Автор Тема: ГМО  (Прочитано 407967 пати)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #945 на: 18 Октомври 2014, 15:10:08 pm »


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #946 на: 18 Октомври 2014, 15:54:06 pm »
не само тоа туку и секс кукла е подобра од жена според филип :D

колку да прочитаат другите: ова е замена на тези. Верувам ненамерна, но сепак замена на тези. Имено, јас не зборував ништо за погрешноста на „природно - подобро за ебење“ туку за погрешноста на „природно - побезбедно за јадење“

За жал, слично на мнозинството читатели, Кими не успеа да ја дофати суптилната разлика меѓу „добро за ебење“ и „безбедно за јадење“, па - несакајќи - ги поистовети. Со тоа ненамерно изврши груба замена на тези која, како и сите други замени на тези, неминовно резултираше со неточна глупост: дека „според филип секс кукла е подобра од жена“.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Во врска со ова сличе имам 2 забелешки:

1. „натурализам“ како генерален светоглед и „апил ту нејчр“ како аргумент не се подразбираат меѓусебно. Тоа се различни нешта. Некој може да биде натуралист, но аргументите да му бидат валидни. Од друга страна, некој може да биде анти-натуралист, па да се служи со повикување на природа тогаш кога него ќе му прдне (најчесто при хомофобните, расистичките и антивакцина-антигмо, овие биле природни оние биле вештачки нации и слуични испади на слаба писменост)

2. Стартната точка на секое резонирање секогаш е некаква аксиома која не се докажува и која anchored to nothing at all.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #947 на: 18 Октомври 2014, 16:49:33 pm »
б) „Природното е добро“ е аксиома? Не.

Значењето на зборот „природното“ можеме да го земеме како аксиома, за да можеме се согласиме за што правиме муабет, за да нема забуни како под а). Исто така треба да ни бидат дефинирани и значењата на зборовите „е“ и „добро“, како и редоследот на зборовите во реченицата, ако веќе сме решиле да цепидлачиме.

Аксиомата не смее да биде сложена работа или став, тоа е веќе догма или нешто слично.

пр. Не се докажува што е права и точка (аксиоми), но може да се покаже дали некоја права минува низ точката О.

Тврдењето дека множеството прави x=y+2b, не минува низ точката со x,y координати 0,0, е погрешно и виси во воздух, затоа што проблемот е преупростен, и се обидува да даде заеднички одговор за бесконечен број на прашања, од кои дел се точни, а дел се неточни.

Тука соговорникот ја игнорира правата x=y каде што b=0, исто како што поклониците на "appeal to nature" ги игнорираат случаите каде што природното е полошо за нас.

За да го закачиме ставот на нешто цврсто треба да го дефинираме b, или во случајот со природното, да дефинираме за кое природно решение тврдиме дека е подобро од која човечки креирана алтернатива.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #948 на: 18 Октомври 2014, 17:09:45 pm »
б) „Природното е добро“ е аксиома? Не.

За тие што ја вршат логичката грешка „повикување на природа“ - да, аксиома е. И баш тоа им е грешката: го зимаат како селф евидент аксиома, а не е воопшто селф евидент. Ставот „природно е подобро“ е нешто што треба допрва да се утврди, а не да се земе без проверка, здраво-за-готово, како точно, само затоа што така не учеле како мали, а башка и интуитивно ни се чини како точно и природно (pun intended)

Значењето на зборот „природното“ можеме да го земеме како аксиома, за да можеме се согласиме за што правиме муабет, за да нема забуни како под а). Исто така треба да ни бидат дефинирани и значењата на зборовите „е“ и „добро“,

Околку значењето на сите зборови кои ги користиме, секогаш мораме да се согласиме, без оглед како и зашто ќе ги користиме. Аксиома ор ноу аксиоме, мора сите термини да ги дефинираме доколку постои сомнеж дека еден ист збор за еден збор значи едно а за другиот нешто друго.

како и редоследот на зборовите во реченицата, ако веќе сме решиле да цепидлачиме.

