@FilipV Добар?
eиии остај друже
не мрем биливат
Филип, Филип, Филип... ти немаш право да поставуваш вакви прашања,
ахааа, значи затоа ли моите директни и конкретни прашања остануваат неодговорени? А баш се чудев. Ете што била работата -
сум немал право да прашувам. А јас, будала ко што сум, за момент помислив дека сум поставувал незгодни прашања кои ќе укажат на проблемите во аргументацијата кај соговорникот и дека затоа нема одговор. Будала. Пошто, пази, прашувам кратко и директно прашање „кажи една книга која си прочитал“ и цврц, ништо. Таман си реков „ете, не ми дава наслов пошто не прочитал ниту една кинга, цврц!“, кога оно - сум немал право да прашувам. Океј важи. Еее ван, ван...
Прво, и многу важно, обрати внимание дека зборуваш за едноклеточни организми.
лол не, не зборувам за едноклеточни организми. Вирусите воопшто не се организми (знаеш, така?) но се вектори за латерален трансфер на гени. Возила за генетски матерјал.
Според тебе, во природата секојдневно природно и спонтатно се случува мешање меѓу видовите, и тоа со „природно општење„ а не со човечки изведен генетски сплајсинг и директна рекомбинација на ДНК. Тоа го напиша погоре.
Да. Дали нешто ќе се изроди од тоа е друго прашање (се случува понекогаш) но дека се случува - апсолутно.
Практично, според тебе нели, во природата секојдневно се случува сексуално општење меѓу... еве на пример: патлиџан и риба?
Еволуцијата трае многу, многу долго време. Во сите тие милијарди години се измешало се и сешто. Дали конкретно некој ген на риба залутал у некој патлиџан или обратно - не знам. Не е ни битно. Битно е што 1. хоризонталниот трансфер на гени се случува цело време, 2. дека тоа мешање е рандом и 3. дека за да се изроди нешто конкретно од тоа е потребно многу време (од чисто статистички причини). Како што кажал дарвин, природата е способна за се, само ако и се остави доволно време. Вирус може да пренесе генетски матерјал од еден на друг еукариотски организам кои - инаку - не би имале никаков генетски контакт. Тие врски е многу тешко еднозначно да се утврдат (највеќе заради непрекинатото мутирање), но за некои организми знаеме, како оваа бубачкава и бактеријата. Читај:
http://en.wikipedia.org/wiki/Horizontal_gene_transfer_in_evolutionhttp://en.wikipedia.org/wiki/Horizontal_gene_transfer#EukaryotesСо ГМО ние луѓето сакаме намерно да правиме вакви комбинации со надеж дека ќе ни искочи нешто корисно. Вметнување на некој хромозом од риба у патлиџан не значи дека патлиџанот ќе му пораснат шкрги (тоа е наивно гледање), туку дека некои точно одредени особини ги сакаме кај патлиџанот. Пробуваме и гледаме што ќе искочи. Најчесто утка, но понекогаш ќе се угоде (генетскиот инженеринг не е „готвење по рецепт“, повеќе е “trial and error“)
Наместо да ја чекаме природата милијарди години по пат на случајно лутање на гените да го направи тоа што го сакаме - ние го забрзуваме процесот со тоа што многу го намалуваме рандом лутањето: со вектори го гаѓаме патлиџанот наместо да чекаме цела вечност некој рандом вирус да долета со рандом генетско информацииче од рандом риба. Нешто ко сточарство кога ги тераш овците у трло, само што наместо овци имаме гени.
(инаку ова е навистина направен генетски инжинеринг од ГМО индустријата)
Тоа би требало да изгледа овака некако?
Упс, рибава „влезе„ со погрешен дел од телото... или можеби се работи за предигра?
[/quote]
Не, воопшто не е вака. Ова е наивна мисконцепција која многу повеќе раскажува за незнањењто на авторот отколку за генетскиот инженеринг.
