Автор Тема: ГМО  (Прочитано 407970 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #1020 на: 23 Декември 2014, 22:32:29 pm »
Симо, ти не си јадел егзотични растенија од Африка (а нема ни причина зошто би), но твоите предци кои потекнуваат од Африка сигурно јаделе. Тие еволуциски се оспособиле за соодветната храна и таа способност ти ја пренеле тебе. Така да компарацијата со патлиџанот не ти е во ред.

Понатаму, ако ние не сме гасеници НЕ значи дека сме имуни на токсинот што ги уништува гасениците. Барем не додека не се докаже спротивното, а изгледите за тоа се прилично лоши од проста причина што слични испитувања покажале дека токсините се токсини за сите организми.

Поголем проблем според мене не е тоа што знаеме дека ГМО е краткорочно безбедна (но небезбедна на среден и долг рок) за конзумирање. Проблемот е во многуте работи кои не ги знаеме за ефектите од конзумирање на нови растителни и животински видови. Секако утре ако дојдат вонземјани и ми дадат да јадам некое вонземско свинско со сос, јас не би го јадел.

Нема врска Миле, и моите предци да потекнуваат од Африка не ја јаделе истата храна која денес постои во Африка. И јас и храната таму доживеале толку еволутивни промени, што можеби она што го јаделе моите афрички предци може во денешна форма да ме отруе мене. Ајде, нека не биде Африка. Како моите предци имале допирна точка со компирот? Како тој станал компатибилен со нашите организими, кога на европско тло стигнал по откривањето на Америка?

Што се однесува до пченицата, не е така „просто“, ко` што е опишано на сликата. Од претходно се знае што е тоа што ги „е*е“ гасениците а не ги е*е другите живи организми. Токсините се ствараат по хемиската реакција во дигестивниот тракт на гасеницата. Таква хемиска реакција не се создава во човековиот дигестивен тракт.

Нема храна краткорочно/долгорочно безбедна. Или е, или не е безбедна. И чоколадо може да те убие - долгорочно.

Стравот од непознати работи е опасна кочница во развојот на човештвото.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #1021 на: 23 Декември 2014, 22:36:14 pm »
Стравот од непознати работи е опасна кочница во развојот на човештвото.

Е да си ми жив и здрав.
Стравот лозјето го чува, да не речам стравот човештвото го чува. На времето произведувале рентген ламби за да си ги зрачат жените петите... се додека не укопчале дека се умира од тоа. ГМО е уште тазе работа. Недоикажана технологија, исто како азбестот и рентгенот на времето. Сметам дека има време човештвото да потроши 200 години во тестирање на ГМО пред да се впушти во масовно користење.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #1022 на: 23 Декември 2014, 22:40:53 pm »
А бе малку сме напреднале од времето кога се произведувале рентген лаби за зрачење петици... Или од времето на ДДТ и остнати пестициди. Уствари, финтата е да не се користат отровни хемикалии за тепање гасеници, кои се штетни и за останатите организми. Од таму потекнува идејата за ГМО пченка. Да добие бенефит човештвото, без несакани последици.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #1023 на: 23 Декември 2014, 22:50:30 pm »
Мислам дека тоа е нејасно точно, да не речам неточно. Идејата за ГМО пченка секако не потекнува од желбата за зачувување на околината (тоа е само оправдување за трошоците за развој и PR гомнарии), туку од желбата за профит. Знаеме колку профит прават добротворните дејности (кои се грижат за зачувување на околината) а колку прават комерцијалните дејности.

Башка, велиш да добие бенефит човештвото. Секој бенефит има цена. Пропорцијата на цена-бенефит кај различни изуми е различен. Кај ГМО пропорцијата цена-бенефит е невозможно да се дефинира сега за сега. И едната и другата страна МОЖЕ да се многу различни. Ама прашањето е која.... Финансиската загуба е небитно мала во споредба со загубата што може да ја претрпи животната околина.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #1024 на: 23 Декември 2014, 22:59:05 pm »
Еве тука малку поопширно.
http://en.wikipedia.org/wiki/Genetically_modified_maize

Ти може слободно да го сметаш како пропаганда и ПР, но идејата е да се подобрат приносите. Секако, тој што дошол до таа идеја и што ја реализирал сака и да профитира од својата идеја и вложил во реализација. Исто како и во секој друг бизнис. Јас имам идеја, сакам да ја уновчам. Ти можеш да ја реализираш мојата идеја, сакаш тоа да го уновчиш. Без разлика дали е генетски инжињеринг или е производство на петарди.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #1025 на: 23 Декември 2014, 23:04:23 pm »
Јас имам идеја, сакам да ја уновчам. Ти можеш да ја реализираш мојата идеја, сакаш тоа да го уновчиш. Без разлика дали е генетски инжињеринг или е производство на петарди.