Ова не сум сигурен што значи. Сигурно дека редоследот на зборовите во реченицата е круцијален, па не разбирам зашто е цепидлачење.

Аксиомата не смее да биде сложена работа или став, тоа е веќе догма или нешто слично.

Хм.. ова не ќе да е баш точно. Воопшто не мора да биде прост став. Се што треба една аксиома да биде е да биде евидентна премиса, без оглед дали сложена или проста. Повеќето аксиоми се сложени ставови, најчесто од типот кондициони искази. На пример, петтиот постулат на Евклид е се само не едноставен исказ:

„кога права се сече со две други прави и при тоа формира внатрешни агли од една нејзина страна, кои заедно изнесуваат помалку од два прави агли, тогаш ако тие две прави ги продолжиме до бесконечност треба да се пресечат од страната во која лежат аглите чиј збри е помал од два прави агли.“

Прилично сложено, но сепак аксиома.

За да го закачиме ставот на нешто цврсто треба да го дефинираме b, или во случајот со природното, да дефинираме за кое природно решение тврдиме дека е подобро од која човечки креирана алтернатива.

Точно, и при самиот процес на дефинирање ќе видиме дека не можеме да тврдиме дека е подобро од која било човечки креирана алтернатива. Нема правило. Некогаш е вака некогаш е така. Нема differentia specifica. Затоа „повикување на природа“ е невалиден аргумент кој не треба да се користи, т.е. со него не носиме правилни заклучоци.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #949 на: 18 Октомври 2014, 17:12:32 pm »
„кога права се сече со две други прави и при тоа формира внатрешни агли од една нејзина страна, кои заедно изнесуваат помалку од два прави агли, тогаш ако тие две прави ги продолжиме до бесконечност треба да се пресечат од страната во која лежат аглите чиј збри е помал од два прави агли.“

Прилично сложено, но сепак аксиома.

Тое ќе да е некоја теорема. Си ги побркал работите.

Не е ништо страшно. Поентата ми беше: сликата што ја ставив е во ред.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #950 на: 18 Октомври 2014, 17:16:15 pm »
„кога права се сече со две други прави и при тоа формира внатрешни агли од една нејзина страна, кои заедно изнесуваат помалку од два прави агли, тогаш ако тие две прави ги продолжиме до бесконечност треба да се пресечат од страната во која лежат аглите чиј збри е помал од два прави агли.“

Прилично сложено, но сепак аксиома.

Тое ќе да е некоја теорема. Си ги побркал работите

Не, аксиома е. Еден од евклидовите постулати:

http://en.wikipedia.org/wiki/Parallel_postulate

"In geometry, the parallel postulate, also called Euclid's fifth postulate because it is the fifth postulate in Euclid's Elements, is a distinctive axiom in Euclidean geometry."

Maлце се зезнати за формало „сфаќање“ аксиомите, поради тоа што некако граничат меѓу формалниот и неформалниот домен. Јас лично се борев неколку години дур да сфатам ко шо треба што е аксиома во строго формална смисла, што е финтата. Имавме на факултет цела низа наставни единици само за тоа, мислам дека пола семестар потрошивме у втора година на тоа. Види, во статијава никаде не се спомнува дека аксиомата требала да биде кратка, едноставна или што било слично:

http://en.wikipedia.org/wiki/Axiom

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #951 на: 18 Октомври 2014, 17:30:40 pm »
Цитат: geckoblaze48
I prefer not to eat GMO foods so we should have a choice.I say ban it all together. Now I have to buy certified organic food to avoid this crap.

Цитат: Nikolai Breckenridge
I prefer not to eat tomatoes picked by black people. I really think we need to have the government mandate a "picker race" label so I know which tomatoes to avoid. Just give me the choice

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #952 на: 18 Октомври 2014, 18:33:24 pm »

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2746
  • Слобода или смрт
Одг: ГМО
« Одговори #953 на: 18 Октомври 2014, 19:01:08 pm »
„кога права се сече со две други прави и при тоа формира внатрешни агли од една нејзина страна, кои заедно изнесуваат помалку од два прави агли, тогаш ако тие две прави ги продолжиме до бесконечност треба да се пресечат од страната во која лежат аглите чиј збри е помал од два прави агли.“

Прилично сложено, но сепак аксиома.

