Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408324 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: ГМО
« Одговори #720 на: 13 Јуни 2014, 17:11:11 pm »
И објасни ни на сите нас, зашто и после одстранување на таквите грешни клетки повторно многу често има повторно рецидиви од таквите клетки..

Зата што ракот се шири. Тоа се вика метастазирање. Метастазите не се секогаш видливи. Затоа, ракот се вади хируршки (доколку е тоа можно, не е секогаш) и после сите се надеваат дека се ќе биде во ред, иако не е гаранција.

Па нели со операција скроз се одстрануваат таквите клетки..

Во некои случаи - да. Ако ракот се открие во рана фаза и ако е „згодно“ наместен, тогаш може да се отстранат сите клетки. Но, најчесто не е можно да се отстранат сите, па затоа освен операцијата после доаѓа хемотерапија и зрачење (да се дотепаат евентуално останатите клетки на рак).

Да не има некаква друга причина што доаѓа до тоа? Можеби и храната влијае? Што мислиш?

Сигурно дека влијае. Неумерената исхрана го зголемува ризикот од рак - храната која нема да се свари целосно се претвара во слободни радикали кои се врзуваат со се и сешто и создаваат секакви продукти, меѓу кои и канцерогени. Особено често јадење мрсно - мрсното создава многу слободни радикали во телото.



Епа објасни ми зашто таквото метастазирање е многу почесто сега, споредено со порано?

Исто објасни ми и зашто е зачестено тоа што и покрај тоталното чистење на канцерогените клетки откриени во рана фаза, се почесто повторо доаѓа до рецидиви иако таквите клетки биле тотално исчистени. Исто и ова е многу позачестено од порано.

А тоа со мрсното.. Порано не јаделе мрсно?  И исто по твојава теорија, дали вегани и вегетеријанци не заболуваат од РАК пошто не јадат мрсно воопшто?

Еве, ако некој јаде исклучиво зеленчук и овошје и не јаде месо.. Нема да заболи од РАК никогаш? Или под мрсно подразбираш и мрсното од јадење Бадеми?

И исто објасни ми зашто и кај вегетаријанците е позачестена појавата на РАК споредено со порано?


Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: ГМО
« Одговори #721 на: 13 Јуни 2014, 17:32:15 pm »
Знаев дека ќе добијам одговор од овој тип, ама еве ти конкретно прашање.. Те молам ако има некаква граматичка грешка игнорирај ја, сконцентрирај се на суштината од прашањето. А тоа е:

Зашто сега во денешнината веќе РАКот не е типична старачка болест споредена со минатото, туку се  е почеста и кај младите?


p.s. Би било добро од кога ќе напишеш пост, да не го едитираш едно 100 пати туку ако имаш нешто ново, пиши го во нова порака. Бидејќи од кога ќе го прочитам постот, ретко се враќам да проверам дали можеби си едитирал и да го читам повторно од почеток со нова суштина.







Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #722 на: 13 Јуни 2014, 18:44:49 pm »
Научен консензус е мислење околу кое се согласуваат речиси сите стручњаци во дадена област (не политичари, не новинари, не глумци и глумици!), а се согласуваат затоа што 1. мноштвото истражувања одат во прилог на мислењето и 2. затоа што сите обиди да се побие таканаречена нулта хипотеза (знаеш што е тоа?) биле неуспешни. Тоа е мислење во кое нема научни причини да се сомневаме.

Премногу пишуваш од т.н. „философски„ аспект. Поточно, си поставуваш контекст кој само ти го гледаш, и потоа дебатираш сам со себе за тој контекст.

Научен консензус не може да има за осетлива тема која е од витално значење за структурата на моќ која ги управува САД и поголемиот дел од светот. Сите тие кои треба искрено да се искажат, во некаков облик зависат од тие против кои треба да зборуваат. Тие малкуте што ќе проговорат, се лично и персонално нападнати од аспект и на личниот и на професионалниот углед. Треба примери?
Доказите за се што зборувам се тука, ама се игнорираат со вешто и длабоко вкоренет маркетинг.
Peer reviewd научни студии?
Конкретни докази и искуства?
Сето тоа е тука и на тацна е изложено, ама нема кој да се „замара„ да го причита и да го разбере. Сите се зафатени со милионите разни преокупации кои ни се поттураат како поинтересна алтернатива на реалноста и вистината. За некој (како мене) тоа може да биде играње на онлајн ММОРПГ игри како WoW, за друг тоа се турските (и секакви) серии, или „социјалните мрежи„ или фармите во Фармвил на „паметните„ телефони, падови, таблети и разни геџети со кои ние луѓето се „занимаваме„ додека животот проаѓа пред нашите (ширум затворени) очи.