Вака не пишува
во ниту една книга за генетика на светов. Затоа пак ќе те прашам што си читал.
Во еден претходен пост рече дека тие ко мене уствари биле најлоши, наместо да ќутат шират наоколу незнаење. Видиш, јас
потполно истото го чувствувам кога некој со ококорени очи панично ќе кринкне „абе како мешање патлиџан и риба, алоо, се слушате ли што зборувате, луди ли сте?!“.
Дури и преносната поената на таа споредба ти нема смисла. Научните дебати за безбедноста на ГМО се далеку од било каков компромис за меѓународни и општоприфатени методи и стандарди на истражувањата, и тоа никако не можеш да го споредиш со хемијата која е одамна етаблирана наука.
Такви меѓународни и општоприфатени методи не постојат затоа што на ГМО мафијата не и требаат, напротив. Таа мафија директно ги менува законите и стандардите внатре во одделните држави кои се директна контрола на САД (и со тоа под контрола на тие што управуваат и со САД).
Јас зборувам за генетскиот инженеринг. Појма немам ниту ме занима кој контролирал и управувал што. Вистина е дека безбедноста на ГМО е контроверзна тема,
но не во научните кругови. Во научните кругови контроверза нема. Има само борба со неуките политичари и лаиците кои ги гласаат да им се објасни дека ГМО не е франкенштајн филм од патлиџанот да искочат очи и перки. Генетски инженеринг во комерцијалното производство на храна има повеќе децении. Но дури денес, под напливот на разни блогови, naturalnews и слични глупосто - глупости достапни на секого заради интернет - се појавија разни гмо-рак, хаарп промена на клима, антивакцина, органска храна и слични глупости.
Како и да е, да резимирам: никаде во природата немаш мешање на гените меѓу толку различни организми како компир и бактерија, или меѓу патлиџан и риба...
Има, има. Кој ти рекол дека нема? Во која книга пишува дека нема? Во никоја, и затоа си сумњив кога викаш „сум читал книги“. Ем не кажуваш што си читал, ем изнесуваш категорички изјави кои не ги пишва во ниту една книга. Протеин си е протеин. АТП си е АТП. И во винска мушичка и во син кит, и во човек и во модрозелена алга. Сигурно во природата спонтано настанале (така сакал богот Рандом) милијарди уште по бизарни комбинации од патлиџан и риба. Само што не ги знаеме - тие процеси спонтано траат тешки милиони години низ кои се акумулираат многу мутации. Затоа ние луѓето со нашата технологија тој процес ќе го насочиме по наша желба и ќе го убрзаме. Така со све праиме откако знаеме за алати и оган.
Колку и да се забавни ваквите теоретски муабети, поважни се практичните реални резултати. Кај растенијата реално е покажана една извесна разлика меѓу оригиналот и ГМ рекомбинантот: значајно намалени количини на есенцијални амино-киселини.
Еми арно де? Како и секоја технологија, и оваа постепено ќе ја подобруваме. Не знам каков е овој аргумент. Нешто не искочило ко што сме сакале? Големо чудо. Утре ќе ни искочи ко шо треба. За све е така. Знаеш колку неуспешни лансирања на ракети имало се дур не сме го испратиле првиот сателит. Таман работа ако почетните неуспеси ни се аргумент дека идејата комплет не чини. Ако не успее од прва, ќе успее од трета, четврта, четириилјадита. Тоа е наука - жива материја која се развива непрестано. Ти од прва скаш све да биде ко што е замислено. Не може и тоа е нормално и очекувано.
Претходно само ќе те потсетам на една голема мисла од Сократ: „Мудрост е да знаеш колку не знаеш„.
Така е.
Kaко и да е, еве го Карлин, чие мислење на (твоја) жалост извесно е дијаметрално спротивно на твоите ставови:
Така само ти се чини пошто не си доволно упатен во генетиката и генетскиот инженеринг.
Молим те кажи некоја книга што си ја читал изгорев од љубопитност.