Секогаш има проблем ова да се објасни на некој што не посветил доволно време за вдлабочување во тематиката. Потребно да се разберат овие работи, мене лично најмногу ме нервираат луѓе што (онака навивачко-лаички) заземаат анти-ГМО став без да ги разберат работите и потоа имаат јавни настапи. Таквите повеќе ме нервираат од про-ГМО тролчињата како Филипв и Васил, што ќе каже дека навистина многу ме нервираат.
Проблемот со таквите лаици е што прават контра-ефект.
Секој писмен и едуциран човек (а тие се најважните за градење на јавното мислење) -успева да ги прочита лаиците дека во основа не знаат за што зборуваат, и тоа доведува до сомнеж во нивната критика кон ГМО.
Таква е (на пример) Слаѓана Велков, таа можеби има добра намера ама не ги познава работите доволно и често прави спротивен ефект: луѓето почнуваат нејзината неподготвеност да ја поистоветуваат со идејата дека против ГМО нема вистински аргументи.
Од другата страна на спектрумот такви лаици се и гореспомнатите Ф и В, полни со желба за бурек јадење ама слаби со знаење. Се надевам дека со таа нивна про-ГМО лаичност и неукост, на многу неодлучни читатели ќе им помогнат критички да пристапат и подетално да се запозаат со темава... по што малтене неизбежно следува формирање на анти-ГМО став.
Е сега сето тоа погоре на страна... Тоа ти го објаснив, затоа што ми е мило што си оставаш себеси некаков неутрален став, се додека не знаеш повеќе. Но според другите работи што ги пишуваш, факт е дека ти треба повеќе знаење. Дозволи ми да ти посочам каде ти е кардиналниот недостаток во знаењето.
Јас се обидував да укажам на тоа дека
генетските модификации (како дел науката за генетиката)
не се проблемот. Дури ни имплементацијата на генетските модификации, кога зборуваме за докажано безбедните методи, не е проблем.
Проблемот е методот на генетски сплајсинг (кој неколку постови погоре накратко се обидов симплифицирано да го објаснам). Едноставно кажано се работи за метод со небезбедни резултати. Или со адвокатски јазик кажано, пораката на индустријата е дека се работи за метод со
недокажана небезбедност.
Работата е сложена и не е едноставно да се објасни. Проблемот со методот на генетски сплајсинг, е тоа што се комбинираат гени од два сосема различни организми.
Пошто пази ја разликата, и методот на генетска селекција комбинира гени на два организми, но од
ист животински вид. Соодветно на тоа резултатот од генетска селекција исто така е генетска модификација... но суптилна модификација од која произлегува организам од
истиот животински вид како и неговите прогенитори.
Методот на генетски сплајсинг, е суштински различен -тој комбинира гени од
два сосема различни организми.
Типичен пример е ГМО патлиџанот кој со цел да биде отпорен на ладно, е дизајниран со генетски сплајсинг -со инјектиран генетски материјал од некоја рипка од Северното море што е отпорна на ладно.
Фасцинантно нели? Но моментот на кој треба да се задржиме е фактот дека добиениот патлиџан е СОСЕМА НОВ ВИД НА ОРГАНИЗАМ.
Задржи го тоа „сосема нов организам„ на ум, додека се обидувам да го објаснам концептот на антигени.
Антиген, може да биде било која супстанца која во органзимот предизвикува бурна реакција на имуниот систем. Најчесто тоа се молекули од бактерија или вирус, но било кој стран молекул од нешто што е сосема ново и непознато на имуниот систем, може да предизвика таков одговор на имуниот систем. Така се случуваат автоимуните болести, но страњата не завршуваат со нив... побеснетиот имун систем прави бељи секаде каде има вакви антигени.
Сега сакам да се вратиме на она дека со методот на генетски сплајсинг се добива „сосема нов организам„. Ок?
Тој „сосема нов организам„ кога се консумира, завршува во дигестивниот тракт на консументот (јадачот). Тука, како нешто сосема ново и еволуциски невидено, може да предизвика бурен одговор на имуниот систем. Имуниот систем ја откопува „ратната секира„ и тргнува на воен поход, покрај антиген стимулансите на тие локации неселективно ги напаѓа и локалните клетки од дигестивниот систем.
Сето ова е покажано во неколку повеќе студии и истражувања, наспроти обидите на индустријата да се заташкаат работите. Едно такво истражување е тоа од институцијата на
Д-р Арапад Пузтај, кој 36 години беше на чело на водечкиот британски и ЕУ Rowett Research Institute, институт кој беше ангажиран токму од ЕУ за испитување на штетноста на ГМО. Се разбира дека биле нарачани позитивни резултати за безбедноста од истражувањето, но Д-р Арапад Пузтај одбил да ги фингира резултатите и излегол во јавност со вистината: глувците кои во истражувањето биле хранети со ГМО компири, почнале да доживуваат промени, прво во дигестивниот систем каде дебелината на стомачниот ѕид почнала да се намалува и да има хронично воспаление... Во подоцнежните фази на студијата, кај глувците хранети со ГМО компири, почнале да се јавуваат разни канцери и автоимуни болести.