И инаку навистина си очајно лош соговорник. Кој сака да се малтретира со некој што воопшто не слуша (или чита) што му кажуваш.
Токму нултата хипотеза ја употребив за докажување на тоа што го зборувам цело време.
После се чудиш зошто не сакам да дебатирам со тебе.

Ах, нултата хипотеза... Зошто па да не, малку ментална гимнастика пред спиење.
ОК, ајде малку наука тогаш.
Еве и со peer-reviewed (волшебниот збор за некои) студии ќе ги поткрепувам излагањава... Останете со мене, тие што сте писмени и не страдате од АДД


Хипотеза: ГМ сојата е нутритивно и содржински иста како и не-ГМ сојата
Нулта хипотеза: ГМ сојата никако НЕ Е нутритивно и содржински иста како и природната не-ГМ соја


Во peer-reviewed студијата од Thomas Bøhn koja ја линкам подолу, јасно е побиена горната хипотеза и покажано е дека ГМ сојата никако НЕ Е нутритивно и содржински иста како и природната не-ГМ соја. Накратко извадок од студијата:
Цитат
The researchers looked at chemical composition of the soy samples including composition of protein, fat and sugar content, as well as individual amino acids, vitamins, fatty acids and elements. Organic soy samples show significant differences from both GM and conventional non-GM soybean samples, with higher and lower levels of protein and saturated fats respectively, plus significant differences in levels of total as well as individual levels of amino acids, vitamins, and minerals. A further statistical multivariate analysis of the compositional results found without exception that each individual soybean sample could be discriminated statistically into their respective agricultural background, even excluding the data on glyphosate/AMPA levels. The organic soybean was nutritionally superior to both conventionally grown non-GM soybean and GM soybean.
Студијата во ПДФ:
http://d3n8a8pro7vhmx.cloudfront.net/yesmaam/pages/680/attachments/original/1393210381/Compositional_differences_in_soybeans_on_the_market-_glyphosate_accumulates_in_Roundup_Ready_GM_soybeans__(1).pdf?1393210381




Понатаму исто за сојата:
Хипотеза: Хербицидот Roundup e одличен затоа што бргу се разложува после употребата и никако не се акумулира во ГМ сојата.
Нулта хипотеза: Индустријата лаже дека хербицидот Roundup не се акумулира во ГМ сојата после употребата на истиот.


Во погоре спомната peer-reviewed студија од Thomas Bøhn, со резултатите од тестирањата јасно е покажано дека во ГМ сојата се најдени значителни траги од хербицидот Roundup. Релевантен извадок од студијата:
Цитат
GM and non-GM soybeans not substantially equivalent

A more recent study led by Thomas Bøhn at the Norwegian Centre for Biosafety [9] tested 31 batches of whole soybeans from Iowa, US in three categories: 1) GM glyphosate-tolerant soy; 2) unmodified soy cultivated using conventional “chemical” regime and 3) unmodified organically cultivated soy. The three groups were analysed for chemical contamination (organochlorine, organophosphorus, pyrethroides, PCBs, glyphosate and AMPA (aminomethylphosponic acid - the major degradation product of glyphosate) based on the list of pesticide brand names used by the farmers) as well as nutritional content.               
Testing pesticide levels is important as substantial equivalence assessments for GM glyphosate-tolerant soy were not previously done with herbicide residue in the crop despite common knowledge that glyphosate is actually taken into the plant, and also alters the metabolism and biochemistry, and hence the chemical composition of crops. Any assessment of its equivalence is obviously irrelevant when glyphosate is not included.