Така се родија злите компании како Монсанто и Скајнет.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #1026 на: 23 Декември 2014, 23:14:59 pm »
Тоа е башка поле за дискусија.  Зарем помалку зли се компаниите кои произведуваат какао? Користат деца за работна сила - без никаква (или мизерна) надокнада. Зарем помалку зли се компаниите кои произведуваат електронски уреди?
Истото го прават, експлоатираат колку што можат повеќе за поголем профит.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #1027 на: 23 Декември 2014, 23:25:15 pm »
Да, ама едниве експоатираат локално и привремено. Ќе испоумрат тие деца, други ќе дојдат. Ама овие експлоатираат глобално и предизвикуваат срања со последици по многу генерации понатаму :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #1028 на: 23 Декември 2014, 23:27:19 pm »
Од кај ова за срањата со последици за многу генерации понатаму?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #1029 на: 23 Декември 2014, 23:35:22 pm »
Епа ако земем дека ГМО семињата се штетни и небезбедни, следните поколенија наебале кога едниве семиња ќе ги заменат и уништат традиционалните и природни.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #1030 на: 23 Декември 2014, 23:59:50 pm »
Нема врска. Нема да ги заменат и уништат. Едонставно, нема да ги сакаме, зошто се со помал принос.

http://science.howstuffworks.com/life/genetic/10-misconceptions-gmos.htm#page=0

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #1031 на: 24 Декември 2014, 02:19:28 am »
Ихааа... се развила дискусија. :)

Се поставија неколку прашања на кои другпат ќе обрнам должно внимание.
Во меѓувреме се надевам дека не е игнориран делот каде објаснував што се антигени, и делот за истражувањата на почитуваниот Др. Пузтај.

Инаку, се согласувам дека треба да се има избор.  Кој сака да им ги пуни џебовите на новите тренд-бркачи што прокламираат „здрава храна“, нека брка „органски произведувани“ билки и животни за прехрана. За мене - дури не се покаже другачие - ГМО храна е сосема ОК.
Баче, потцртаното е доволно за сега. Мило ми е дека се согласуваме дека треба да имаме право на избор.

Искрено мене не ми е јасен дефетистичкиот став дека „мора ГМО, избор реално нема„. Тоа не е вистина. Ама ок, ако ти после сите укажувања и посочувања на опасностите свесно сакаш да бидеш експериментално заморче, твојот став треба да се почитува.

Да повторам добро е тоа што се согласуваме дека треба да имаме право на избор. Тоа право на избор, и означувањето на ГМО во производите ќе реши важни дилеми. Да се цитирам, пошто исклучително важно е да се разбере следново:
...ГМО да се означува на сите производи во кои ги има. Се надевам јасно ти е колку е важно да се задржи човековото право на избор.
Тоа ако се направи, за десетина години ќе научиме многу... затоа што тогаш доброволните експериментални заморчиња како филипв и васил несебично ќе го дадат својот допринос. Иако извесно е дека ќе ги има премногу за да може да им ја доделат Дарвиновата награда, тие сепак ќе направат добро дело.
Гледаш, денес сите ние сме такви испитни заморчиња и тоа е голем ќар за ГМО индустријата, пошто вака кога експериментот се одвива ВРЗ СИТЕ индустријата се вади на тоа дека никој не може дадокаже од кои причини се случува модерната епидемија од канцери, автоимуни болести, итн... Никој не може да докаже дека тоа се должи само на ефектите од исхрана со ГМО, пошто нели има и други загадувачи.

Но кажи што правиме ако по десетина години излезе дека процентуално помалку заболуваат тие што декларативно избегнуваат ГМО во исхраната?
Што правиме ако проГМО консументите почесто заболуваат... а загадувањето во земјата, водата, воздухот нели исто влијае на сите??

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #1032 на: 24 Декември 2014, 07:54:03 am »
Да, се согласуваме дека треба да има избор. Некаде прочитав, „ако сакате не-ГМО храна, преселете се во Европа“ Мислам дека беше во линкот над овој пост....