Тое ќе да е некоја теорема. Си ги побркал работите

Не, аксиома е. Еден од евклидовите постулати:

http://en.wikipedia.org/wiki/Parallel_postulate

"In geometry, the parallel postulate, also called Euclid's fifth postulate because it is the fifth postulate in Euclid's Elements, is a distinctive axiom in Euclidean geometry."

Maлце се зезнати за формало „сфаќање“ аксиомите, поради тоа што некако граничат меѓу формалниот и неформалниот домен. Јас лично се борев неколку години дур да сфатам ко шо треба што е аксиома во строго формална смисла, што е финтата. Имавме на факултет цела низа наставни единици само за тоа, мислам дека пола семестар потрошивме у втора година на тоа. Види, во статијава никаде не се спомнува дека аксиомата требала да биде кратка, едноставна или што било слично:

http://en.wikipedia.org/wiki/Axiom


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #954 на: 18 Октомври 2014, 19:11:39 pm »
2. Копи-пејстај некој според тебе валиден доказ дека гмо е у принцип по штетно/ризично од негмо

Доказот е многу едноставен. Исхраната на организмите (да речеме луѓето) еволуирала заедно со самите луѓе. Бидејќи луѓето се природни, еволуирани да се хранат со природно, нормално е да се заклучи дека природната храна е здрава за нив. Неприродната храна, ГМО според тоа е ризична за исхрана на сите природни живи суштества.

Зошто не велам штетно туку ризично? Затоа што не знаеме дали е штетно. Премногу малку време е поминато за да се најде директен доказ дека е штетно. Но секако е ризично и тоа е апсолутно точно.

На пример: во некој град живее филип. Ама во истиот град живее и васил. Јас ако сакам да го убијам филип (директна цел) а не сакам да го барам низ цел град (зошто така ќе има многу трошоци) можам решам да фрлам нуклеарка врз градот со што сигурно ќе го убијам филип. За да не го убијам васил јас ќе му јавам на телефон тој ден да не излегува надвор а ќе јавам и на други луѓе во градот. Фрлам нуклеарка, филип веќе го нема (сум решил тоа што сум намерувал) и васил со останатите излегуваат од дома и си бркаат работа. После 20 години васил фаќа рак. Тогаш се прашува од каде, како, зошто. Затоа што ефектите од нуклеарката (радијацијата) не биле тестирани од аспект на долготрајна изложеност 20 години подоцна немаме поима зошто васил и другите луѓе фатиле рак. Тогаш ќе бараме десетици други причини а потенцијалната/сигурната причина ја занемаруваме пошто нели, ете 20 години поминале од тогаш и никому не му било ништо значи не е до тоа.

И тогаш ќе излезе некој гениј, ќе направи анализа, ќе дојде до заклучок дека причината е радијацијата. Меѓутоа нема да смее да гукне. Зошто? Затоа што јас директно сум го убил филип, индиректно сум го убил и васил и стотици други луѓе. Бар во мојот животен век не би сакал да одам во затвор па пошто сум убил стотици, зошто не уште еден, кој може со своите информации да ме смести во затвор поради мојата одговорност.

И тогаш, после 20 години, некој учен како Филип ќе си ја треска главата во ѕид и ќе си рече: леле кретен што направив. тогаш бев бескрајно тврдоглав, се глупирав по форуми, се глупирав со разни линкови, терав инает, бев пинокио на оние кои ги оставав да тераат бизнис, каков ташак сум бил. Е арно ама сега нема назад. Природните сорти се заменети со ГМО кои предизвикуваат рак на долг рок. Сега нашите деца се болни и неспособни, немаат доволно долг животен век за да успеат да најдат решение на проблемот. Стварно заебана ситуација кои денес ја креираат оние кои немаат памет, потпомогнати од оние кои исто така немаат памет а веруваат во некои „научни“ објаснувања како за нешто за кое ДЕНЕС нема докази дека е штетно е сосем безбедно, дури и побезбедно од она што нас не сторило in the first place.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #955 на: 18 Октомври 2014, 19:29:09 pm »
Природните сорти се заменети со ГМО кои предизвикуваат рак на долг рок. Сега нашите деца се болни и неспособни, немаат доволно долг животен век за да успеат да најдат решение на проблемот. Стварно заебана ситуација кои денес ја креираат оние кои немаат памет, потпомогнати од оние кои исто така немаат памет а веруваат во некои „научни“ објаснувања како за нешто за кое ДЕНЕС нема докази дека е штетно е сосем безбедно, дури и побезбедно од она што нас не сторило in the first place.