The results couldn’t be clearer. As shown in Figure 1, glyphosate and AMPA were only present in GM soy samples and not at all in conventional non-GM and organic varieties. In the GM-soy samples, the concentration of AMPA (mean concentration = 5.74 mg/kg) was on average nearly twice as high as glyphosate (3.26 mg/kg).  Other herbicides were detected: Fluazifop-P a selective phenoxy herbicide, was found at a concentration of 0.078 mg/kg in one of the GM-soy samples, malathion was found at a concentration of 0.02 mg/kg in one of the conventional soy samples and Dieldrin was found at a concentration of 0.002 mg/kg in one of the organic soy samples. No other residues were detected. Additional testing for pesticide residues in pooled samples of GM, conventional and organic soybeans showed trace-levels of Alpha-endosulfane, Trans-nonachlor and Trans-chlordane, all close to the detection limit of 0.05 µg/kg and in all soy types. Dieldrin was also found in very low levels with 0.51, 0.45 and 0.6 µg/kg in GM, conventional and organic soybeans, respectively.




Ајде уште една последна, трета за среќа.
Хипотеза: ГМ пченката е нутритивно и содржински иста како и не-ГМ пченка
Нулта хипотеза: ГМ пченката никако НЕ Е нутритивно и содржински иста како и не-ГМ пченка


Професорот El-Sayed Shaltout од Универзитетот во Александрија направил испитувања од кои јасно се гледа дека споредбено ГМ пченката и не-ГМ пченката, никако не се содржински исти. Еве извадок од публикацијата со испитувањата:
Цитат
Studies in Egypt showed substantial non-equivalence and toxicity for GM corn

In April 2013, an Egyptian publication led by Professor El-Sayed Shaltout at Alexandria University found that Monsanto’s 810 Corn (Ajeeb-YG®), modified to express the insecticidal Bt Cry1Ab gene, has increased total protein, crude fat, crude fibre & total saccharides and decreased starch content compared with non-GM Ajeeb corn. Abnormal levels of certain amino acids, fatty acids and elements were also recorded [6]. These compositional differences only gave the merest hint of the toxicity of the GM corn revealed in previous male rat feeding studies conducted by the same team documenting a wide range of organ and tissue abnormalities [7, 8]. Liver cells displayed vacuolation and fatty degeneration. The kidneys had congested blood vessels and dilation of renal tubules. The testes showed signs of necrosis and desquamation of spermatogoneal germ cells lining the seminiferous tubules. The spleens were congested with slight lymphocytic depletion. The small intestines showed hyperplasia and hyperactivation of mucous secretory glands, with necrosis of intestinal villi. Most certainly, the GM corn was not substantially equivalent to non-GM corn.

Извор за податоците:
http://au.alexu.edu.eg/English/Research/Pages/Alexandria-University-Press/Saba-basha-Magazine.aspx
http://www.i-sis.org.uk/Substantial_Non-Equivalence.php



Треба ли уште нултата хипотеза примери?
Науката како и мечот има две оштрици, иако во основа е само алатка која можеш да ја искористиш (ако знаеш како) но сепак пази да не се исечеш самиот себе.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #723 на: 13 Јуни 2014, 19:39:13 pm »
Ван, кога во науката треба да посочиш врска меѓу А и Б, нултата хипотеза е дека нема врска, па таа хипотеза треба да се побие. Во нашиов случак А=јадење гмо храна и Б=болест. Значи, нултата хипотеза е дека „безбедноста на храната е неповрзана со тоа дали е гмо или не“. Таа хипотеза треба да се покаже како неточна за да кажеме „гмо е штетно“. И, верувај, и тоа како е пробувано да се докаже таа врска. Неуспешно.

Ова е важно: нултата хипотеза не може да биде „меѓу А и Б има врска“ како што предлагаш ти, затоа што така веднаш упаѓаме во чајникот на Расел, што во формалната се вика „инверзија на товарот на докажување“.

Значи, да повторам бидејќи е важно, суштински: нултата хипотеза секогаш претпоставува ОТСУСТВО на каузална врска, која врска треба да се докаже со тоа што ќе се побие нултата хипотеза. Не може да се докаже непостоење на некаква врска бидејќи секоја индукција е непотполна, но може да се докаже постоење. Оттаму и идејата со нултата хипотеза, токму за да си избегнат вакви будалаштини - поврзување на неповрзани работи.

Ги гледам сите што си ги пожолтел, не иде тоа така со нултата хипотеза, не си разбрал до крај. Не може да биде нулта хипотеза ниту „сојата е иста ко X“ ниту „сојата не е иста со X“. Нултата хипотеза служи само кога треба да се утврди дали или нема врска меѓу две нешта, а не да се поткрепи кое било арбитрарнно тврдење.

