http://rationalwiki.org/wiki/Red_herring
По дефиниција, Red herring би било кога кога со својата нерелавнтна забелешка би го терал читателот на погрешен заклучок. Но, бијдејќи не го терам на погрешен заклучок (напротив) - нема red herring. Искрено, не го ни гледав видеото, само набрзина го прочитав описот за да видам за што се работи, т.е. дали вреди да се гледа. Тој опис не го пишував јас, туку оној што го објавил видеото, па така ни условот за нерелевантност не е задоволен.
дежурниве какачи
Ааа браво. Сега не убеди.
тотално го испуштаат релевантниот момент со латералниот трансфер на генетски материјал.
Никој не го пропушта латералниот трансфер на гени. Само мислиме дека методот на генетско модификување е неповрзан со
безбедноста на храната: дали новиот организам е добиен со сплајсинг или со вештачко селектирање на „природна“ мутации просто нема врска со прашањето дали тој нов организам ќе биде безбеден за јадење или не.
Огромното мнозинство на на „природни“ продукти се небезбедни за јадење: не знам дали знаеш дека само околу 5% (пет проценти) од вкупната флора и фауна смее да ја јаде човек, а при тоа да не му се слоши или да умре од труење. Дали сеа треба да организираме марш против шумски јагоди или зајачко месо? Дали треба на јутјуб да ги разоткриваме злите конспирации на swisslion и зик „пелагонија“?
Искрено мислам дека џабе веземе доколку не претресеме некои основни работи во врска со еволуцијата, селекцијата на мутациите, како-кога-зашто настануваат тие мутации, нивната „случајна“ природа итн итн. Ако овие основни работи не се разбрани, никогаш нема да се разбереме.
За почеток, пробај ова да го разбереш: секогаш имаш „латерален“ инпут во генетскиот матерјал: ниту еден организам не е идеална копија на родителите. Никогаш, ама баш никогаш, информацијата не доаѓа само од вертикала. Секогаш е по малку „убрљана“ од страна. Тоа убрљување се вика „мутација“.
не за џабе се вели „ние сме тоа што го јадеме„.
Да, ама тоа не треба да го сфаќаш во тривијална смисла. Ако лапнеш кокошка нема да ти пораснат пердуви.