Ja, ако алудираш на мене, во последниот пост не демантирав ништо. Не ни видов што пишува унутра, може и точно си пишувало. Само се испрдев кредибилитетот на изворот, независно од темата. motherearthnews е познат и одамна е во црниот тефтер. И да не беше за гмо, и да беше за шмо, мојот коментар ќе беше ист. И да е точно и да е неточно тоа што пишува унутра - сеедно: најлошо е кога се измешани вистина и невистина, објективност и тенденциозност, чесно и нечесно, учено и недоучено. Таа смеса треба просто да се избегнува.
А не да се линка како аргумент во дебатата. Тоа најмалце.
Кога немаш јасен критериум што од тоа што ќе го чуеш/прочиташ е точно, а што лајна, тогаш имаш системски проблем кој задира подалеку од просто заење или незнаење. Еден куп совршено интелигентни и учени луѓе, како во мојата околина така и пошироко, и тоа како ги купуват овие глупи теории на заговор, точно затоа што не се вешти во разликувањето на кредибилни од некредибилни извори. А confirmation bias-от, после тоа, лесно и уверливо ќе си ја заврши својат аработа и - ете ти - интелигентен, бистар и искусен човек, а сепак верник во секакви конспиративни глупости. Таа појава мене лично ми го крши срцето и ме тера понекогаш да си речам „е све си ибало мајката кога овие паметните како ван или фаланга отишле у теории на загово... наместо тие да бидат први во борбата со празноверијата и псевдонауката - они пропагираат“
Најголема општествена штета не прават љутите и гласни конспиративни забеганковци. Најголемата штета ја прават образованите и паметните, ама кои ги мрзи или не сакаат (и тоа може!) да домислат до крај, па преќутно се согласуваат со овие првиве. Така им е најлесно да го објаснат светот во кој што има некој друг кој е поодговорен за нивната благосостојба од нив самите.
Имањето јасен критериум „ова можеби е точно и го заслужува моето понатамошно внуимание“ наспроти „ова не може да е точно и е говна од коњ и мрш“ е нешто што треба да го има секој маж и увек да го носи со себе. Пошто иначе ќе почнат да те запрашуваат од авион, да те зрачат со хаарп, вакцините да почнат да те заразуваат со аутизам, да ти се појават ванземаљци у розвел, мирка и миленко да почнат да знаат што зборуваат, а од гмо пченка да фатиш рак (освен ако не јадеш сурова храна и ако не си јарец у хороскоп, тогаш не те фаќа рак)
За жал, како насекаде во светов, така и на форумов гледам многу јаки ставови, ама покрепени со предрасуди, гнев и незнаење. Тоа никогаш не е добар критериум за што било, а не па за тоа што ќе прифатиш како вистина или не.