Што се однесува до линковите: Ван, тоа што таму некоја гм соја испаднала дека има помалце хранливи состојки од некоја друга негмо соја не значи дека гмо сојата е штетна и дека се добива рак, ниту пак занчи дека секоја гмо храна е помалку нутритивна од секоја негмо храна. Тоа е произволна генерализација. Тоа е исто ко да се откажеле луѓето од дизајнирање на мотори со внатрешно согорување само затоа што првите мотори биле послаби од коњ. А Хербицидите се акумулираат и во гмо и во негмо растенија, така да се нерелевантни за муабетот.

Знаев дека ќе добијам одговор од овој тип, ама еве ти конкретно прашање.. Те молам ако има некаква граматичка грешка

Toa не е граматичка, туку суштинска грешка, грешка која се објаснува не со правопис туку со венов дијаграм.

Зашто сега во денешнината веќе РАКот не е типична старачка болест споредена со минатото, туку се  е почеста и кај младите?

1. Ракот Е типична старечка болест. Тоа што се разболуваат И деца не ја прави помалку типична за старци. Ако не ми веруваш, прашај ги хирурзите „Дали ракот е типична старечка болест?“ и види што ќе ти одговорат.
2. Ракот НЕ Е се почест кај младите. Го има, но не повеќе од порано. Бројот на заболени деца од рак е мање-више непроменет во последниве неколку децении. Ти пратив lmgtfy, не го виде?

Но, дури и да е почест меѓу младите, сигурно не е заради гмо.

p.s. Би било добро од кога ќе напишеш пост, да не го едитираш едно 100 пати туку ако имаш нешто ново, пиши го во нова порака. Бидејќи од кога ќе го прочитам постот, ретко се враќам да проверам дали можеби си едитирал и да го читам повторно од почеток со нова суштина.

Тогаш не брзај со одговорите. Секогаш наоѓам грешки во тоа што сум го пишал и поправам, башка има и правило да не се даблпостира кое гледам да го почитувам. Sorry.
« Последно менување: 13 Јуни 2014, 19:55:25 pm filipv »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #724 на: 13 Јуни 2014, 20:12:42 pm »

Философските заврзлами како чајникот на Расел, илити „инверзија на товарот на докажување“ е токму она што ГМО индустријата го практикува одамна. „ГМО не е штетно се додека експлицитно не се докаже дека е штетно!„  ;)
Поведен по нивниот P&R истото го правиш и ти, и многу други.

Што е тоа освен токму „инверзија на товарот на докажување“.
И сето тоа во исто време додека се блатантно се игнорираат сите барања и обиди (како тие на Руската Федерација) да се воведе меѓунардно тело, и меѓународно прифатени методи за испитување и за контрола на безбедноста од ГМО.
Поведен по нивниот P&R истото го правиш и ти, и многу други.

Блатантно игнорирање на фактите и доказите.
Кога ќе се појави студија каде се укажува на разликите помеѓу ГМО и неГМО пченка, тогаш тоа не било показател за ништо конкретно.
Кога друга студија ќе укаже (и докаже) дека таквата ГМО храна ги менува ѕидовите на дигестивниот систем кај тие што ја консумираат, и на подолго време иницира рак на различни органи... тогаш пак се бара некоја рачка, од видот: студијата опфатила стотици примероци, а демек требало илјадници примероци да се опфатат со испитувањата.

Некогаш кога ќе се направат и такви испитувања со илјадници примероци, демагозите ќе излезат со тврдење дека илјадници примероци не се доволни туку требаат МИЛИОНИ примероци. И така натаму, безочно лажње до недоглед се додека не се соберат доволно разбудени луѓе до точка на критична маса.


П.С. Се приклонувам и јас во согледувањето, дека често додаваш или менуваш текстот откако друг ќе реплицира после тебе. Не сме форумска полиција па да апсиме за правопис.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: ГМО
« Одговори #725 на: 13 Јуни 2014, 20:15:58 pm »
То су некад били хиљаде и хиљаде примера, а сад су веч милионе, а терамо кон милијарде и милијарде примера.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #726 на: 13 Јуни 2014, 20:25:31 pm »
Философските заврзлами како чајникот на Расел, илити „инверзија на товарот на докажување“ е токму она што ГМО индустријата го практикува одамна. „ГМО не е штетно се додека експлицитно не се докаже дека е штетно!„  ;)
Поведен по нивниот P&R истото го правиш и ти, и многу други.\

Тие „филозофски заврзлами“ се она на кое што почива севкупната наука, друже. Ако тоа не го прифаќаш - џабе веземе.

