среќа „само“ споменик оштетија. Далеку пострашна е штетата што ја имаат направено на пример со противењето кон развојот на нуклеарната енергија, непотребно ширејќи страв и многу скапи бирократски процедури кои скоро целосно го запреа развојот на чиста технологија, која до сега требаше целосно да ги замени јагленот; уништувањето на „златниот“ гмо ориз во кој беше додаден витамин А, нешто што недостасува во исхраната на многу луѓе, особено на тие кои требаше да го одгледуваат. Да уништиш донирана храна, во дел од светот каде што огромна бројка на деца умира од неухранетост, само поради тоа што семињата не биле по фенг-шуи. Каков кретенизам е тоа.
Оние кои прават повеќе пари, не секогаш прават и повеќе штета. Не треба само да сакаш, треба и да знаеш како да создадеш подобар свет.
Ако твојата борба е за бележење на ГМО храната, заради правото на избор, тогаш потполно те поддржувам во тоа.
Зошто е потребно обележување на нешто кое е покажано дека е подеднакво безбедно по здравјето? Тоа е исто како да бележиш храна која е растена во јужна хемисвера затоа што некоја будала мисли дека таму молекулите се создаваат обратно. Исто како да бараш обележување на храна која е берена од Мексиканци, затоа што ги сметаш за валкана раса, иако никаде не е докажано дека храната берена со нивни раце е понездрава.
Не треба да има избор таму каде што нема докажана разлика. Тоа само создава услови за неоснована дискриминација каква што има во ЕУ во однос на ГМО. Се борите за избор, а поради вашата борба во Европска Унија не можеме да избереме да јадеме ГМО и со тоа да го поддржиме развојот на таа технологија.
И тука повторно по којзнае кој пат излегува на виделина лагата дека ЕУ е кукла која ја контролира САД, односно нејзините злобни корпорации и дека европските закони се препишани од американските. Ама не е проблем, некој тука пак ќе шири вакви лаги. Ако доволнен број пати повториш некоја лага, некој ќе почне да ти верува во лагата.