Аха, еве го: http://science.howstuffworks.com/life/genetic/10-misconceptions-gmos.htm#page=10

But unless you grow your own food, perhaps the surest way to avoid GMOs is to live in Europe. Since the late 1990s, the European Union has required labeling of food products containing GMOs, and as a result, European food retailers — fearful that the labels would drive away customers — have kept them out of their wares. As a recent Scientific American editorial notes, "It is virtually impossible to find GMOs in European supermarkets."


Ете ја и мојата грешка, јас мислев дека повеќе е застапено ГМО, ама ние, малкуте среќници од стариот континент, се`уште имаме избор. Но мислам дека во Македонија, додека увезуваме жито од Америка, месо од  Јужна америка, ориз од Кина, овошје и зеленчук од Турција, Киргистан и Еквадор итн..ќе си лапкаме необележани генетски мутанти :)

Ако твојата борба е за бележење на ГМО храната, заради правото на избор, тогаш потполно те поддржувам во тоа. Ако твојата борба е за забрана на користење на ГМО храна, тогаш не си поразличен од политичарите кои бркаат народски гласови и банираат производство на ГМО, воглавно „само затоа што народот слушнал дека е нешто штетно“.  Со тоа сами си го попречуваат равојот на сопствената држава, скратувајќи си ја можноста за био-гориво, високоприносна пченка и пченица и слични профитабилни култури.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #1033 на: 24 Декември 2014, 11:38:10 am »
Мислам дека тоа е нејасно точно, да не речам неточно. Идејата за ГМО пченка секако не потекнува од желбата за зачувување на околината (тоа е само оправдување за трошоците за развој и PR гомнарии), туку од желбата за профит. Знаеме колку профит прават добротворните дејности (кои се грижат за зачувување на околината) а колку прават комерцијалните дејности.

Ова го кажуваш како правењето профит да е лоша работа, а оние кои не прават профит да се многу добри.

GreenPeace е една од најпознатите непрофитни организации која се декларира дека е за зачувување на околината, но со своето однесување често прави повеќе штета отколку што помага.

http://elcomercio.pe/peru/pais/lineas-nasca-marcas-dejadas-greenpeace-son-irreparables-noticia-1777541

Ова е најновата, тазе глупост што ја направија активистите и за среќа „само“ споменик оштетија. Далеку пострашна е штетата што ја имаат направено на пример со противењето кон развојот на нуклеарната енергија, непотребно ширејќи страв и многу скапи бирократски процедури кои скоро целосно го запреа развојот на чиста технологија, која до сега требаше целосно да ги замени јагленот; уништувањето на „златниот“ гмо ориз во кој беше додаден витамин А, нешто што недостасува во исхраната на многу луѓе, особено на тие кои требаше да го одгледуваат. Да уништиш донирана храна, во дел од светот каде што огромна бројка на деца умира од неухранетост, само поради тоа што семињата не биле по фенг-шуи. Каков кретенизам е тоа.

Оние кои прават повеќе пари, не секогаш прават и повеќе штета. Не треба само да сакаш, треба и да знаеш како да создадеш подобар свет.

Ако твојата борба е за бележење на ГМО храната, заради правото на избор, тогаш потполно те поддржувам во тоа.

Зошто е потребно обележување на нешто кое е покажано дека е подеднакво безбедно по здравјето? Тоа е исто како да бележиш храна која е растена во јужна хемисвера затоа што некоја будала мисли дека таму молекулите се создаваат обратно. Исто како да бараш обележување на храна која е берена од Мексиканци, затоа што ги сметаш за валкана раса, иако никаде не е докажано дека храната берена со нивни раце е понездрава.

Не треба да има избор таму каде што нема докажана разлика. Тоа само создава услови за неоснована дискриминација каква што има во ЕУ во однос на ГМО. Се борите за избор, а поради вашата борба во Европска Унија не можеме да избереме да јадеме ГМО и со тоа да го поддржиме развојот на таа технологија.

И тука повторно по којзнае кој пат излегува на виделина лагата дека ЕУ е кукла која ја контролира САД, односно нејзините злобни корпорации и дека европските закони се препишани од американските. Ама не е проблем, некој тука пак ќе шири вакви лаги. Ако доволнен број пати повториш некоја лага, некој ќе почне да ти верува во лагата.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #1034 на: 24 Декември 2014, 11:48:43 am »
Кога бројот на будали ќе добие критична вредност, тогаш ќе биде потребно да се бележи и храната од јужна хемисфера. Сега за сега, таква критична бројка на будали која би била масовно гласачко тело, не се појавила.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.