Сети се сега погоре, што зборувавме за антигените. И се надевам... ќе успееш сам да ја поврзеш приказната.
Тоа што следувало по излагањето на Д-р Арапад Пузтај е очекувано.
Секако дека ГМО индустријата е финансиски (и политички) јака. Секако дека на ваквите ретки испади (кои сепак ги има се повеќе), индустријата со своите долги пипци многу брзо реагира и се обидува да ја заташка вистината на разни начини. Секако дека Д-р Арапад Пузтај е шиканиран, отпуштен од работа, и против него е поведена медиумска хајка со милион ретардирано глупи ad hominem напади на неговата личност.
Секако дека денес на нетот има безброј текстови напишани или спонзорирани од ГМО индустријата, каде се наведуваат приказни дека Д-р Арапад Пузтај е шарлатан и „теоретичар на завери„, и квази-научни „докази„ дека неговото истражување не е научно, дека намерно правел грешки, дека методот на истражување бил погрешен, милион обвинување без основа.
Дури неписмената јавност се мобилизира да врши несвесна пропаганда. Мотивирачки постерчиња и готови текстови, сето тоа спремно за да можат да го линкаат и постираат дури и неуки ботови како Филипв и Васил. (очекувај брзо потврдување на ова, кога во „алгоритмите„ ва глава ќе им удрат кивордите како „Арапад Пузтај„)
Фактите за Д-р Арапад Пузтај се јасни, барем за тие што сакаат да ги видат. Човекот има десетици и десетици научни трудови во областа и секогаш бил признаван за врвен стручњак и научник... се додека не се дрзнал да извади во јавност незгодни работи за ГМО. Вредно е да се напомне е тоа дека иако Д-р Арапад Пузтај имал сомнежи од многу порано, човекот не кажал ништо против ГМО се додека немал во раце
непобитни докази.
Еве едно реторичко прашање: Што е поздраво, секој ден да јадеш туна ловена во море, или гмо прасечко? Што ќе те убие? Едното е природно израснато во море, без никакви надворешни буцања по генетиката, а второто е измодифицирано прво со расно одгледување со текот на векови, а потоа му е бутнато и некое генче за помалку маст а повеќе месо.
Малку несоодветен пример направи.
Пошто туна не е баш најздрава храна, посебно не секојдневно да се јаде.
Проблемот со туната е што таа иако не е апекс предатор, сепак е прилично високо во ланецот на исхрана. Факт е дека во предаторите, колку се погоре во ланецот на исхрана -толку повеќе токсини (како тешки метали) се концентрираат во нив.
Затоа ако веќе зборуваме за здрава риба, јас би ја одбрал
скушата. Не е високо во ланецот на исхрана (значи во нејзе не се концентрираат многу токсини, тешки метали, итн), дива риба е (не се одгледува во рибници или рибни фарми, со антибиотици и хормони за брзо растење), и ја има во изобилство во сите мориња... што значи
достапна е и евтина е. Секако подготвена е вкусна, ама на скара е посебно добра.
Како и да е... дигресирав. Поентата е дека треба да имаш избор. Не мораш да јадеш ГМО.
Затоа се бара ГМО да се означува на сите производи во кои ги има. Се надевам јасно ти е колку е важно да се задржи човековото
право на избор.
Тоа ако се направи, за десетина години ќе научиме многу... затоа што тогаш доброволните експериментални заморчиња како филипв и васил несебично ќе го дадат својот допринос. Иако извесно е дека ќе ги има премногу за да може да им ја доделат
Дарвиновата награда, тие сепак ќе направат добро дело.
Гледаш, денес
сите ние сме такви испитни заморчиња и тоа е голем ќар за ГМО индустријата, пошто вака кога експериментот се одвива ВРЗ СИТЕ индустријата се вади на тоа дека никој не може дадокаже од кои причини се случува модерната епидемија од канцери, автоимуни болести, итн... Никој не може да докаже дека тоа се должи само на ефектите од исхрана со ГМО, пошто нели има и други загадувачи.
Но кажи што правиме ако по десетина години излезе дека процентуално помалку заболуваат тие што декларативно избегнуваат ГМО во исхраната?
Што правиме ако проГМО консументите почесто заболуваат... а загадувањето во земјата, водата, воздухот нели исто влијае на сите??
Се надевам Симо дека барем малку ти помогнав да почнеш да ги гледаш работите надвор од масовната хипноза што ни се сервира во меинстрим медиумите... Се надевам дека ќе добиеш поттик за понатамошно критичко размислување, и не само ти, туку и на било кој друг што ќе налета на темава.