Зошто не претпоставиш дека тоа што не створило, претпоставувам мислиш на храната што ја јадеме, онаа притодната, е главната причина зошто денес заболуваме од рак, сипаници, жолтица, полио и разни други болести? Не е докажано сеуште, но тоа не значи дека еден ден науката нема да го докаже. И што сме направиле тогаш, сме ги напуштиле методите кои можеле да ни донесат поздрава храна и непотребно долго сме останале да живееме со болести предизвикани од нездравата традиционална храна.

Ист е принципот. Кога завземаш став без докази, со истото право, некој друг може да го завземе спротивниот став исто така без докази. Тоа не води никаде, исто како и муабетот која религија е вистинската.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ГМО
« Одговори #956 на: 18 Октомври 2014, 19:32:15 pm »
Разликата е тоа што природното е тестирано веќе 2 милијарди години. ГМО е тестирано 20 години. Што е докажано поевќе? Првото или второто?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #957 на: 18 Октомври 2014, 19:37:21 pm »
„Природното“ се менува. Тоа што го јадеш денес, не е истото што се јадело пред 100 години, сортата еволуира. Затоа бананата што се јаде денес не е како таа од пред 20 илјади години.

Пред еден месец најдоа страшен баг во bash, воведен пред 25 години, што во поглед на старост на софтвер е цела вечност. bash се користи долго време, но тоа не значи дека е побезбеден од некое ново парче софтвер, напишано од подобри професионалци со сите нови знаења и техники кои ги имаме акумулирано во минативе две децении.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: ГМО
« Одговори #958 на: 18 Октомври 2014, 19:39:29 pm »
Сега нашите деца се болни и неспособни, немаат доволно долг животен век за да успеат да најдат решение на проблемот.

Чекај, чекај, чекај. Ручна.

Животниот век не е значително зголемен во изминативе 100 години?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #959 на: 18 Октомври 2014, 19:40:34 pm »
„Природното“ се менува. Тоа што го јадеш денес, не е истото што се јадело пред 100 години, сортата еволуира. Затоа бананата што се јаде денес не е како таа од пред 20 илјади години.

Пред еден месец најдоа страшен баг во bash, воведен пред 25 години, што во поглед на старост на софтвер е цела вечност. bash се користи долго време, но тоа не значи дека е побезбеден од некое ново парче софтвер, напишано од подобри професионалци со сите нови знаења и техники кои ги имаме акумулирано во минативе две децении.
Две студентки, за вечера решиле да пржат виршли. Едната студентка ги земала виршлите и почнала да им отсекува по едно парче од краевите и да ги става во тавчето.
Другата зачудено ја прашала:
= Зошто им ги сечеш краевите?
– Не знам, ама мајка ми секогаш така ги прави.
За викенд девојката си отишла дома и ја прашува мајка си:
– Мамо, зошто секогаш ги отсекуваш краевите кога пржиш виршли?
= Не знам, баба ти секогаш така ги прави…
Девојката се јавува кај баба и за да ја праша.
= Не знам точно, семејна традиција е. Мајка ми секогаш така ги правеше, рекла бабата.
Девојката отишла да ја посети својата прабаба во дом и конечно да ја открие оваа кулинарска тајна.
– Бабо, зошто на виршлите пред пржење им се отсекуваат краевите?
= Аман бре луѓе, уште ли немате купено поголема тава?!