Ако твојата борба е за бележење на ГМО храната, заради правото на избор, тогаш потполно те поддржувам во тоа. Ако твојата борба е за забрана на користење на ГМО храна, тогаш не си поразличен од политичарите кои бркаат народски гласови и банираат производство на ГМО, воглавно „само затоа што народот слушнал дека е нешто штетно“.
„Mojaта борба„ (Mein Kampf?)
, ако веќе така сакаш да ја наречеме, е ширење на свесноста и едукација на луѓето. Потоа донесената одлука е на сопствена совест на секој поединечно.
Од аспект на ова (знаењето), има многу работи на кои ти укажував... премногу всушност, и тоа е моја грешка. Треба едно по едно да се проаѓаат важните моменти.
Симо дали би сакал да подлабоко да го прокоментираме делот за
антиген својствата на исхраната која се состои од ГМО?
Антиген моментот не го разбираш, штом го прашуваш следново:
Зошто новиот вид патлиџан би му наштетил (како нов организам кој го внесувам во мојот дигестивен тракт) повеќе од, што ја знам... некое егзотично јадење од незнам-ти-јас какви билки, од централна африка кое мојот дигестивен тракт исто така никогаш претходно не го искусил? Што е разликата од овој „рибаџан“ патлиџан, до централноафрикански патлиџан, кога станува збор за мојот дигестивен тракт? Генот што е уфрлен е само оној од рибите што им дозволува да издржат ниски температури. Останатата генетска низа е патлиџан. Всушност, два различни видови патлиџан (Јабучар и Чери томато, на пример), имаат поголема генетска разлика од ГМО патлиџанот и оној кој бил употребен за ГМО. Односно оригиналот и ГМО патлиџанот се послични, од два различни видови патлиџан.
Почнувајќи од твојот заклучок (во последнава реченица) па до муабетот со Миле, не разбираш дека антиген моментот се дешава кога имуниот систем доаѓа во контакт со материја со која му е непозната.
Е сега тоа непозната материја (за нашиот муабет можеме да се ограничиме на молекули)... да внесеш „непознат молекул„ не значи да изедеш нешто што ти не си го јадел до сега. Како примерот од преписката со Миле, каде спомнувате некое егзотично африканско овошје.
Тоа егзотично африканско овошје нема да делува како антиген затоа што тоа овошје е организам кој еволуирал од „претци„ прогениторски овошни растенија... кои еволуирале и се развивале заедно со нашите соспствени прогенитори. Тие плодови од претците на овошјето за кое зборуваме, биле доволно долго во исхраната на нашите претци... доволно долго за да се стекне „компатибилност„ -всушност доволно долго за имуниот систем да развие и да складира „генетски потпис„ на таа храна како „безбедна„ храна.
Збунувачки ти делува ова претпоставувам, посебно ако пристапиш „спортски„ (како што кажа) и ако не посветиш целосно внимание на муабетов.
Дали сега разбираш дека не е важно колку разлика има меѓу гените на Јабучарот и Чери патлиџанот... Важно е дека тие се еволуирани директно од предок патлиџан, и дека имуниот систем нив ги препознава како безбедни.
За разлика од нив рибоџанот може да биде и 99% патлиџан... ама тоа што е важно е дека сепак неговиот
генетски потпис е фундаментално различен и како таков тој недостасува „листата на безбедни молекули„ во имуниот систем, и затоа тој рибопатлиџан може да биде препознат како антиген.
Поназад на темава пишував за големата промена во исхраната на човештвото што се случила пред отприлина ~10.000 години, кога од ловци-номади луѓето од уловена/собрана храна се префрлиле на исхрана во која доминирале култивирани житарки.
Тоа била таква фундаментална промена што 10 илјади години подоцна сеуште ги чуствуваме последиците, многу луѓе се нетолерантни на исхрана која претежно се состои од житарки. Најекстремните случаи се во вид на автоимуни болестни, и компликации од нив (дури и канцери, и слично). Да не повторувам се, пошто за ова прилично детално сум пишувал некаде поназад на темава.