б) „Природното е добро“ е аксиома? Не.
За тие што ја вршат логичката грешка „повикување на природа“ - да, аксиома е. И баш тоа им е грешката: го зимаат како селф евидент аксиома, а не е воопшто селф евидент. Ставот „природно е подобро“ е нешто што треба допрва да се утврди, а не да се земе без проверка, здраво-за-готово, како точно, само затоа што така не учеле како мали, а башка и интуитивно ни се чини како точно и природно (pun intended)
Значењето на зборот „природното“ можеме да го земеме како аксиома, за да можеме се согласиме за што правиме муабет, за да нема забуни како под а). Исто така треба да ни бидат дефинирани и значењата на зборовите „е“ и „добро“,
Околку значењето на сите зборови кои ги користиме,
секогаш мораме да се согласиме, без оглед како и зашто ќе ги користиме. Аксиома ор ноу аксиоме, мора сите термини да ги дефинираме доколку постои сомнеж дека еден ист збор за еден збор значи едно а за другиот нешто друго.
како и редоследот на зборовите во реченицата, ако веќе сме решиле да цепидлачиме.
Ова не сум сигурен што значи. Сигурно дека редоследот на зборовите во реченицата е круцијален, па не разбирам зашто е цепидлачење.
Аксиомата не смее да биде сложена работа или став, тоа е веќе догма или нешто слично.
Хм.. ова не ќе да е баш точно. Воопшто не мора да биде прост став. Се што треба една аксиома да биде е да биде евидентна премиса, без оглед дали сложена или проста. Повеќето аксиоми се сложени ставови, најчесто од типот кондициони искази. На пример, петтиот постулат на Евклид е се само не едноставен исказ:
„кога права се сече со две други прави и при тоа формира внатрешни агли од една нејзина страна, кои заедно изнесуваат помалку од два прави агли, тогаш ако тие две прави ги продолжиме до бесконечност треба да се пресечат од страната во која лежат аглите чиј збри е помал од два прави агли.“
Прилично сложено, но сепак аксиома.
За да го закачиме ставот на нешто цврсто треба да го дефинираме b, или во случајот со природното, да дефинираме за кое природно решение тврдиме дека е подобро од која човечки креирана алтернатива.
Точно, и при самиот процес на дефинирање ќе видиме дека не можеме да тврдиме дека е подобро од која било човечки креирана алтернатива. Нема правило. Некогаш е вака некогаш е така. Нема differentia specifica. Затоа „повикување на природа“ е невалиден аргумент кој не треба да се користи, т.е. со него не носиме правилни заклучоци.