И сето тоа во исто време додека се блатантно се игнорираат сите барања и обиди (како тие на Руската Федерација) да се воведе меѓунардно тело, и меѓународно прифатени методи за испитување и за контрола на безбедноста од ГМО.

Тие обиди треба да се игнорираат бидејќи се мотивирани од политика и/или незнаење, а не од наука и разум и се потенцијално штетни. Системи за контрола на храната има и се едни те исти без оглед дали е гмо или не. Тоа што некои бараат (макар била тоа и руската влада) посебни критериуми за гмо храна, различни од оние за другата храна е во суштина глупаво. Тоа нема благе везе со наука, туку само со неука параноја.

Блатантно игнорирање на фактите и доказите.
Кога ќе се појави студија каде се укажува на разликите помеѓу ГМО и неГМО пченка, тогаш тоа не било показател за ништо конкретно.

Немој сега и ти ко крелл. Не реков дека не е показател за ништо конкретно, туку дека не е показател дека гмо храната е штетна. Ти рече дека имало докази дека гмо е штетно, а приложуваш докази дека некоја гмо соја имала помалку хранливи состојки од друга, не-гмо соја. Тоа не е доказ дека гмо е штетно. Тоа е доказ дека сојата X е различна од сојата Y и толку.

Кога друга студија ќе укаже (и докаже) дека таквата ГМО храна ги менува ѕидовите на дигестивниот систем кај тие што ја консумираат, и на подолго време иницира рак на различни органи...

Која е таа студија? Дај да ја видиме. Убо пушти линкови за нутрициентите, дај да видиме и за рак таков линк.

П.С. Се приклонувам и јас во согледувањето, дека често додаваш или менуваш текстот откако друг ќе реплицира после тебе. Не сме форумска полиција па да апсиме за правопис.

Не знам што ви е проблемот, не менувам ништо суштински. Дали инсинуираш дека ги менувам постовите како реакција на она што ќе одговори некој? И после ја сум барал `рчка...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #727 на: 13 Јуни 2014, 21:00:27 pm »
Клетките кои се делат имаат извесни грешки при репликацијата. Тие грешки се острануваат со соодветен механизам за отстранување кој е скоро совршен. Во телото на животните постојат над 30 трилиони клетки во кои може да настанат грешки. И настануваат. И се поправаат. Но, некоја од тие грешки ќе биде таков вид на грешка која ќе предизвика прекин на на нормалната работа на клетката, и насочување на сите ресурси во клетката кон нејзино размножување и непотребна делба. Тоа народски се нарекува „рак“.

Има место во еквадор каде никој не заболел од рак, а и од малку други работи. Е сега тие се џуџиња и им недостасува IGF1. Малку IGF1, малку рак. Многу IGF1, многу рак.

Со видео:

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #728 на: 13 Јуни 2014, 21:19:54 pm »
И сето тоа во исто време додека се блатантно се игнорираат сите барања и обиди (како тие на Руската Федерација) да се воведе меѓунардно тело, и меѓународно прифатени методи за испитување и за контрола на безбедноста од ГМО.

Не знам зошто не го бараш истово и за сертифицирање на органските производи. Секоја корумпирана влада си прави свој стандард за тоа што е органска храна и кои пестициди се одобрени и забранети за користење.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #729 на: 13 Јуни 2014, 21:53:50 pm »

Апсолутно, за органските производи исто така се потребни меѓународни стандарди за сертификацијата на производството и накнадни испитувања. Од каде заклучи дека сум против тоа?

ГМО го гледам како многу поголем проблем. ГМО ни подметнуваат без и да воопшто се посомневаме дека го има во некој производ. Од друга страна органските производи ги купуваме по сопствен избор (кој на жалост опфаќа треба да опфаќа и свесност дека стандардите за сертификација се неадекватни).

