@FilipM на добар пат си чим критички размислуваш.
Не му верувај на никој. Не и верувај на владата, не и верувај на индустријата, не ми верувај мене и не му верувај на никој тука или било каде... се додека не ги научиш фактите и не си создадеш свој сопствен став.
Од друга страна, добри работи ти кажаа и тие со кои јас имам спротиставени ставови на оваа тема.
Ете ти спомнаа како секоја наука или иновација некогаш била на зародиш, како што сега на почеток е ГМО аспектот на генетскиот инжинеринг. Ти посочија паралела со авијацијата, која исто така некогаш почнала со скромните летови на браќата Рајт, а денес е секојдневие и важен, корисен и интегрален дел од денешното човештво.
Тоа што не ти кажаа е дека во тие рани денови, па до денес, безбројни жртви ја платиле цената на усовршувањето на безбедноста на авионскиот сообраќај. Самите изумители браќата Рајт, имале неколку несреќи и падови. Уште нешто што не ти кажаа, е дека од авијацијата сите имаме корист, а од ГМО храната најмногу корист има профитот на ГМО индустријата. Всушност со методите со кои таа индустрија ги манипулира и поробува (буквално) фармерите, повеќе го заслужува називот ГМО мафија.
Како и да е, назад на авијацијата... како некогаш авијацијата така денес и ГМО храната, сега е сеуште е непознаница од
безбедносен аспект, и е експеримент врз сите луѓе. Што е најважно, тогаш браќата Рајт, сами експериментирале
врз себе. Но газдите на ГМО индустријата денес, тие експериментираат врз други луѓе,
врз нас.
Наш ризик, за нивни профит. Не се дозволува ни да се етикетираат ГМО производите. Ние овците не треба да знаеме што јадеме, не дај боже да се дрзнеш да не земеш од рафтот на продавницата ГМО производ.
Не е вистина тоа што ти кажуваат дека ние тука јадеме многу ГМО храна. Ќе бидеш релативно на страна од ГМО храната се додека седиш на страна од увозна храна, посебно од пченка и соја (репката не е толку опасна, зошто во исхраната се користат деривати во вид на шеќер и масло). Исто во последно време проблем е патлиџанот и паметно е да се купува јабучар или од другите стари видови (стануваат се поскапи пошто слабо се нудат).
И не ги слушај кога ти велат, тоа што газдата на стадото од сите овци одбрал 2-3 пара овци за размножување, дека е истата работа со лабораториски генетски сплајсинг каде гени од риба ставаат во патлиџан. Двете постапки во основа и двете се генетска модификација, но постапките се различни и уште поважно: безбедноста од резултатите е различна.
Не е исто, и овој имењаков твој знае дека не е исто... ама инаетот му е голем.