се што е вештачко од една страна може да биде корисно, но воедно и штетно-од друга страна.
Се што е природно од една страна може да биде корисно, но воедно и штетно-од друга страна.
Нема differentia specifica.
Не можам да се сложам со тоа.
Пробај вака: не знам дали си знаел, ама само околу 5% од флората и фауната кои постојат во природата се безбедни да ги јаде човек. Од 95% од природните продукти ако ги јадеш ќе ти биде лошо, ќе се отруеш, а можеби и ќе умреш. Или воопшто немаат хранливи материи кои може да ги искористи човек па ако ги јадеш ќе умреш од глад.
Ај сеа види колкав е соодветниот процент меѓу „вештачките“ работи кои можеш да ги јадеш.
Пази и ова: во рамките на тие 5% природни ствари кои се безбедни - не значи и дека можеш да ги јадеш колкуи сакаш и како сакаш без гајле. Компир, на пример, спаѓа во тие 5%, но мораш да го процесираш (свариш, печеш, пржиш) иначе и тој е отровен. Јајце од дива кокошка исто спаѓа во тие 5%, ама ако претераш со јадење ќе качиш холестерол и ќе умреш млад од инфаркт.
Со други зборови, прашањето што е „здраво“ а што не е даааалеку, далеку над простата наивна замислена дихотомија „природно“ и „вештачко“. Тие две поделби просто се ирелевантни. „Природно/вештачко“ НЕМА БЛАГЕ ВЕЗЕ со „здраво/нездраво“.
И не мора само за храна да збориме: гумена топка на надувавање е крајно вештачка, па е безбедна да пливаш во плитка вода со неа. Од друга страна, гладна бела ајкула е крајно природна, па е тотално небезбедна да пливаш со неа во плитка вода.
Уште еднаш АЛО ДАЛИ ИМАМЕ КОНТАКТ „Природно/вештачко“ НЕМА БЛАГЕ ВЕЗЕ со „здраво/нездраво“.