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #730 на: 13 Јуни 2014, 22:00:45 pm »
А пестицидите во органската храна не ти ги подметнуваат? Тие свесно ги купуваш без да се посомневаш? Што е тоа што го јадеш во што не се сомневаш? Дали сам си одгледуваш храна и од каде ги наоѓаш семињата? Зошто не се сомневаш во семињата кои ги купуваш? Кој ги сертифицира тие семиња и дали тие сертификати се мегународно прифатени?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #731 на: 13 Јуни 2014, 22:36:06 pm »
ГМО ни подметнуваат без и да воопшто се посомневаме дека го има во некој производ. Од друга страна органските производи ги купуваме по сопствен избор (кој на жалост опфаќа треба да опфаќа и свесност дека стандардите за сертификација се неадекватни).

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: ГМО
« Одговори #732 на: 13 Јуни 2014, 22:42:05 pm »

Тогаш не брзај со одговорите. Секогаш наоѓам грешки во тоа што сум го пишал и поправам, башка има и правило да не се даблпостира кое гледам да го почитувам. Sorry.


За другово стварно ме мрзи да се натегам со тебе и да ти реплицирам. Доволно јасно ти пишав, а ме мрзи да го тупам за типично и бла бла бла.. Сериозно.. Ме мрзи..И ми нема поента. Никаква..Пиши ако сакаш назад, ама нема ни да прочитам, пошто ме мрзи да ти реплицирам :) Ферски си кажувам :)

А за ова со реплицирањево да не сум брзал, ако сакаш може и да се допишуваме по пошта.. Тамам така ќе имаш доволно време да изедитираш дури да дојдеш до финална верзија.. Јас би рекол не брзај ти со пишувањето.. Направи една draft верзија, па кога ќе си сигурен постирај.. А ова што мењаш постови и тоа во суштина  и после реплицирање на некого да си здрав и жив.. Само биди свесен дека воопшто не ги читам постовите повторно од кога ќе прочитам (и кога реплицирам на нив на веќе прочитаното). Мислам дека и другите така прават, ама ако мислиш да не брзаме за ти да можеш натенане да изедитираш (бар пиши дека ти е финална верзија, да не ти текне пак да едитираш), сериозно ако сакаат другите да почнеме да се допишуваме со писма..

Инаку ова твоево однесување во поглед на 100 пати едитирање е увидено во патерни на корисници и се учи при дизајнирање на кориснички интерфејси во апликации, како дел од проучување на типови карактери.

И се вика:

"Changes in Mindstream

“Се предомислив во врска со тоа што го правев."
 Повремено, луѓето се предомислуваат за работа што
ја извршуваат во тек на нејзиното извршување"

Пошто те занима психологија, можеш ова да го изучиш детално бидејќи баш спаѓаш во тој шаблон на корисници.

Ова што ти го пуштив е инаку од предмет "Интерактивни Апликации", и тоа прва лекција, и збори за психолошко утврдените шаблони на однесување на разни корисници. Ова однесување е едно од утврдените. Можам да ти пратам ПДФ и со другите типови на шаблонски однесувања кај корисници само ако те интересира јасно :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #733 на: 13 Јуни 2014, 22:51:43 pm »
А ова што мењаш постови и тоа во суштина  и после реплицирање на некого да си здрав и жив..

Глупости.

Својот нарушен кредибилитет најдобро ќе го одбраниш ако се согласиш да ги тестираме твоите тврдења на која било тема. Но, со неосновани обвинувања (за кои во маалскиот свет следат драконски казни!) и ad hominem напади само дополнително се закопуваш. Немој.

Ако имаш нешто за гмо да дискутираме - бујрун. Ако не ти се свиѓа моето исправање на грешки во постовите - пријави ме на модераторот или предложи да се исклучи таа опција. Вака искача дека немаш за што друго да се фатиш, па сеа ти смета што си поправам несуштинските печатни грешки во постовите или ги дополнувам за да избегнам даблпостинг. Уште еднаш да те потсетам дека даблпостинг е забранет. Можеш и за тоа да се побуниш во соодветната тема.

Инаку, да, и други ми пререкле за едитирање на постовите. Што мислиш, што имаат заедничко тие неколку (дватројца) кои ми замериле за тоа?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #734 на: 13 Јуни 2014, 23:02:32 pm »
@Van

Не ми е гајле што ти бираш и дали сакаш да ти пишува „organic“ на храната. Не беше тоа прашањето. Кој ти подметнува ГМО? Во Европа се жигосуваат прехрамбените производи кои содржат повеќе од 1% ГМО.

Бараш некои стандарди кои ги нема никаде и истите ги поставуваш како услов за безбедност за тоа што не ти се поклопува со идеологијата.